Вести - Април 2009
2009-4-17 PDF Печати


30.04.2009 | ПРОМОВИРАН ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН.
Во четврток, на 30 април 2009 година, со почеток во 11.00 часот, во хотелот „Тивериопол“-Струмица, свечено беше извршена промоција на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Центарот е резултат на сите напори и активности за имплементација на Законот за рамномерен рег...

Во четврток, на 30 април 2009 година, со почеток во 11.00 часот, во хотелот „Тивериопол“-Струмица, свечено беше извршена промоција на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Центарот е резултат на сите напори и активности за имплементација на Законот за рамномерен регионален развој во РМ и претставува еден од осумте центри во РМ.
Поздравен говор до присутните одржа г-ѓа Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на југоисточниот плански регион.
Потоа на присутните им се обратија г-динот Муса Џафери, министер за Локална самоуправа во Владата на РМ, г-дин Зоран Заев, градоначалникот на општина Струмица и воедно претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и г-динот Јенс Адлер, тим лидер на Програмата за регионален економски развој во РМ (ГТЗ РЕД).
На промоцијата присуствуваа градоначалници од регионот, советници од општинските совети, како и голем број гости и заинтересирани субјекти.

Во своето обраќање кон присутните, градоначалникот на општина Струмица, г-динот Зоран Заев, со особено задоволство ја промовира визијата -Југоисточниот регион да биде посакуван регион за живеење, инвестирање и носител на сопствениот економски развој.
На промоцијата беа истакнати главните приоритети на локалниот економски развој, особено во развојот на земјоделството, инфраструктурата, одржливиот развој, животната средина, туризмот и други области на интерес. Политиката на регионалниот развој на Југоисточниот плански регион е систем на цели, инструменти и мерки насочени кон намалување на регионалниот диспаритет и остварување на рамномерен и одржлив развој и подигнување на квалитетот на живот на сите граѓани во регионот.

Центар за развој на Југоисточниот плански регион е еден од осумте центри во Република Македонија формиран според Законот за рамномерен регионален развој, опфаќа 10 општини од регионот, се простира на територија од 2835 км2, со население од 171 416 жители.

Центарот за развој на планскиот регион ги врши следниве работи:
• ја изготвува предлог-програмата за развој на планскиот регион,
• изготвува предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на планскиот регион,
• подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и за подрачјата со специфични развојни потреби,
• ги координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на планскиот регион и ги реализира проектите за развој на планскиот регион,
• обезбедува информации до заинтересираните страни за текот на реализацијата на Програмата за развој на планскиот регион и други прашања поврзани со регионалниот развој,
• обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој,
• обезбедува стручни услуги на здруженија на граѓани и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој,
• ја поттикнува меѓуопштинската соработка во рамките на планскиот развој,
• спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од фондовите на Европската унија и други меѓународни извори,
• врши промоција на развојните можности на планскиот регион и
• врши стручни и административно-технички работи за потребите на советот за развој на планскиот регион.


















 
2009-4-16 PDF Печати


29.04.2009 | РЕШЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА.
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл. весник на РМ” број 51/05 и член 39 од Статутот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” број 5/06) – пречистен текст, Градоначалникот на општина Струмица, донесе ...

 

Р е ш е н и е за организирање на јавна анкета по Нацрт - Деталниот урбанистички план за дел од Блок 4 Урбана единица 1 во град Струмица

resenieanketa_2009_05.pdf
[превземи]


Р е ш е н и е за организирање на јавна презентација по Нацрт - Деталниот урбанистички план за дел од Блок 4 Урбана единица 1 во град Струмица
resenieprezentacija_2009_05.pdf
[превземи]



Р е ш е н и е за именување на Комисија за спроведување на јавната презентација и јавна анкета по Нацрт – Деталиот урбанистички план за дел од Блок 4 Урбана единица 1 во Струмица

reseniekomisija_2009_05.pdf
[превземи]






 
2009-4-15 PDF Печати


29.04.2009 | Промоција на Стратегија за управување со ризици на општина Струмица.
На 29 април 2009 година, во хотел „СИРИУС“-Струмица, во присуство на градоначалници и претставници од неколку општини од Република Македонија, Здружението на финансиски работници на ЛС и јавни претпријатија и Холандската Развојна Организација (СНВ), ја промовираа...

На 29 април 2009 година, во хотел „СИРИУС“-Струмица, во присуство на градоначалници и претставници од неколку општини од Република Македонија, Здружението на финансиски работници на ЛС и јавни претпријатија и Холандската Развојна Организација (СНВ), ја промовираа СТРАТЕГИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА.
Промоцијата ја отвори Г-ѓа Виолета Маџова-претставник од СНВ, која рече дека стратегијата претставува сублимат на домашните и светските искуства и е изработена со податоци добиени од администрацијата на Општина Струмица. Постапките и процедурите за креирање на стратегијата се добар патоказ за креирање Стратегија во сите општини во РМ, а воедно чекор поблиску до можноста и потребата од стандардизирање на процесите.
Промоцијата течеше според утврдената агенда:

Улогата и значењето на Стратегијата за општина Струмица
Г-дин Зоран Заев – Градоначалник на ЕЛС Струмица

Етапи и пристап при изработката на Стратегијата
Г-дин Зоран Јанкуловски – Извршен директор на Здружението на финансиските работници

Партиципативноста на општинската администрација при креирањето на Стратегијата
Г-ѓа Евгенија Граматикова – ЕЛС Струмица

Препораки и насоки
Проф. Д-р Томе Неновски – експерт








 
2009-4-14 PDF Печати


29.04.2009 | ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ПСУ „ЈАХЈА КЕМАЛ“-СКОПЈЕ
На 29 април 2009 година, општина Струмица ја посетија претставници од приватното средно училиште „Јахја Кемал“-Скопје. Најпрво гостите остварија средба со градоначалникот на општина Струмица, г-динот Зоран Заев, а потоа и со директорите на основните училишта од општина Струмица, одделението за образование при ЛС, во присуство на родители и сегашни ученици во колеџот, кои потекнуваат од општина Струмица и соседните општини....

На 29 април 2009 година, општина Струмица ја посетија претставници од приватното средно училиште „Јахја Кемал“-Скопје.

Најпрво гостите остварија средба со градоначалникот на општина Струмица, г-динот Зоран Заев, а потоа и со директорите на основните училишта од општина Струмица, одделението за образование при ЛС, во присуство на родители и сегашни ученици во колеџот, кои потекнуваат од општина Струмица и соседните општини.
Пред градоначалникот на општина Струмица, претставниците од колеџот „Јахја Кемал“-Скопје, ја претставија мисијата и визијата на колеџот:
Нашата цел е да едуцираме генерации на млади кои ќе бидат подготвени да ги совладаат предизвиците на модерниот свет, да бидат секогаш љубезни и позитивно расположени, толерантни и спремни за дијалог во сите сегменти на нивниот живот“.
Нашата визија е да едуцираме млади идеалисти, што ќе ги почитуваат другите без оглед на нивните разлики. Наша цел е да едуцираме современи и демократски ученици отворени за светот и кои ќе ја претставуваат РМ на најдостоен начин“.
Како што истакнаа претставниците од колеџот, и оваа година, како и низ години наназад, тие ја посетуваат општина Струмица, со цел да ги запознаат заинтересираните родители и ученици за предностите и предизвиците на колеџот, како и за приемниот испит на колеџот, кој ќе се одржи на 10 мај, со почеток во 11 часот во нивните објекти во Скопје, Струга и Гостивар.
Во своето обраќање, генералниот директор на колеџот, рече дека освен во Скопје, Гостивар и Струга, тие бараат можност за отварање на такво училиште и во Струмица.
Градоначалникот на општина Струмица со задоволство ја прифати намерата за отварање на колеџ од таков вид во општина Струмица и рече дека ќе ги преземе сите активности за испитување на интересот на родителите и учениците, како и овозможување на инфраструктурно обезбедување и други ресурси потребни за оптимална работа на таков објект.
Претставниците од колеџот ја изразија својата благодарност за срдечната средба со градоначалникот, со желба за понатамошна соработка во областа на воспитно-образовниот процес кој тие го остваруваат како прво приватно средно училиште во РМ уште од 1996 година.









 
2009-4-13 PDF Печати


28.04.2009 | Екологијата во Општина Струмица и климатските промени

Група ученици од II година при СОУ „Јане Сандански“ и предметниот наставник Невенка Стојанова испратија неколку есеи напишани на англиски јазик на тема Екологијата во Општина Струмица и климатските промени...


АДИНГ ГРАДБА


ОБЈАВА
[превземи]



БЕТОН


ОБЈАВА
[превземи]



МАВРОВО - БЕТОНСКА БАЗА


ОБЈАВА
[превземи]



ПЕЛАГОНИЈА


ОБЈАВА
[превземи]



САН КЕРАМ - АД “МАКЕДОНИЈА“


ОБЈАВА
[превземи]

 
2009-4-12 PDF Печати


27.04.2009 | Посета на Унгарскиот амбасадор Ференц Кекеши
Струмица 27 Април – Унгарскиот амбасадор Ференц Кекеши денеска престојуваше во куса работна посета на Струмица каде што учествуваше во работата на невладиниот проект „Акција за Европа“. Проектот е посветен на приближувањето на европските вредности и искуства од нашите граѓани и подготвеноста на локалната самоуправа во прифаќањето на...

Струмица 27 Април – Унгарскиот амбасадор Ференц Кекеши денеска престојуваше во куса работна посета на Струмица каде што учествуваше во работата на невладиниот проект „Акција за Европа“.

Проектот е посветен на приближувањето на европските вредности и искуства од нашите граѓани и подготвеноста на локалната самоуправа во прифаќањето на европските тенденции и текови. На средбата со Градоначалникот Зоран Заев, Кекеши се заложи за воспоставување поблиски деловни врски меѓу општина Струмица и општини од Унгарија, особено во областа на земјоделството, за што подетално ќе се разговара за време на најавената посета на унгарски бизнисмени на струмичкиот регион.

– Добив впечаток дека во Струмица постои подготвеност за економска, културна и други видови соработка, особено во областа на земјоделието и прехрамбената индустрија, а верувам дека и унгарските партнери ќе покажат интерес за можностите што ги нуди струмичкото земјоделство, изјави амбасадорот Кекеши.

Градоначалникот Заев рече дека голем дел земјоделски производи од струмичко се пласираат на унгарскиот пазар и дека постои многу допирни точки меѓу унгарското и македонското, односно струмичкото земјоделство.

– Начелно веќе договоривме идна соработка со унгарскиот бизнис сектор, чии што претставници сакаме да ни бидат гости и да направиме поблиска врска меѓу нашите откупувачи и стопанственици од Унгарија за соработка на економски план, изјави Градоначалникот Заев.









 

 
2009-4-11 PDF Печати

24.04.2009 | КК Горани Баскет на прием кај Градоначалникот Зоран Заев.
Кошаркарите на Горани Баскет имаа прием кај градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев по повод освоеното прво место на големиот турнир во Хрватска за играчи родени во 1994 година...

 











 
2009-4-10 PDF Печати


23.04.2009 | ЕДУКАЦИЈА НА ТЕМА ,,ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ВЕЛОСИПЕДИСТИ СО МОТОР ВО СООБРАЌАЈОТ,,

На 24 април 2009 година, во салата на Домот на АРМ-Струмица, беше изведена едукација од сообраќајно-воспитната акција ,,Поголема безбедност на велосипедисти со мотор,,...

На 24 април 2009 година, во салата на Домот на АРМ-Струмица, беше изведена едукација од сообраќајно-воспитната акција ,,Поголема безбедност на велосипедисти со мотор,,.
Минатата година, во ова време, во организација на МВР-СВР Струмица и општина Струмица, а во соработка со мисијата на ОБСЕ-Оддел за развој на полицијата, беше започната сообраќајно-воспитната акција за идентификуваниот локален проблем на улиците-појавата на велосипеди со мотор, или познатите скутери, веспи или мопеди, за кои младите учесници се или премлади за управување на такво превозно средство или пак немаат положено возачки испит за управување велосипед со мотор.
Оваа година, општина Струмица, заедно со Одделението за превенција при МВР-СВР Струмица, за учениците од основните и средните училишта од општина Струмица, продолжија со акцијата и изведоа едукација на која беа опфатени неколку области од безбедноста во сообраќајот. Стручни лица од МВР-СВР, инструктори и професори од областа на сообраќајот, на учениците им прикажаа практични примери за сообраќај на раскрсница, видовите знаци и нивното распознавање, делови од законот за безбедност од сообраќајот и други работи за кои беа заинтересирани учесниците на едукацијата. На младите учесници во сообраќајот посебно им беше објаснета постапката за полагање за здобивање со правото на возачка дозвола за националната категорија ,,М,, за нив попозната како дозвола за возење велосипед со мотор.












 
2009-4-9 PDF Печати


23.04.2009 | УСАИД – Проект за основно образование.
На 23.04.2009 година во просториите на дом на АРМ, УСАИД – Проект за основно образование организираше информативна кампања на кои беа презентирани активностите на проектот како и плановите за во иднина. Беше организирана пленарна сесија како и научна изложба и презентација на помагала од областа на информатичката технологија. Исто така беше прикажан игран...

На 23.04.2009 година во просториите на дом на АРМ, УСАИД – Проект за основно образование организираше информативна кампања на кои беа презентирани активностите на проектот како и плановите за во иднина. Беше организирана пленарна сесија како и научна изложба и презентација на помагала од областа на информатичката технологија. Исто така беше прикажан игран филм со едукативна тематика, а беше направена и работилница за членовите на училишните тимови за подршка.













 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2