Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јануари 2009

2009-1-7


23.01.2009 | Оглас за одобрување и промена на линии на возни редови во општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица за 2009 година.
Заинтересираните превозници барањата ги доставуваат до општина Струмица-Сектор за урбанизам и комунални работи, препорачано по пошта или со потврден прием во архивата на општината со назнака “Пријава по...

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 8 од  Законот за превоз во патниот сообраќај (“Службен весник на РМ” број 68/04 и 127/06 година,а согласно член 7 од Одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица”број 10/07 година,Градоначалникот на општина Струмица објавува

О Г Л А С

за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови во
општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето
на општина Струмица за 2009 година:


Р.Б.

Број и име на линијата

Траса на линијата

1.

1.Струмица – Добрејци

Струмица – Добрејци

2.

2.Струмица – Просениково

Струмица – Просениково

3.

3.Струмица – Габрово

Струмица-Дабиле-Муртино –
Банско – Габрово

4.

4.Струмица – Свидовица

Струмица – Куклиш - Свидовица

5.

5.Струмица – Костурино

Струмица – Костурино

6.

6.Струмица – Рич

Струмица – Раборци – Попчево –
Белотино – Рич

7.

7.Струмица - Вељуса

Струмица – Баница – Водоча – Вељуса

8.

8.Струмица – Гр.Балдовци

Струмица – Гр. Балдовци

9.

9.Добрејци – Струмица

Добрејци – Струмица

10.

10.Просениково- Струмица

Просениково – Струмица

11.

11.Габрово- Струмица

Габрово – Банско – Муртино – Дабиле
- Струмица

12.

12.Свидовица – Струмица

Свидовица – Куклиш - Струмица

13.

13.Костурино – Струмица

Костурино – Струмица

14.

14.Рич- Струмица

Рич - Белотино – Попчево – Раборци –
Струмица

15.

15.Вељуса – Струмица

Вељуса – Водоча – Баница – Струмица

16.

16.Гр. Балдовци – Струмица

Гр. Балдовци – Струмица

17.

17.Струмица – Муртино

Струмица – Сачево - Муртино

18.

18.Муртино – Струмица

Муртино – Сачево - Струмица

ОГЛАСОТ ТРАЕ 30 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО.

Заинтересираните превозници барањата ги доставуваат до општина Струмица-Сектор за урбанизам и комунални работи ,препорачано по пошта или со потврден прием во архивата на општината со назнака “Пријава по оглас за одобрување на возни редови (општински превоз)”.
Барањето за одобрување на возниот ред ги содржи следните податоци:полн назив,седиште и адреса на превозникот,матичен и даночен број на превозникот,вид на превозот за кој се бара одобрување на возниот ред и истото треба да биде потпишано и заверено од законскиот застапник на превозникот.
Кон барањето за одобрување или за промена на возните редови превозникот  е должен да ги приложи следните документи:
-копие од лиценцата за вршење на општински линиски превоз на патници за подрачјето на општина Струмица,
-список на возила регистрирани на име на фирмата согласно регистрацијата од Централниот регистер,
-Фотокопија од сообраќајните дозволи за секое возило одделно,односно фотокопија од Договорот за лизинг и од сообраќајната дозвола заверени на нотар за возилата што ги користи по договор за лизинг од овластен дистрибутер,
-потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз на патници,
-список на вработени возачи во редовен работен однос со фотокопија од обрасците М1 и М2,
-потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за платени придонеси не постари од три месеци за секој возач пооделно,
-предлог на возен ред на линијата изготвен на пропишан образец,
-потврда од надлежен суд дека не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот,стопанството или безбедноста на сообраќајот не постара од 60 дена.
Постапката за одобрување или за промена на возните редови ја спроведува Комисија формирана од градоначалникот на општина Струмица.
Заинтересираните превозници обрасците на барањата за одобрување или за промена на возните редови можат да ги добијат во просториите на Секторот за урбанизам и комунални работи  на општина Струмица.
Доколку во рокот предвиден во огласот не бидат поднесени барања за некои линии кои се предвидени со огласот,за истите линии заинтересираните превозници можат да достават барања за одобрување или за промена на возни редови и после истекот на рокот од 30 дена доколку ги исполнуваат предвидените услови.

 

ОПШТИНА СТРУМИЦА
Г р а д о н а ч а л н и к
Зоран Заев

Б.Г.

2009-1-6


23.01.2009 | Седумдесет и деветта седница на Советот на Општина Струмица.
Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа седумдесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица за 30.01.2009год. (петок) во 11.00 часот.
Дневниот ред за 79 седница може да го превземете

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ седумдесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица за ден 30.01.2009 год.(петок). Седумдесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записниците од седумдесет и седмата и седумдесет и осмата седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина  Струмица за 2009 година
  2. Предлог- Одлука   за утврдување на  максималниот број на возила  со кој може да се врши  авто-такси превозот на патници во Општина Струмица;
  3. Предлог- Одлука   за утврдување на највисоката тарифа во вршење на услугите во авто-такси превозот на патници во Општина Струмица;
  4. Предлог- Одлука   за изменување на Одлуката за утврдување на бојата на возилата за  вршење на авто-такси превозот на патници во Општина Струмица;
  5. Предлог-Програма  за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  за 2009 година, со финансиски план за реализирање;
  6. Предлог - Програма за дополнување на Годишната програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2009 година;
  7. Предлог – Заклучок за утврдување на Нацрт-  урбанистички план  - вон населено место – Водоча   локалитет  место викано „Тилци“.
  8. Програма за работа на Локалната установа – Библиотека  „Благој Јанков Мучето” – Струмица за 2009 година;
  9. Програма за работа на Општинската  установа – Дом за деца и млади   „Благој Мучето” – Струмица за 2009 година; и
  10. Извештај за состојбата  на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот  на патиштата на територијата на општина Струмица за периодот од 01.07 до 31.12.2008 година.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Зоран Ристов

2009-1-5


21.01.2009 |Заврши 15–от Новогодишно–Божиќен турнир во мал фудбал “Струмица 2008/2009”.
Екипата на Фауна е победник на Новогодишно Божиќниот турнир Струмица 2008/2009, откако во финалето ја совлада екипата на Еленица Страиште. Новогодишно Божиќниот турнир во мал фудбал кој е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица оваа година...

Екипата на Фауна е победник на Новогодишно Божиќниот турнир Струмица 2008/2009, откако во финалето ја совлада екипата на Еленица Страиште. Новогодишно Божиќниот турнир во мал фудбал кој е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица оваа година беше со награден фонд со износ од 220.000 денари.

СЕНИОРИ

1 Место  - ФАУНА
2 Место – ЕЛЕНИЦА СТРАИШТЕ
3 Место – БИСТРО СТАКЛАРА КРИСТАЛ
4 Место – БАРАКУДА ТРОКАДЕРО

Најдобар голман – Столе Димовски (Еленица Страиште)
Најдобар стрелец – Жан Костадинов (Баракуда Трокадеро)
Најдобар играч – Илија Нестороски (Фауна)

КАДЕТИ

1 Место  - ЕЛЕНИ ХРИДАМ
2 Место – МЕГА ФОТО ТРАЈЧЕ
3 Место – БЕЛАСИЦА ФИЛ-КАС
4 Место – МЛАДИ НАДЕЖИ

Најдобар голман – Даниел Шаренковски (Млади Надежи)
Најдобар стрелец – Дарко Петров (Елени Хридам)
Најдобар играч – Предраг Савески (Беласица Фил-кас)

ПИОНЕРИ

1 Место – Дизни Мече – Струмица
2 Место – Ватони Транс – Дрвош
3 Место – Менувачница Даскал
4 Место – Начевски Повер Трејд

Најдобар Голман – Томе Василев
Најдобар Стрелец – Димитар Ѓоргиев
Најдобар Играч – Горги Стоилов













2009-1-4


12.01.2009 | СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА.
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл. весник на РМ” број 51/05 и член 39 од Статутот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” број 5/06) – пречистен текст, Градоначалникот на општина Струмица, донесе ...

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА.

soopstenie12.01.09.pdf
[превземи]


Р е ш е н и е за организирање на јавна анкета по Нацрт - Деталниот урбанистички план за Блок бр.33-2 во град Струмица

resenieanketa_2009_01.pdf
[превземи]


Р е ш е н и е за организирање на јавна презентација по Нацрт - Деталниот урбанистички план за Блок бр.33-2 во град Струмица
resenieprezentacija_2009_01.pdf
[превземи]



Р е ш е н и е за организирање на јавна анкета по Нацрт - Деталниот урбанистички план за Блок бр.14 во град Струмица

resenieanketa_2009_02.pdf
[превземи]


Р е ш е н и е за организирање на јавна презентација по Нацрт - Деталниот урбанистички план за Блок бр.14 во град Струмица
resenieprezentacija_2009_02.pdf
[превземи]



Р е ш е н и е за организирање на јавна анкета по Нацрт - Деталниот урбанистички план за Блок бр.3-А урбана единица 1 во град Струмица

resenieanketa_2009_03.pdf
[превземи]


Р е ш е н и е за организирање на јавна презентација по Нацрт - Деталниот урбанистички план за Блок бр.3-А урбана единица 1 во град Струмица
resenieprezentacija_2009_03.pdf
[превземи]



Р е ш е н и е за организирање на јавна анкета по Нацрт - Деталниот урбанистички план за дел од Блок бр.4 урбана единица 1 во град Струмица

resenieanketa_2009_04.pdf
[превземи]


Р е ш е н и е за организирање на јавна презентација по Нацрт - Деталниот урбанистички план за дел од Блок бр.4 урбана единица 1 во град Струмица
resenieprezentacija_2009_04.pdf
[превземи]


2009-1-3


08.01.2009 | РЕАКЦИЈА НА ОБВИНУВАЊАТА ОД ОК-ВМРО ДПМНЕ ЗА НАВОДНИОТ ХАОС ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА ПО ПРВИТЕ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ. Струмичката Локална самоуправа реагира на соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ околу наводниот хаос кој се создал во нашава општина по обилните снежни врнежи во првите денови во Новата година...

 

Почитувани граѓани на Општина Струмица

Струмичката Локална самоуправа реагира на соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ околу наводниот хаос кој се создал во нашава општина по обилните снежни врнежи во првите денови во Новата година.
Се разбира таков измислен хаос можеа да видат само луѓето со хаос во нивните глави, очигледно во функција на следните локални избори.
Најверојатно овие луѓе ги фатило слепило од убавината на градот па како и секогаш така и сега имаат погрешна диоптрија  во гледањето на нештата.
Сите тие, но и граѓаните од општина Струмица треба да ја знаат вистината. А таа вели дека Секторот за урбанизам и комунални работи, преку Одделението за комунални работи, согласно програмата за работа, веднаш по првите снежни врнежи, превзеде мерки за чистење на улиците и локалните патишта, заради што веднаш во погон беше вклучена комплетната механизација од зимската служба на ЈПКД „Комуналец“ како и поголем број нивни работници. Како резултат на таквиот ангажман исчистени се 30 км улици во градот и локалните патишта до Просениково, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Муртино, Банско, Габрово и Куклиш, а по барање на општина Василево исчистен е и локалниот пат до Пиперево што е надвор од општина Стумица.
Дополнително, на наша интервенција до “Македонија пат” е исчистен и патот до Раборци, Попчево и Рич. Само како споредба нека послужи фактот дека, кога со општината раководеа градоначалници од ВМРО ДПМНЕ годишната набавка на сол беше 20 тони, а сега само за 5 дена се потрошени 36 тони сол.
Граѓаните се сведоци дека во изминативе денови сообраќајот во градот  никогаш не се одвивал со толкав интензитет во снежни услови, во споредба со многу години наназад. Тие паметат дека во времето кога ВМРО ДПМНЕ ја водеше општината  сообраќајот наликуваше на оној од 19 век  а граѓаните се движеа по козји патеки.
Се разбира ефектот од ангажманот на Општината и ЈПКД Комуналец во чистењето на снегот ќе беше поголем доколку СВР Струмица адекватно го регулираше  сообраќајот и ги отстрануваше паркираните возила во центаралното градско подрачје, кои ги попречуваа нормалните активности  за чистење.
Ете тоа е вистината, а што се однесува до лажните обвинувања, коментарот би бил  „ВМРО ДПМНЕ и се е можно“.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈПКД КОМУНАЛЕЦ СТРУМИЦА

ОПШТИНА СТРУМИЦА

 

2009-1-2


01.01.2009 | Избрани најдобрите спортисти на Општина Струмица за 2008 година. На 26.12.2008 година (петок), во ресторанот Студио ИН, во организација на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица беа избрани најдобрите спортисти на Општина Струмица за изминатата 2008 година.

 

На 26.12.2008 година (петок), во ресторанот Студио ИН, во организација на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица беа избрани најдобрите спортисти на Општина Струмица за изминатата 2008 година. Најдобрите спортисти на Општина Струмица за 2008 година беа избрани од гласовите на спортските новинари и тренерите на спортски клубови.

Најдобра младинска екипа

  1. ОК СТРУМИЦА (кадети)
  2. ФК БЕЛАСИЦА (младинци)
  3. КК МИЛЕНИУМ (кадети)

Најдобар млад спортист

  1. Ѓорги Ѓоргиев (Ок Џио Струмица)
  2. Ѓорги Танушев (Фк Беласица Младинци)
  3. Ристо Николов (ОК Џио Струмица)
  4. Павлинка Димитриева (ОК Македонија Макс)

Најдобар тренер во младинска категорија

  1. Златко Зетов (КК Милениум Кадети)
  2. Васко Ѓорѓовски (Фк Беласица Младинци)
  3. Кире Јанков (ОК Џио Струмица 2)

Најдобар Тренер

  1. Кире Ричлиев (ОК Македонија Џио)
  2. Зоран Јанков (ОК Македонија Макс)
  3. Наќе Ѓузелов (СРД Трофеј)

Јубилеј

  • 10 години СРД Трофеј
  • 15 години кунг-фу кик бокс клуб Струмица
  • 85 години ФК Тиверија
  • Интернационалци:
    НАЈПЕРСПЕКТИВЕН ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ
    НИКОЛА ЃОРГИЕВ – ОК РАДНИЧКИ КРАГУЕВАЦ (ОДБОЈКА)

    НАЈ ДОНАТОР ВО СПОРТОТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗА 2008 ГОДИНА
    ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ – КК ОЛИМПИЈА ЉУБЉАНА (КОШАРКА)

    НАЈДОБАР ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ЗА 2008 ГОДИНА
    ГОРАН ПАНДЕВ – ЛАЦИО (ФУДБАЛ)

    Најдобра Екипа

    1. ОК Македонија Џио
    2. КК Струмица
    3. ОК Македонија Макс

    Најдобар спортист

    1. Билјана Серафимовска (АССК Но Лимитс)
    2. Ѓорги Трендафилов (АК Струмица)
    3. Васко Георгиев (ФК Беласица)















    Страница 1 од 2

    © 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544