Вести - Ноември 2009
2009-11-20 PDF Печати


30.11.2009 | Англиско катче во струмичката градска библиотека.
Во организација на Британскиот совет и Граѓанскиот информативен центар, денеска во Градската библиотека „Благој Јанков Мучето“ во Струмица ќе биде отворено катче за англиски јазик. Катчето ќе го отворат директорот на Британскиот совет во Македонија Лес Дејнџерфилд и директорката на струмичката библиотека Тања Гошева. Катчето ќе содржи преку 200 книги, помагала, прирачници и белетристика на англиски јазик.

 
2009-11-19 PDF Печати

27.11.2009 | Засадени дваесет и шест цреши во градскиот парк.

Еден дел од шеталиштето во градскиот парк во Струмица од денес ќе го красат дваесет и шесте јапонски цреши што младите од општина Струмица ги засадија во спомен и чест на животот и делото на славната македонска поп икона Тоше Проески....

Еден дел од шеталиштето во градскиот парк во Струмица од денес ќе го красат дваесет и шесте јапонски цреши што младите од општина Струмица ги засадија во спомен и чест на животот и делото на славната македонска поп икона Тоше Проески.

Со пригодна манифестација во организација на Општина Струмица и Младинскиот Совет Струмица, во соработка со ЈП Македонски шуми–подружница Струмица, споменот на легендарната македонска поп икона, струмичани  го одбележаа засадувајќи во градскиот парк дваесет и шест јапонски цреши кои ги симболизираат годините на прерано починатиот Тоше Проески.

Во спомен на животот и делото на Тоше Проески, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев заедно со младите од Малдинскиот Совет засади цреша како дел од дрворедот кој во иднина на граѓаните на општина Струмица  ќе ги потсетува на ликот и музиката на Тоше.







 

 
2009-11-18 PDF Печати

26.11.2009 | Општина Струмица дел од петтиот Саем на општините „Зелс Експо 2009 год“.
На 25 и 26 ноември, 2009 година, на Скопски саем во халата 1- Метрополис Арена, во Скопје, Општина Струмица заедно со повеќе од 50 локални самоуправи ги презентираа своите активности, постигнати резултати и идни проекти на Петтиот саем на општините „ЗЕЛС ЕКСПО 2009 год...

На 25 и 26 ноември, 2009 година, на Скопски саем во халата 1- Метрополис Арена, во Скопје, Општина Струмица заедно со повеќе од 50 локални самоуправи  ги презентираа своите активности, постигнати резултати и идни проекти на Петтиот саем на општините „ЗЕЛС ЕКСПО 2009 година, организиран од страна на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС.



На „ЗЕЛС ЕКСПО 2009“, што годинава се организира под мотото „Фискалната децентрализација и улогата и можностите за општините во Република Македонија“, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев  ги презентира општинските активности и достигнувања во рамките на спроведувањето на надлежностите на локалната самоуправа во процесот на децентрализацијата.



Овогодинешниот саем претставува прекрасна можност општините собрани на едно место, во текот на овие два саемски дена, меѓусебно да  разменуваат искуства и добри практики што ги реализирале во изминатиов период, како и да добијат повеќе информации за проектите на меѓународните организации присутни во нашата земја, наменети за зајакнување на процесот на децентрализација.





 
2009-11-17 PDF Печати

26.11.2009 | Одржана трибина на тема „Вклучи се: Сексуални права за сите“.
Во рамките на одбележувањето на петнаесет годишнината од одржувањето на Меѓународната конференција за наеление и развој, во Струмица во соработка помеѓу Општина Струмица, Младинскиот Совет Струмица и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. одржана триб...

Во рамките на одбележувањето на петнаесет годишнината од одржувањето на Меѓународната конференција за население и развој (International Conference on Population and Development – ICPD) во Каиро. Во 1994 година, кога 179 земји од светот, меѓу кои и Република Македонија, ја подржаа Програмата за акција чија што цел беше подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје за сите, во Струмица  одржана трибина на тема „Вклучи се: Сексуални права за сите“, како  дел од светските напори за посветување на поголемо внимание на сите релевантни институции за сексуалното и репродуктивното здравје и права на младите.
Општина Струмица преку Младинскиот Совет Струмица е дел од овогодинешните активности кои се одржуваат насекаде во светот  со една единствена цел „потсетување на  владите на ветувањата дадени пред 15 години“.

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев со своите видувања и ставови по оваа проблематика ги охрабри младите слободно и без никакви ораничувања или табуа да дискутираат на оваа тема се со цел унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје на младите.

Учесници во трибината освен младите од општина Струмица беа и експерти од Х.Е.Р.А., стручни лица од релевантните образовни и здравствени институции во градот, како и бројни претставници на невладините организации и други граѓани, кои дадоа особен конструктивен допринос во промовирањето на младинската Декларација, како и зголемување на поддршката на програмите кои што се насочени кон подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на младите во нашата земја, на национално и локално ниво.

 
2009-11-16 PDF Печати

26.11.2009 | СОВЕТОДАВНА ГРУПА НА ГРАЃАНИ НА ТЕМА „ПОЗНАВАЊЕ НА ДРОГАТА И ПРЕВЕНЦИЈА“.
Како дел од областите на дејствување на Локалниот совет за превенција на општина Струмица, на 25 ноември 2009 година, во просториите на основното училиште „Видое Подгорец“-Струмица, се одржа средба со родителите и претставниците од Советот на родители од училиштето...

Како дел од областите на дејствување на Локалниот совет за превенција на општина Струмица, на 25 ноември 2009 година, во просториите на основното училиште „Видое Подгорец“-Струмица, се одржа средба со родителите и претставниците од Советот на родители од училиштето, на тема „Познавање на дрогата и превенција“.
На средбата беа презентирани актуелни прашања:

-„Како да ги препознаете знаците на употреба на дрога кај вашето дете и што да сторите“,

-„Дрогата и младите“ и

-„Надлежност на овластените општински просветни инспектори во однос на сторена повреда во воспитно-образовниот процес која се однесува на користење дрога, алкохол и други опијати“.

На присутните им се обрати началникот на Одделението за превенција при СВР-Струмица, Хризантема Рендевска, а презентации одржаа Роберт Тренчев, виш инспектор за превенција, д-р Митко Коцев (Центар за третман на зависници „Св. Елисавета“) и Зоран Узунов, општински просветен инспектор.
На средбата присуствуваше и претставник од ОБСЕ-канцеларија во Скопје.
На крајот од средбата, заинтересираните родители поставија низа актуелни прашања до одговорните лица од полицијата, од кои добија соодветни одговори.
Родителите ја поздравија оваа средба и побараа повеќе вакви среќавања.




 

 
2009-11-15 PDF Печати

24.11.2009 | Седница на Советот на Општина Струмица.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски ја закажа четиринаесеттата седница на Советот на општина Струмица за 30.11.2009год. (понеделник) во 12.00 часот.
Дневниот ред за четиринаесеттата седница може да го превземете

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ четиринаесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 30.11.2009 год. (понеделник). Четиринаесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записниците од дванаесеттата и тринаесеттата седница на Советот на општина Струмица.

II

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог - Одлука за доделување признание „Почесен граѓанин на Струмица;
  2. Предлог - Одлука за прифаќање на Иницијативата за меѓуопштинска соработка за воспоставување на регионалиен систем за управување со цврст отпад во Југоисточниот плански регион;
  3. Предлог - Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка;
  4. Предлог-Одлука за формирање на Регион за управување со комунален цврст отпад во Југоисточниот плански регион;
  5. Предлог – Одлука за пристапување кон системот на регионално управување со комунален цврст отпад во Југоисточниот плански регион;
  6. Предлог-Одлука за формирање на меѓуопштинско работно тело за воспоставување на регионален систем за регионално управување со комунален цврст отпад;
  7. Предлог - Решение за именување на член и заменик член на Меѓуопштинското работно тело за воспоставување на меѓуопштинска соработка за воспоставување на регионален систем за регионално управување со комунален цврст отпад;
  8. Предлог – Одлука за партнерство на Општина Струмица во реализација на проектот „Интегриран пристап во развојот на туризмот во Југоисточниот плански регион“;
  9. Предлог – Одлука за партнерство на Општина Струмица во реализација на проектот „Зелена агенда во 10 општини во Југоисточниот плански регион“;
  10. Информација за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија на локално и регионално ниво;
  11. Предлог - Правилник за дополнување на Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишна општинска награда – „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.
  12. Предлог – Одлука за потврдување на статусот и својството член на ЗЕЛС на Општина Струмица;
  13. Предлог – Одлука за определување намена на средства од данокот на имот за развој на културата и спортот;
  14. Предлог – Одлука за отстапување на музички инструмент – полуконцертно пијанo;
  15. Предлог – Одлука за отстапување на нагледно средство - спортски семафор;
  16. Предлог – Одлука на отстапување на клупи, корпи за отпадоци , канти за смет и контејнери за собирање на комунален цврст отпад;
  17. Предлог- Одлука за отстапување на калап за изготвување на столен медал на „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“;
  18. Предлог - Програма за дополнување на Годишната програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2009 година;
  19. Предлог - Одлука за утврдување на потребата од изработување на локални урбанистички плански документации на подрачјето на општина Струмица; и
  20. Предлог - Одлука за одземање на надлежност на ЈПКД „Комуналец“ за вршење на погребални услуги;
  21. Предлог – Одлука за избор на член на Советот на општина Струмица кој ќе учествува во процесот на одлучување за прашања на конфликт на интереси на Градоначалникот на општина Струмица.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

 
2009-11-14 PDF Печати

23.11.2009 | СВР Струмица воведе двосменско работење за издавање лични карти во седум општини од југоисточниот регион.
Службата за лични карти при Одделението за управни работи на СВР Струмица воведе двосменско работење во седум општини од југоисточниот регион со цел граѓаните навремено да поднесат барања за подигање и издавање на лична карта. Според известувањето на Канцеларија за односи со...

Службата за лични карти при Одделението за управни работи на СВР Струмица воведе двосменско работење во седум општини од југоисточниот регион со цел граѓаните навремено да поднесат барања за подигање и издавање на лична карта.

Според известувањето на Канцеларија за односи со јавноста, граѓаните кои живеат на територијата на општините Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Гевгелија, Дојран и Богданци секој работен ден од 7 до 22 часот ќе можат да аплицираат за добивање нови биометриски лични карти.

 
2009-11-13 PDF Печати

23.11.2009 | НОВИ ЕКОЛОШКИ ОСТРОВИ НА ТРИ УЛИЦИ ВО СТРУМИЦА.
Во Струмица се поставени нови канти за смет со регулирање на посебни видови отпад, односно со издвојување на пластиката од другиот смет и тоа на улиците „Маршал Тито“, „Јанко Цветинов“ и „Невена Стојкова“. Целта на оваа акција, со која досега е покриена речиси половина Струмица, е издвојување на пластиката и нејзино понатамошно рециклирање, а се во функци...

Во Струмица се поставени нови канти за смет со регулирање на посебни видови отпад, односно со издвојување на пластиката од другиот смет и тоа на улиците „Маршал Тито“, „Јанко Цветинов“ и „Невена Стојкова“.



- Целта на оваа акција, со која досега е покриена речиси половина Струмица, е издвојување на пластиката и нејзино понатамошно рециклирање, а се во функција на заштита на животната средина. Затоа, ние постојано апелираме до граѓаните да го издвојуваат пластичниот од другиот комунален отпад и да го фрлаат во посебни канти поставени за таа намена во повеќе делови од градот. Ова е во согласност со законските прописи во земјите од Европската Унија. Најдоцна до 2013 година и Македонија ќе мора целосно да ги имплементира сите еколошки стандарди, велат во Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица.

Акцијата за селектирање и собирање на пластичниот отпад во Општина Струмица успешно се спроведува веќе неколку години и постојано се проширува благодарение на добрата соработка меѓу локалната самоуправа, ЈПКД „Комуналец“ и ЕД „Планетум“, но и како резултат на се поразвиената еколошка свест кај граѓаните.





 
2009-11-12 PDF Печати

19.11.2009 | КОНСТИТУТИВЕН СОСТАНОК НА СОВЕТОДАВНА ГРУПА НА ГРАЃАНИ ОД ТРЕТА И ОСМА УРБАНА ЗАЕДНИЦА.
Во рамките на соработката општина-граѓани-полиција, во четврток на 19 ноември 2009 година, во просториите на основното училиште „Маршал Тито“-Струмица, се одржа конститутивен состанок на СГГ (советодавна група на граѓани), што претставува дел од општата заложба на формираниот...

Во рамките на соработката општина-граѓани-полиција, во четврток на 19 ноември 2009 година, во просториите на основното училиште „Маршал Тито“-Струмица, се одржа конститутивен состанок на СГГ (советодавна група на граѓани), што претставува дел од општата заложба на формираниот Локален совет за превенција во општина Струмица, да се разговара за проблемите што граѓаните се среќаваат во секојдневниот живот, како во делот на јавната безбедност, така и за сите општи прашања од областите на интерес за секој поединечно или за урбаната заедница во целост.
На состанокот присуствуваа претседателите и советите на трета и осма урбана заедница, советниците од општина Струмица, Бранко Бенинов и Амет Камберов,  родители на ученици, граѓани од урбаните заедници, наставници од училиштето, претставници од локалната самоуправа и претставници од Одделението за превенција при СВР-Струмица.
Граѓаните и претставниците од урбаните заедници насочија неколку проблеми со кои се среќаваат во секојдневниот живот и кои директно влијаат врз однесувањето во нивната поблиска околина.
Така, се разговараше за кучињата скитници, за безбедноста по улица 5-ти Ноември, за ситните кражби по куќите, дворовите и гаражите, бесправната сеча на дрво во нискиот појас на шумата околу Струмица, проблемот со пополнување на формулари за лични карти од страна на лицата кои се недоволно описменети, за потреба од спортско игралиште во трета урбана заедница, за неодговорните граѓани кои градат кокошарници и други слични објекти за чување животни, за потреба од т.н. „легнати полицајци“ на одредени улици и други прашања. За повеќето прашања и проблеми одговор даде началникот на Одделението за превенција при СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.
Особено внимание беше посветено на децата од турската националност, кои не се запишани во прво одделение и учениците кои повеќе од 30 дена неоправдано не посетуваат редовна настава. За таа цел свое обраќање имаше овластениот просветен инспектор за општина Струмица, Зоран Узунов.             Состанокот заврши со одредени заклучоци за преземање мерки и активности за насочените проблеми, со закажување на нов термин за одржување на СГГ.






 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред123СледноКрај»

Страница 1 од 3