Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Октомври 2009

2009-10-21


30.10.2009 | Организацијата на жени од Струмица објавува оглас
за избор на фирма за изработка и хостирање на веб страна за проектот „ВИВА“ - Клуб за психо-социјална поддршка на лица заболени и лекувани од карцином, кој се спроведува во рамките на програмата „Форуми во заедниците”, имплементиран од страна на Центарот за Институционален Развој (ЦИРа), финансиски поддржан од Швајцарската Агенција за...

Организацијата на жени од Струмица објавува оглас за избор на фирма за изработка и хостирање на веб страна за проектот „ВИВА“ - Клуб за психо-социјална поддршка на лица заболени и лекувани од карцином, кој се спроведува во рамките на програмата „Форуми во заедниците, имплементиран од страна на Центарот за Институционален Развој (ЦИРа), финансиски поддржан од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (СДЦ) и Општина Струмица.

Потребни спецификации околу изработката на веб страната:

  1. Дизајнот (изработка на графички банери, страници) и содржините да бидат прилагодени според намената и потребите на организацијата.
  2. Да има модерен дизајн и можност за ажурирање и надополнување на  содржините на повеќе јазици (покрај македонскиот јазик).
  3. Веб страната да има можност за најава на посетителите и со тоа да добијат одредени привилегии на истата.
  4. Поставените содржини да бидат достапни со опција за пребарување.
  5. Сопственикот на веб страната да може сам да ги ажурира содржините, без притоа да има потреба од програмирање.
  6. Да има вградено електронски форум.
  7. Да има можност за спроведување на електронски анкети, заради согледување на јавното мислење.
  8. Изработувачот на веб страната (апликацијата, форумот) да оддржи соодветна обука за администрирање, ажурирање и надополнување на веб страната.
  9. Почетните содржини на веб страната да бидат поставени од самиот изведувач.

Потребни спецификации околу хостирањето на веб страната:

  1. FTP пристап до содржините на веб страната.
  2. Минимум 1 Gb простор за содржините на веб страната.
  3. Сервер со можност за креирање на соодветна база на податоци.
  4. Можност за минимум 30 e-mail  адреси.
  5. Неограничен интернет сообраќај кон и надвор од веб страната.
  6. Можност за имплементација на форум.

Заинтересираните деловни субјекти своите понуди можат да ги достават најдоцна до Петок (06.11.2009 година), на следнава адреса:
Организација на жени – Струмица
Ул. Димитар Влахов 39,
или на е-маил:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

2009-10-20

30.10.2009 | ОДРЖАНА ТРЕТАТА СЕСИЈА ОД ПРОЕКТОТ “ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“
Главната улога на оваа сесија ја имаше градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев. Тој на присутните граѓани кои ги имаше во голем број им ги презентираше буџетските програми предвидени за реализација во наредната 2010 година. Започнувајќи од изградба на системи...

 

Одржана третата сесија во рамките на програмата форуми во заедницата во општина Струмица. Главната улога на оваа сесија ја имаше градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.
Тој на присутните граѓани кои ги имаше во голем број им ги презентираше буџетските програми предвидени за реализација во наредната 2010 година. Започнувајќи од изградба на системи за водоснабдување, реконструкција на локални патишта и улици, уредување на градежно земјиште, културни манифестации и творештво и ред други.

Луѓето од оперативната група кои на секоја средба се присутни се задоволни од текот на сесиите и веруваат дека со оваа форумска сесија ќе им се појаснат нештата на присутните граѓани и на крај да изгласаат проект од буџетската програма кој ќе биде од корист не само на поединци туку на целата општина во целост.

За наредната форумска сесија којa е предвидена во најскоро време беа запознаени и граѓаните. На неа ќе се разгледуваат буџетските план проекти предвидени за руралните места кои гравитираат во општина Струмица.



 


2009-10-20

29.10.2009 | Седница на Советот на Општина Струмица.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски ја закажа дванаесеттата седница на Советот на општина Струмица за 29.10.2009год. (четврток) во 12.00 часот.
Дневниот ред за дванаесеттата седница може да го превземете

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ дванаесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 29.10.2009 год. (четврток). Дванаесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог - Одлука за утврдување на потребата од изработување на локални урбанистички плански документации на подрачјето на општина Струмица; и
  2. Советнички прашања.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

 

2009-10-19

28.10.2009 | Бизнис ден за промоција на Словенечко Македонскиот бизнис клуб.
По повод промоција и претставување на членовите на Словенечко –Македонскиот Бизнис клуб, Општина Струмица беше домаќин на Бизнис ден во Струмица кој се одржа на 28 октомври, 2009 година во трговскиот центар “ГЛОБАЛ”. Настанот свечено го отвори градоначалникот

 

По повод промоција и претставување на членовите на Словенечко –Македонскиот Бизнис клуб, Општина Струмица  беше домаќин на Бизнис ден во Струмица кој се одржа на  28 октомври,  2009 година во трговскиот центар “ГЛОБАЛ”.
Настанот свечено го отвори градоначалникот на Општина Струмица г-дин Зоран Заев.
Обраќајќи им се на присутните тој искажа големо задоволство што Општината е домаќин на ваков настан кој го афирмира и унапредува прогресот во бизнисот и економијата. Почесниот гостин амбасадорот на Република Словенија во Македонија, г-дин Ален Бергант исто така им се обрати на локалните бизнисмени, стопанственици и други гости на бизнис денот и им посака и во иднина успешна меѓусебна економска соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија.
Меѓу компаниите кои имаа свое штандовскопретставување беа Фруктал Мак, Горење, Сава Инвест, Подгорка, Актон комуникации, Винар-винарска визба, Лашко комерц-Охрид, Крка Фарма, Илирика фонд менаџмент АД Вардар осигурување, Весна САП- Пробиштип, Метеорит-Битола, Космофон (Телеком Словенија Групација), Он нет (Телеком Словенија Групација),Ре тех- Словенија, како и компании од Струмица меѓу кои Маби Трејд Дентина- конзервна фабрика за овошје и зеленчук, ГРОЗД- Производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци, Мебел Ников - Производство на мебел, Агро Комерц 92 – конзервна фабрика, Тргопродукт –Конзервна фабрика и др.
По успешната промоцијата во трговскиот центар ГЛОБАЛ  бизнисмените присуствуваа и на бизнис средба и коктел во хотелот “Сириус” во Струмица, каде имаа прилика подобро да се запознаат, да воспостават нови пријателства, како и да разменат искуства и отворат можности за идна соработка, партнерство и деловни успеси. За било каква дополнителна информација во врска со настанот и Словенечко - Македонскиот бизнис клуб може да се контактира следниот  email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или телефоните/факс: 02 3244 096 и 034 348 024.







2009-10-18

22.10.2009 | Презентација на нови форми за здружување на земјоделските производители и перспективите на интегрално земјоделско производство.
Општина Струмица во соработка со Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделство, а во рамките на проектот на Германската Техничка Соработка – „Промоција на македонско земјоделско прехрамбен сектор“...

Општина Струмица во соработка со Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделство, а во рамките на проектот на Германската Техничка Соработка – „Промоција на македонско земјоделско прехрамбен сектор“  во ДОМ на АРМ одржа презентација со следниве теми:

  1. Организации на производители како ефикасна форма за здружување на земјоделските производители и најпогоден начин за заедничко уредување на пазарот со земјоделски производи и
  2. Потребата и перспективите на интегралното земјоделско производство во Република Македонија

Земјоделските производители се информираа за новите форми на здружувањето, како и перпективите за интегрално производство, со цел зајакнување на конкурентноста и оспособувањето за влез во Европската Унија.



2009-10-17

19.10.2009 | Претставници на Центарот за човекови права и разрешување на конфликти и Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје на работна средба со Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Постојаната комисија за Здравствена заштита, социјална заштита и заштита на правата на децата, како и претставници од Младинскиот совет - Детскиот парламент во Струмица, зарaди дефинирање на активностите во рамките на проектот „Општина по мерка на детето“...

Во домот на АРМ во Струмица се одржа работна средба помеѓу Претставници на Центарот за човекови права и разрешување на конфликти, Kанцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, Постојаната комисија за Здравствена заштита, социјална заштита и заштита на правата на децата, како и претставници од Младинскиот совет - Детскиот парламент во Струмица. На средбата беше разговарано за постигнатото во рамките на изминатaта прва фаза од проектот „Општина по мерка на децата“ и следствено на тоа беа дефинирани  активностите за следната втора фаза на проектот.
На средбата претставниците го искажаа огромното задоволство од напредокот на општината во изнаоѓањето на сите можни форми и веќе воспоставените механизми за структуирање на бројни органи и тела со кои на  децата и младите им се дава подеднаква можност за вклучување во процесите на одлучување и креирање на општинските политики и практики. Претставниците од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје  и Центарот за човекови права и разрешување на конфликти, Талев и Најчевска, постоењето на Младинскиот Совет на Општина Струмица – Детскиот парламент, како вистинска форма за вклучување на децата и младите, усогласен со високите европски стандарди и принципи, го истакнаа  како особено важен сегмент во целокупното општествено живеење на локалната заедница и државата, заради што истиот го посочија како добар пример и за другите општини во државата.

Страница 1 од 4

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544