Вести - Февруари 2009
2009-2-7 PDF Печати


18.02.2009 | Работна конференција на локалниот совет за превенција.
Во Домот на АРМ во Струмица, на 18 февруари 2009 година, се одржа работна конференција на Локалниот совет за превенција на општина Струмица. Работната средба ја отвори г-динот Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица. На почетокот од конференцијата, тој ги поздрави присутните членови на локалниот совет за превенција, претставниците од ОБСЕ,...

Во Домот на АРМ во Струмица, на 18 февруари 2009 година, се одржа работна конференција на Локалниот совет за превенција на општина Струмица.
Работната средба ја отвори г-динот Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица. На почетокот од конференцијата, тој ги поздрави присутните членови на локалниот совет за превенција, претставниците од ОБСЕ, претставникот од Циви Пол, претставниците од МВР-Скопје и останатите присутни. Во воведниот дел, на присутните им се обратија градоначалникот на општина Струмица, г-динот Зоран Заев и началникот на СВР-Струмица, г-динот Марјан Наковски.
Градоначалникот на општина Струмица се осврна на активностите од изминатиот период, ја потврди поддршката на општина Струмица во областа на превенцијата и ја најави темата за слободни и фер демократски избори, при што истакна дека Струмица спаѓа во местата каде изборниот процес се одвива во нормални услови и дека во наредниот период мора да се докаже дека Струмица е одличен пример за тоа.
По втората точка од дневниот ред, г-ѓа  Наталија Дрозд – заменик амбасадор на мисијата на ОБСЕ, зборуваше на тема : „Слободни и фер демократски избори„.
Потоа, од страна на началникот на одделението за превенција при СВР-Струмица, беше прикажана презентација на проектите од Годишната програма за работа на  Одделението за превенција  при СВР-Струмица  и извештај за досегашните превентивни активности на подрачјето.
Во дискусијата, што беше отворена на крајот од конференцијата, со свои предлози и размислувања присутните дадоа свој допринос за низа прашања од секојдневните проблеми во општина Струмица, како што се изградба на велосипедска патека, решавање на паркирањето во централното градско подрачје, уличното просење, точењето на алкохол на малолетни лица и др.

Дел од присутните, од досегашното искуство во претходни изборни процеси, дадоа предлози за разрешување на одредени дилеми во врска со присутноста на службени униформирани лица на избирачките места, за необележаните возила кои за време на изборниот процес ги користат службени лица од МВР и за други проблеми од таа област.
На крајот, градоначалникот на општина Струмица, рече дека добредојдени се сите предлози за девијантните појави, со заклучок дека сите треба да се вклучиме против нив и со сериозен пристап да извршиме превенција против секое зло кое се наметнува во овој современ свет.


 
2009-2-6 PDF Печати


18.02.2009 | Осумдесетта седница на Советот на Општина Струмица.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа осумдесеттата седница на Советот на општина Струмица за 24.02.2009год. (вторник) во 11.00 часот.
Дневниот ред за 80 седница може да го превземете

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ОСУМДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ осудесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 24.02.2009 год. (вторник). Осумдесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записниците од седумдесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2009 година;
  2. Предлог - Одлука за изменување на Одлуката за определување на надоместоци на членовите на Советот на општина Струмица.
  3. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за IV квартал од 2008 година;
  4. Предлог-Завршна сметка на буџетот на општина Струмица за 2008 година;
  5. Предлог-Годишен финансиски извештај на општина Струмица за 2008 година;
  6. Предлог-Одлука за измена и дополнување - проширување на Буџетот на општина Струмица за 2009 година;
  7. Предлог - план за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2009/2010 година;
  8. Предлог - Програма за дополнување на Годишната програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2009 година;
  9. Предлог-Одлука за определување времени локации за истакнување рекламен материјал за претседателските и локалните избори во 2009 година;
  10. Предлог- Заклучок за давање согласност на Одлука на УО на ЈПКД “Комуналец” - Струмица.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Зоран Ристов

 

 
2009-2-5 PDF Печати


04.02.2009 | Истражување на средниот успех на учениците во основните училишта во општина Струмица во учебната 2007/2008 година на просветниот општински инспектор.
Истражувањето е извршено од страна на овластениот општински просветен инспектор, како дел од усвоените општински образовни политики за општина Струмица, залагањето на градоначалникот на општина Струмица...

Истражувањето е извршено од страна на овластениот општински просветен инспектор, како дел од усвоените општински образовни политики за општина Струмица, залагањето на градоначалникот на општина Струмица за квалитет во образованието и потребата од информирање на заинтересираните субјекти. Цел на истражувањето беше да се обезбедат информации за постигнатиот среден успех на учениците во основните училишта од општина Струмица во учебната 2007/2008 година, со споредбена анализа - крај на полугодие и крај на учебна година.

Преглед на постигнатиот среден успех од прво полугодие 07/08 и крај на учебна 07/08 година по предмети во четврто одделение кај сите основни училишта на територијата на општина Струмица.

4odd_polugodie_i_kraj.pdf
[превземи]

Преглед на постигнатиот среден успех од прво полугодие 07/08 и крај на учебна 07/08 година по предмети во петто одделение кај сите основни училишта на територијата на општина Струмица.

5odd_polugodie_i_kraj.pdf
[превземи]

Преглед на постигнатиот среден успех од прво полугодие 07/08 и крај на учебна 07/08 година по предмети во шесто одделение кај сите основни училишта на територијата на општина Струмица.

6odd_polugodie_i_kraj.pdf
[превземи]


Преглед на постигнатиот среден успех од прво полугодие 07/08 и крај на учебна 07/08 година по предмети во седмо одделение кај сите основни училишта на територијата на општина Струмица.

7odd_polugodie_i_kraj.pdf
[превземи]

Преглед на постигнатиот среден успех од прво полугодие 07/08 и крај на учебна 07/08 година по предмети во осмо одделение кај сите основни училишта на територијата на општина Струмица.

8odd_polugodie_i_kraj.pdf
[превземи]


Споредба на постигнатиот среден успех од прво полугодие 07/08 и крај на учебна 07/08 година по предмети од петто до осмо одделение кај сите основни училишта на територијата на општина Струмица.

SREDEN_USPEH_OD_5-8_SPOREDBA_07-08.pdf
[превземи]

Презентација на постигнатиот среден успех на учениците во основните училишта во општина Струмица во учебната 2007/08 година.

PREZENTACIJA_USPEH.pdf
[превземи]




 
2009-2-4 PDF Печати


04.02.2009 | Едукативна работилница „Познавање на дрогата и превенција од дрога“ во ОУ „Св. Кирил и Методиј“-Дабиља
На 04.02.2009 година, во просториите на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Дабиља, за членови на Советот на родители, беше одржана едукативна работилница „Познавање на дрогата и превенција од дрога“. Во организација на општина Струмица, МВР Струмица..

На 04.02.2009 година, во просториите на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Дабиља, за членови на Советот на родители, беше одржана едукативна работилница „Познавање на дрогата и превенција од дрога“.
Во организација на општина Струмица, МВР Струмица-одделение за превенција и мисијата на ОБСЕ-канцеларија во Скопје, на родителите им беа презентирани видовите на дрога кои се злоупотребуваат на територијата на државата и на потесното подрачје на општина Струмица, статистички податоци од злоупотребата на дрогата, препознавањето на знаците на користење наркотични средства кај младата популација и други корисни информации од оваа област. Родителите имаа прилика да ги видат примероците на дрога и да постават прашања од оваа за нив табу тема.
На родителите им беа поделени информатори за тоа како да се однесуваат и од кого да побараат помош во случај на дознавање на вистината дека нивното дете или детето на близок роднина или пријател започнало да се однесува чудно, непрепознатливо, да користи чудни средства за „смирување“, односно кога ќе се посомневаат дека се работи за злоупотреба на дрога или други психотропни супстанции.
Презентацијата беше извршена од страна на стручни лица од МВР-Струмица-одделение за недозволена трговија со дрога и претставник од општина Струмица.
Поддржувајќи ги овие активности, општина Струмица ќе продолжи да соработува и  остварува средби со Советите на родители од основните и средните училишта од Струмица и на различни теми и области да одржува едукативни работилници, предавања и други средби од интерес на воспитно-образовниот процес, превенцијата, инфраструктурната поставеност во училиштата и квалитетот во образованието. Студија за однесувањето поврзано со здравјето кај децата на училишна возраст.

 
2009-2-3 PDF Печати


04.02.2009 | Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, е награден со златна значка од Здружението на граѓани „Ден на дрвото -Засади ја својата иднина“, за најуспешно организиранирање на изминатите две акции за позеленување на државата.
На 04.02.2009 година, Делегација на Здружението на граѓани „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“, во рамките на третата по ред промо...

На 04.02.2009 година, Делегација на Здружението на граѓани „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“, во рамките на третата по ред промотивна кампања на акцијата за позеленување на државата „Ден на дрвото“, ја посети Општина Струмица.

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, е награден со златна значка од Здружението на граѓани „Ден на дрвото -Засади ја својата иднина“, за најуспешно организиранирање на изминатите две акции за озеленување на државата.



Во рамките на посетата на Општина Струмица членовите на Извршниот Одбор на здружението се сретнаа со Граѓанските организации од Струмица и регионот и разменија мислења за акцијата, идентификувајќи пропусти во контекст на нејзино идно подобрување.



Третата акција Ден на дрвото - Засади ја својата иднина, која ќе се одржи во март 2009 година, симболично беше одбележана со засадување на дрвце во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица и промотивен настап на познатата Македонска Дива, Виолета Томовска.

 
2009-2-2 PDF Печати


02.02.2009 | Решенија за формирање на избирачки одбори.

Општинската изборна комисија - Струмица ги формираше Избирачките одбори за Избирачките места за кои е надлежна...

 


 
2009-2-1 PDF Печати


02.02.2009 |Оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови при Заедничко организираниот линиски  превоз на патници за општините: Струмица, Босилово, Василево и Ново Село за 2009 година.
Заинтересираните превозници барањата ги доставуваат до општинате Струмица, Босилово, Василево и Ново Село во зависност од седиштето на...

Врз основа на член 23 став 3 алинеја 5 од Законот за превоз во патниот сообраќај (“Службен весник на РМ” бр.68/04 и 127/06), член 50 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02) и член 8 од Спогодбата за начинот и условите на заедничко организирање во извршувањето на линискиот превоз на патници за општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село, Градоначалниците на горенаведените општини објавуваат:

O Г Л А С
За одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови при Заедничко организираниот линиски  превоз на патници за општините: Струмица, Босилово, Василево и Ново Село за следните линии за 2009 година:

Линија бр. 1 СТРУМИЦА-ГРАНИЧЕН ПРЕМИН (НОВО СЕЛО) и обратно
Определени попатни стојалишта:
Дабиља, Робовски пат, Босилово, Турново, Секирник, Сушички пат,Зубовски пат, Ново Село, Смоларски пат, Ново Коњарево.

Линија бр. 2 СТРУМИЦА-СТАРО КОЊАРЕВО и обратно
Определени попатни стојалишта:
Дабиља, Робовски пат, Босилово, Турново, Секирник, Сушички пат, Зубовски пат, Ново Село, Смоларски пат, Смоларе, Дражево.

Линија бр. 3 СТРУМИЦА- ЗУБОВО и обратно
Определени попатни стојалишта:
Дабиља, Робовски пат, Босилово, Турново, Секирник, Сушичко пат.

Линија бр. 4  СТРУМИЦА- СУШИЦА и обратно
Определени попатни стојалишта:
Дабиља, Робовски пат, Босилово, Турново, Секирник.

Линија бр. 5  СТРУМИЦА-ИЛОВИЦА и обратно
Определени попатни стојалишта:
Дабиља, Робовски пат, Босилово, Турново, Штука.

Линија бр. 6  СТРУМИЦА- РАДОВО и обратно
Определени попатни стојалишта:
Дабиља, Робовски пат, Босилово, Турново.

Линија бр. 7 СТРУМИЦА- ЕДНОКУЌЕВО и обратно
Определени попатни стојалишта:
Дабиља, Робовски пат.

Линија бр. 8 СТРУМИЦА-ДРВОШ и обратно
Определени попатни стојалишта:
Дабиља, Петралинци, Хамзали.

Линија бр. 9 СТРУМИЦА- СТАРО БАЛДОВЦИ и обратно
Определени попатни стојалишта:
Дабиља, Петралинци.
Линија бр. 10 СТРУМИЦА-БОРИЕВО и обратно
Определени попатни стојалишта:
Дабиља, Робово, Муртино, Моноспитово.

Линија бр. 11 СТРУМИЦА-БАНСКО и обратно
Определени попатни стојалишта:
Дабиља, Робово, Муртино.

Линија бр. 12 СТРУМИЦА-МОКРИНО и обратно
Определени попатни стојалишта:
Дабиља, Робово, Муртино, Банско, Габрово,Колешино, Борисово, Мокриево.

Линија бр. 13 СТРУМИЦА-ЧАНАКЛИЈА и обратно Определени попатни стојалишта:
Просениково, Сарај, Гечерлија.

Линија бр. 14 СТРУМИЦА-ПИПЕРЕВО и обратно
Определени попатни стојалишта:
Добрејци.

Линија бр. 15 СТРУМИЦА-ВАСИЛЕВО и обратно

Линија бр. 16 СТРУМИЦА-ДУКАТИНО и обратно
Определени попатни стојалишта:
Василево, Владевци, Радичево (пат).

Линија бр. 17  СТРУМИЦА-СУШЕВО и обратно
Определени попатни стојалишта:
Василево, Владевци.

Линија бр. 18 СТРУМИЦА-ТРЕБИЧИНО и обратно
Определени попатни стојалишта:
Василево, Градашорци, Едрениково.

Линија бр. 19 СТРУМИЦА-СЕДЛАРЦИ и обратно
Определени попатни стојалишта:
Василево, Градашорци, Ангелци.

Линија бр. 20 СТРУМИЦА-РАДИЧЕВО и обратно
Определени попатни стојалишта:
Василево, Владевци.

Линија бр. 21 СТРУМИЦА-НОВА МААЛА и обратно
Определени попатни стојалишта:
Василево, Добрашинци.

Линија бр. 22 СТРУМИЦА- ВИСОКА МААЛА и обратно
Определени попатни стојалишта:
Василево, Добрашинци.

ОГЛАСОТ ТРАЕ 30 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО.

Заинтересираните превозници барањата ги доставуваат до општинате Струмица, Босилово, Василево и Ново Село во зависност од седиштето на превозникот, (регистрираното правно лице, односно адресата на превозникот)  во затворен плик, препорачано по пошта или со потврден прием во архивата на горенаведените општини со ознака “Пријава по оглас за одобрување на возни редови (за Заеднички превоз)
Барањето за одобрување на возен ред ги содржи следните податоци: полн назив, седиште и адреса на превозникот, матичен и даночен број на превозникот, вид на превозот за кој се бара одобрување на возниот ред и  истото треба да биде потпишано и заверено од законски застапник на превозникот.             Кон барањето за  одобрување на возните редови превозникот е должен да ги приложи следните документи:
-копие од лиценцата за вршење на општински линиски превоз на патници издадена од општините:Струмица,Босилово,Василево или Ново Село.
- Копие од решението за упис во централниот регистер и да има регистрирана претежна дејност: вршење превоз на патници во патниот сообраќај, не постаро од 60 дена;       
- Копии од сообраќајните дозволи на возилата регистрирани на име на фирмата заверени пред нотар, или копија од договорот за лизинг склучен со овластен дистрибутер заверен пред нотар за моторните возила што ги користи по тој основ, и потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возилата за вршење на општински линиски превоз на патници;
- Број на вработени возачи во редовен работен однос во зависност од бројот на возилата со кои се врши превозот (минимум еден возач по возило) што ги исполнуваат условите предвидени со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата. Превозникот приложува список на вработени возачи во редовен работен однос со фотокопја од обрасците М-1/2 за заснован работен однос и потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигорување за платени придонеси не постари од 90 дена за секој возач пооделно и копија од возачки дозволи од вработените возачи;
- Предлог на возен ред  на линијата изготвен на пропишан образец;
- Потврда од надлежен суд дека не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста на јавниот сообраќај  не постари од 60 дена.
Постапката за одобрување на возните редови ја спроведува Комисија согласно Спогодбата за заедничко организирање во извршувањето на линискиот превоз на патници за општините: Струмица, Босилово, Василево и Ново Село.
Заинтересираните превозници обрасците на  барањата за одобрување на возните редови можат да ги добијат во просториите на надлежните органи на горенаведените општини или на нивните ВЕБ страници.
Доколку во рокот предвиден во огласот не бидат поднесени барања за некои линии кои се предвидени со огласот,за истите линии заинтересираните превозници можат да достават барања за одобрување или за промена на возни редови и после истекот на рокот од 30 дена доколку ги исполнуваат условите.

 

Општина Струмица                                           Општина Босилово
Градоначалник,                                                   Градоначалник,
Зоран Заев                                                         Ѓорѓе Манушев

Општина Василево                                            Општина Ново Село
Градоначалник,                                                    Градоначалник,
Славе Христов                                                      Никола Андонов