Вести - Јули 2009
2009-7-4 PDF Печати


25.07.2009 | ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СРЕДНИОТ УСПЕХ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА ВО УЧЕБНАТА 2008/2009 ГОДИНА.
Истражувањето е извршено од страна на овластениот општински просветен инспектор, како дел од усвоените општински образовни политики за општина Струмица, залагањето на градоначалникот на општина Струмица за квалитет во образованието и потребата од информирање на заинтересираните...

Истражувањето е извршено од страна на овластениот општински просветен инспектор, како дел од усвоените општински образовни политики за општина Струмица, залагањето на градоначалникот на општина Струмица за квалитет во образованието и потребата од информирање на заинтересираните субјекти.

Презентација на постигнатиот успех на учениците од петто одделение за учебната 2008:2009.

prezentacija_5.2008-2009.pdf
[превземи]

Презентација на постигнатиот успех на учениците од шесто одделение за учебната 2008:2009.

prezentacija_6.2008-2009.pdf
[превземи]

Презентација на постигнатиот успех на учениците од седмо одделение за учебната 2008:2009.

prezentacija_7.2008-2009.pdf
[превземи]

Презентација на постигнатиот успех на учениците од осмо одделение за учебната 2008:2009.

prezentacija_8.2008-2009.pdf
[превземи]





 
2009-7-3 PDF Печати


13.07.2009 | Известување до граѓаните за задолжителното Паралелно-надолжно паркирање.
Со цел намалување на сообраќајниот метеж низ градот и населените места и намалување на ризиците од опасности во истиот, Општина Струмица согласно своите надлежности превзема низа мерки за регулирање на режимот на сообраќајот во градот Струмица и наелените места...

Со цел намалување на сообраќајниот метеж низ градот и населените места и  намалување на ризиците од опасности во истиот, Општина Струмица согласно своите надлежности превзема низа мерки за регулирање на режимот на сообраќајот во градот  Струмица и наелените места.

Согласно член 6 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот („ Сл. весник на РМ“ бр. 54/07) , и член 36 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” број 5/02 година) и член 20 став 1 точка 10 од Статутот на општина Струмица – пречистан текст (“Сл. гласник на општина Струмица” број 5/06 година), Советот на општина Струмица на седницата одржана на 10.07.2009 година, донесе

О д л у к а
за означување на условите и регулирање на режимот на сообраќајот на дел од улиците во град Струмица

Член 1

Со оваа Одлука се означуват условите и регулира режимот на сообраќај на дел од улиците во град Струмица за сите видови возила.

Член 2

Сите видови возила кои се движат по бул “Маршал Тито“ може да се паркират паралелно покрај десниот раб-ивичнак на бул “Маршал Тито“и во двата правци од кружен тек кон Глобал и обратно од семафорите кон кружен тек кај Телеком.
За бул “Ленинова“ сите возила кои се движат од спојот со ул “Маршал Тито“ кон спојот на ул “Климент Охридски“ кај бензинската пумпа и обратно од спојот на бул “Ленинова“ со ул.„11-ти Октомври“ кај градско зеленило до спојот со ул “Сандо Масев“ кај модна конфекција “Герас Цунев“

Член 3

Регулирањето на сообраќајот на бул “Маршал Тито“ од кружен тек кон “Глобал“ се врши на следниот начин на почетокот од улица “Гоце Делчев“ се поставува столб со знак паркиралиште со табла паралено паркирање, на спојот бул “Маршал Тито“ со улица “Братство и Единство“ сообраќајот се регулира со столб со сообраќаен знак паркиралиште со табла паралелно паркирање и обратно од семафорите со бул “Ленинова“ кон кружен тек сообраќајот се регулира со столб со сообраќаен знак паркиралиште со табла паралелно паркирање.

Член 4

Регулирањето на сообраќајот на бул “Ленинова“ од спојот со ул “Маршал Тито“ кон улица “Климент Охридски“ се врши на сладниот начин: на почетокот на бул “Ленинова “се поставува столб со знак паркиралиште со табла паралелно паркирање кај Општински суд се поставува столб со знак паркиралиште за инвалидни лица за 2 коли, по семафорите кај “Глобал “ се поставува столб со знак паркиралишта со табла паралелно паркирање, пред обележан пешачки премин се поставува столб со сообраќаен знак паркиралиште за инвалидни лица за 2 коли и по обележаниот пешачки премин пак се поставуваат истите знаци за 2 коли, за улица “ 4-ти Јули“ од бул. „Ленинова“ до ул “Васил Сурчев“ собраќајот се регулира со столб и сообраќаен знак забрана за запирање и паркирање во двата правци и за улица „Васил Сурчев“ од ул. “ 4-ти Јули“ до кулата продолжува до спојот со ул “Братсво и Единство“ важи забраната за запирање и паркирање за подобро влегување и излегување од катната гаража на “Глобал“. На спојот на ул. “Васил Сурчев“ со ул. “Братсво и Единство “ се поставува столб со знак забранет сообраќај во еден правец на почетокот на ул “4-ти Јули “ спој со ул. “Братсво и Единство“ кај Народна Техника се поставува сообраќаен знак паркиралиште со табла паралелно паркирање на десната страна и дозволена насока на движење од ул. “Братсво и Единство“ кон ул “Васил Сурчев“, а на делот на ул “4-ти јули“ од ул “Васил Сурчев“ кон бул “Ленинова“ сообраќајот се одвива во двете насоки.
На почетокот на бул “Ленинова“ со “4-ти Јули“ сообраќајот се регулира со столб со сообракаен знак паркиралиште со табла паралелно паркирање, на спојот бул “Ленинова“ со 24-ти Октомври сообраќајот се регулира со сообраќаен знак паркиралиште со табла паралено паркирање, на спојот бул “Ленинова“ со ул “Јанко Цветинов“ кај АМД “Стрела“ се поставува столб со занак паркиралиште со табла паралелно паркирање, на спојот бул “Ленинова“ со ул “Браќа Миладинови“ се поставува столб со знак паркиралиште со табла паралелно паркирање и во обратен правец од спојот бул “Ленинова“ со „11-Октомври“ кај градско зеленило сообраќајот се регулира со сообраќаен знакн паркиралиште со табла паралелно паркирање, на спојот бул “Ленинова“ со улица “Цветан Димов“ се поставува сообраќаен знак паркиралиште со табла паралелно паркирање на спојот бул “Ленинова“ со ул “24-ти Октомври“ се поставува столб со знак паркиралиште со табла паралелно паркирање, на спојот на ул. „Љуба Брашнарска“ со бул “Ленинова“ кај поранешна Виша земјоделска школа се поставува знак паркиралиште со табла паралелно паркирање и на почетокот после семафорите кај малата пошта се поставува столб со знак паркиралиште со табла паралелно паркирање, на почетокот кај зградата на катрастарот се поставува столб со знак паркиралиште со табла паралелно паркирање.

Член 5

Оваа Одлука влегува во сила по денот на објавувањето во „Сл. гласник на општина Струмица“

Бр.07-4491/1 Совет на општина Струмица
13.07.2009 год. Претседател,
С т р у м и ц а Марјан Даскаловски с.р.

 
2009-7-2 PDF Печати


10.07.2009 | КУРС ЗА СПАСИТЕЛИ НА ВОДА.
Општинската организација на Црвен Крст Струмица во соработка со хотел Сириус Струмица во текот на летото под водство на меѓународен инструктор организира: Курс за спасители на вода. Искористете ја можноста по завршувањето на курсот да се стекнете со меѓународно призната лиценца на international life saving federation која ви отвара можност за враб...

Општинската организација на Црвен Крст Струмица во соработка со хотел Сириус Струмица во текот на летото под водство на меѓународен инструктор организира: Курс за спасители на вода.

Ако сте:

> постари од 17 години
> во добра општа здравствена состојба
> ДОБАР ПЛИВАЧ
> и не се плашите да нуркате

Искористете ја можноста по завршувањето на курсот да се стекнете со меѓународно призната лиценца на international life saving federation која ви отвара можност за вработување и во странство.
Најамбициозните спасители ќе добијат и писмо со препорака лично од нашиот инструктор.

Подетални информации за пријавување може да добиете во Општинска Организација Црвен Крст - Струмица
ул.„Коста Бозов“ бр.1 од 08:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.

телефон: 034/326-601
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите













 
2009-7-1 PDF Печати



09.07.2009 | ОДЛУКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА.
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл. весник на РМ” број 51/05 и член 39 од Статутот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” број 5/06) – пречистен текст, Градоначалникот на општина Струмица, донесе ...

 

О д л у к а за организирање на јавна анкета по Нацрт - Деталниот урбанистички план за блок 9, 38 и 41/2 од град Струмица

odlukaanketa_2009_07_3.pdf
[превземи]


О д л у к а за организирање на јавна презентација по Нацрт - Деталниот урбанистички план за блок 9, 38 и 41/2 од град Струмица
odlukaprezentacija_2009_07_4.pdf
[превземи]