Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Декември 2009

2009-12-11


31.12.2009 | Новогодишно обраќање на Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.
Почитувани сограѓани, еве сме на прагот на уште еден миг кога заеднички ќе го одбројуваме времето во знак на премостување на минатото и иднината, миг кој не кани да свртиме нова страница во нашето живеење, со желба таа страница да биде поуспешна и со побогата содржина од претходната. Дочекот на новата година не е само чин на премин, туку и чин на верба, надеж...

Почитувани сограѓани,

Еве сме на прагот на уште еден миг кога заеднички ќе го одбројуваме времето во знак на премостување на минатото и иднината, миг кој не кани да свртиме нова страница во нашето живеење, со желба таа страница да биде поуспешна и со побогата содржина од претходната.

Дочекот на новата година не е само чин на премин, туку и чин на верба, надеж и љубов, нешта кои го оправдуваат смисолот на битисувањето и живеењето. Секогаш кога се стремиме кон нешто подобро, нешто поубаво и повозвишено, тогаш сме свесни дека постоиме. Ако се согласиме дека се што е ново не води кон прогрес, тогаш логично е да очекуваме дека Новата година е предизвик повеќе за остварување на нашите стремежи, макар што знаеме совршено добро дека сето тоа има само симболично значење.

Новата година нема да ни донесе ништо добро, доколку самите не се погрижиме таа да ни биде таква каква што ја посакуваме. Среќата е збор кој најчесто го употребуваат сите во вакви прилики, но никој до крај не успеал да ја дефинира нејзината веродостојност и значење.

Затоа велиме дека секој е ковач на сопствената среќа. Ако е така, тогаш време е заеднички да поработиме на нашата колективна среќа, а не индивидуалната среќа да биде на сметка на туѓата несреќа и обратно. Колку ќе успееме во тоа, зависи од нас. Нашето досегашно искуство треба да претставува добра основа на идните размислувања и дејствувања. Ние најдобро знаеме што е она што треба да го заборавиме, а што е она што треба да го прифатиме за во иднина. Да ги погребаме суетите, себичноста, нечовечноста, лошите мисли, отсуството на совеста и сите неубави работи кои ја нагризуваат човечноста во човека. Од друга страна да им дадеме можност да воскреснат во нас сите човечки вредности и доблести. На тој начин ќе си помогнеме себе си и на сите околу нас. Сплотеноста и единството треба да не красат но не само како луѓе кои напразно ги споменуваат овие зборови туку како луѓе кои сакаат да ја почуствуваат содржината на тие зборови.

Се збогуваме со една исклучително тешка и кризна година. Што остваривме во неа ќе покаже времето. Не е ред самите да зборуваме за себе. Не очекува нова и неизвесна година полна со предизвици. Со што ќе ја одбележиме истата, повторно времето ќе го даде сопствениот суд. Но она што мора да го знаеме сите е дека не смееме да останеме пасивни набњудувачи на нашата блиска иднина туку нејзини активни креатори.

Ние возрасните оддамна престанавме да веруваме во Дедо Мраз, но не треба да си дозволиме да ги натераме и децата да престанат да веруваат во него. Нивните желби се наша обврска.

Нивниот дедо Мраз, тоа сме сите ние. Нивната иднина зависи од тоа како ние се однесуваме кон сегашноста.

Време е да се погледнеме себе си и да си дадеме одговор на повеќе прашања за да можеме да се препознаеме. Време е да го разбудиме човекот во нас. Ќе си помогнеме себе си ако им помогнеме и на другите. За нас и нашите семејства, за нашиот град и општина, за нашата Македонија, заедничкиот нашвлог е повеќе од неопходен. Колку ќе биде тој влог поголем толку ќе ни биде поубав животот. Ако споделената радост е поголема радост тогаш дозволете ми како Ваш Градоначалник да бидам дел од вашата новогодишна радост.

Нека Ви е среќна Новата 2010 година и нека Ви донесе здравје, успех и благосостојба.


Кога празнувате, нека празнува и Вашата душа.

2009-12-10


29.12.2009 | Седница на Советот на Општина Струмица.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски ја закажа шеснаесеттата седница на Советот на општина Струмица за 05.01.2010год. (вторник) во 12.00 часот.
Дневниот ред за шеснаесеттата седница може да го превземете

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕСНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ шеснаесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 05.01.2010 год. (вторник). Шеснаесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата  го предлагам следниот:

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог-Одлука за долгорочно задолжување на Општина Струмица;
  2. Предлог - Заклучок за давање согласност на Одлука на Училишниот одбор на СОУ „Никола Карев“ за прифаќање понуда за изработка на инвестициона студија;
  3. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на подрачјето на Oпштина Струмица.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

 

2009-12-9


25.12.2009 | Конститутивен состанок на советодавна група на граѓани од месна заедница во село Баница.
Во рамките на соработката ОПШТИНА-ГРАЃАНИ-ПОЛИЦИЈА, во четврток на 24 декември 2009 година, во просториите на Подрачното основно училиште во село Баница, се одржа конститутивен состанок на СГГ (советодавна група на граѓани), што претставува дел од општата заложба на...

Во рамките на соработката ОПШТИНА-ГРАЃАНИ-ПОЛИЦИЈА, во четврток на 24 декември 2009 година, во просториите на Подрачното основно училиште во село Баница, се одржа конститутивен состанок на СГГ (советодавна група на граѓани), што претставува дел од општата заложба на формираниот Локален совет за превенција во општина Струмица, да се разговара за проблемите со кои се среќаваат граѓаните во секојдневниот живот, како во делот на јавниот ред и мир и општата безбедност, така и за сите општи прашања од областите кои се од интерес за секој поединечно или за месната заедница во целост.
Граѓаните од оваа месна заедница ги истакнаа своите лични и заеднички проблеми, кои, како што рекоа, иако се на мала оддалеченост од градот Струмица, не им овозможуваат осовременување и подобрување во сегментот на комуналната и сообраќајната инфраструктура и воопшто напредокот на селото во целост.
Со посебен акцент беа наброени идентификуваните проблеми за состојбата со патиштата во селото, за потребата од воведување водоводен приклучок во секоја куќа, за изградба на канализациона мрежа, за подобрување на осветлувањето со улични светилки, за потребата од почести посети од полициски патроли, за подобрување на наставата во училиштето со воведување компјутерска мрежа (како и во градските училишта), за потребата од депонија за отпадоците од фолиите и други потреби.

Состанокот заврши со одредени заклучоци за преземање мерки и активности за насочените проблеми, со закажување на нов термин за одржување на СГГ.

2009-12-8

18.12.2009 | Во Струмица започна со работа Тераписката заедница ПОКРОВ.
Тераписката заедница ПОКРОВ е заеднички проект на НВО Избор и МПЦ Струмичка Епархија сместена помеѓу с.Баница и с.Водоча (околу 5 км. оддалечено од Струмица) на површина од седум хектари и претставува непрофитабилна (здравствена) организација...

 

Терапискаата заедница  ПОКРОВ е заеднички проект на  НВО Избор и МПЦ Струмичка Епархија сместена помеѓу с.Баница и с.Водоча (околу 5 км. одалечено од Струмица)  на површина од седум хектари и претставува непрофитабилна (здравствена) организација. Реконструкцијата на просторот во кој може да се сместат првите 45 згрижени лица е овозможен преку програмата “Форуми во  заедницата, водена и координирана од ЦИРа.
Најголем дел од средствата во проектот ПОКРОВ се донирани од Швајцарска агенција за развој (СДЦ), Општина Струмица, Струмичка Епархија, сопствени извори, локален бизнис сектор.

ФОТО Галерија:


 

Буџет

  1. Швајцарска агенција за развој  4.000.000 денари
  2. Општина Струмица  2.000.000 денари
  3. МПЦ - Епархија Струмичка, Избор, Локален бизнис сектор (Нипром) 2.900.000 дернари

ВНАТРЕШНО ОПКРУЖУВАЊЕ
Целокупната површина на објектот е 420 м2.
Објектот го сочинуваат 15 трокреветни соби од кои 12 се предвидени за машки, а три за женски лица. Машкиот од женскиот дел е физички одвоен. Деловите имаат засебни санитарни чворови и бањи. Дневниот престој и трапезаријата се на простор од 90 квадратни метри, а има посебни простории за чување храна, кујна и перална. Објектот има два влеза  службен и економски. Има просторија за одговорно лице и посебен санитарен чвор за персоналот кој работи во кујната.
Останатите активности предвидени со програмата ќе ги обавуваме во специјализирани простории кои ги имаме на располагање.
Изведувач:   АРХИГОТА
Надзор:      ЕУРОМОНТА

Персонал во ТЗ Покров

  1. Координатор
  2. Психолог (2), социјален работник, лекар, спортски тренер, претставници од целната група во стабилна состојба - оператори, волонтери, правен советник, сметководител,
  3. Експерт за органско производство,
  4. Други експерти по потреба

 

2009-12-7

18.12.2009 | Во Струмица отворен Клуб за психосоцијална подршка на лица заболени и лекувани од карцином „ВИВА“.
Во организација на Организацијата на жени од Струмица беше отворен Клуб за психосоцијална поддршка на лица заболени и лекувани од карцином „Вива“. Проектот е реализиран преку Програмата „Форуми во заедницата“, а е имплементиран од Центарот за институционален развој

Во организација на Организацијата на жени од Струмица беше отворен Клуб за психосоцијална поддршка на лица заболени и лекувани од карцином „Вива“.

Проект е реализиран преку Програмата „Форуми во заедницата“, а е имплементиран од Центарот за институционален развој ЦИРА и финансиски подржан од Швајцарската агенција за соработка и развој. Во активностите за формирање на клубот учествуваа невладините „Животна искра“, „Хуманита“ и „Аквила Ауреа Македоника“ и  Здружението на глуви и наглуви лица од Струмица.

- Основна задача на клубот „Вива“ е давање психо-социјална подршка на лицата заболени и лекувани од карцином и нивно јакнење во справувањето со последиците од болеста,  изјави на отворањето Иринка Трајкова, претседател на Организаијата на жени од Струмица.

Во рамките активности ќе бидат вклучени и креативни работилници за посебни таленти, а работата на клубот доброволно ќе ја помагаат лекари, психолози, социолози и други стручни лица.

2009-12-6


15.12.2009 | Одржана јавната расправа за гасификација на општина Струмица.

Во Струмица на ден 15.12.2009 година во Дoмот на АРМ се одржа Јавна расправа за можностите и условите за задолжување на општината заради реализација на проектот „ Гасификација на Општина Струмица“.

Во Струмица на ден 15.12.2009 година во Дoмот на АРМ се одржа Јавна расправа за можностите и условите за задолжување на општината заради реализација на проектот „Гасификација на Општина Струмица“.


Во рамките на јавната расправа, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев пред многубројните граѓани и претставници на јавниот, приватниот и невладиниот сектор, го презентираше проектот Гасификација на Општина Струмица базиран на Системот на виртуелен гасовод и можноста за негово финансирање преку Проектот за подобрување на општинските услуги-Можности за кредитирање на општините-Светска банка.

Можноста Струмица во наредниот период да ги ползува придобивките од таквиот модел на гасовод, беше доволен мотив за силна дебата, која  продуцираше едногласна граѓанска поддршка за реализација на овој општински проект.









Страница 1 од 2

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544