Вести - Август 2009
2009-8-3 PDF Печати


27.08.2009 | О Г Л А С за избор на комодератор за потребите на програмата „Форумица во заедницата“
Во периодот септември 2009 – ноември 2010, Форумскиот процес во општина Струмица ќе го спроведува Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КОМОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетраeње од 6 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време...


 
2009-8-2 PDF Печати


24.08.2009 | К О Н К У Р С за бесплатно школување на 5 кандидати на ФОН Универзитетот-дисперзирани студии во Струмица.
Врз основа на член 39 од Статутот на општина Струмица („Сл. Гласник на општина Струмица“, бр. 5/06-пречистен текст), со цел за развивање на високото образование во општина Струмица, а во врска со реализација на бесплатно школување на ФОН Универзитетот-дисперзирани студии ...


 
2009-8-1 PDF Печати


19.08.2009 | Деветта седница на Советот на Општина Струмица.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски ја закажа деветата седница на Советот на општина Струмица за 25.08.2009год. (вторник) во 12.00 часот.
Дневниот ред за деветата седница може да го превземете

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДЕВЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ деветата седница на Советот на општина Струмица за ден 25.08.2009 год. (вторник). Деветата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записниците од шесттата, седмата и осмата седница на Советот на општина Струмица.

II

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог-Одлука за донесување на Предлог-Деталниот урбанистички план за дел од УЕ 6, Урбан блок “9” во Струмица;
  2. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2009 година;
  3. Извештај за работата на ЈПКД “Комуналец” Струмица за периодот од јануари – април 2009 година;
  4. Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на територијата на општина Струмица за периодот од 01.01. 2009 година до 30.06.2009 година.

Напомена: Материјалот по четвртата точка од дневниот ред Ви е доставен со материјалот за седмата седница што се одржа на ден 10.07.2009 година

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски