Вести - Февруари 2010
2010-2-11 PDF Печати


25.02.2010 | Седница на Советот на Општина Струмица.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски ја закажа осумнаесеттата седница на Советот на општина Струмица за 03.03.2010год. (среда) во 12.00 часот.
Дневниот ред за осумнаесеттата седница може да го превземете

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ОСУМНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ осумнаесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 03.03.2010 год. (среда). Осумнаесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата  го предлагам следново:

I
Усвојување на записникот од седумнаесеттата седница на Советот на општина Струмица.

II
Д н е в е н    р е д

  1. Нацрт - План измена и дополнување на Генералниот урбанистички план на град Струмица за плански период 2006-2020;
  2. Известување за спор помеѓу ЈПКД „Комуналец“ и Водостопанство „Струмичко поле“ за цената на суровата вода;
  3. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Струмица;
  4. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување надоместоци на членовите на Советот на општина Струмица;
  5. Предлог-Правилник за организирање и одржување на форумите на заедницата во Општина Струмица;
  6. Предлог за давање согласност на Одлуката за цени на УО на ЈПКД „Комуналец” за издавање продажни места за млечни производи во ТЦ „Глобал“ Струмица;
  7. Предлог за давање согласност на Одлука за цени на УО на ЈПКД „Комуналец” за висина на надомест за дезинфекција при влез во сточен пазар;
  8. Предлог-Одлука за доделување парична помош Никола Ѓеоргиев од Просениково;
  9. Предлог-Одлука за доделување парична помош на Благој Витанов од Струмица.

 

Напомена: Дополнителни информации за ГУП можат да се добијат во Оддлението за урбанизам

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

 
2010-2-10 PDF Печати

24.02.2010 | Оглас за избор на двајца консултанти и еден асистент.
За потребите на пректот „Зајакнување на капацитетите на образовните институции во Општина Струмица за вклучување на родовата перспектива во образованието и искоренување на родовите стереотипи“, општина Струмица во соработка со локалната Комисија за еднакви можности во рамките на проектот за спроведување на локалниот Акциски план за родова...

За потребите на пректот „Зајакнување на капацитетите на образовните институции во Општина Струмица за вклучување на родовата перспектива во образованието и искоренување на родовите стереотипи“, општина Струмица во соработка со локалната Комисија за еднакви можности во рамките на проектот за спроведување на локалниот Акциски план за родова еднаквост распишува,

О Г Л А С

За избор на двајца консултанти и еден асистент за следната тема: „Зајакнување на капацитетите на сите образовни институции во Општина Струмица за вклучување на родовата перспектива во образованието и искоренување на родовите стереотипи“.
Двајцата консултанти ќе бидат ангажирани во времетраeње од 2 месеци, со флексибилно работно време.

Потребни квалификации и искуство:

  1. Да имаат завршено високо образование во областа на општествените науки (филозофски, правен, психологија, и сл.),
  2. Да имаат познавања од прашањата на родовиот концепт,
  3. Да имаат искуство во спроведување на обуки на теми сродни и блиски на темата за родовата еднаквост,
  4. Да имаат искуство во подготовка на прашалници или спроведување истражувања,
  5. Познавање на aнглиски јазик,
  6. Активно користење на компјутер (WORD, EXCEL, INTERNET)
  7. Искуство во работа со невладини организации,
  8. Искуство во фасилитација, координација и известување,
  9. Наклонетост кон тимска работа
  10. Да поседува комуникациски вештини.

Локалниот акциски план за родова рамноправност за Општина Струмица 2010-2012 е подготвен од страна на Координаторот за еднакви можности за Општина Струмица и Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Струмица и има за цел да го промовира и поттикне воспоставување на еднакви можности за жените и мажите и да ја развие родовата перспектива како концепт на родови разлики или прифаќања во сите области на социјалниот живот особено во образовниот систем.
Оваа проектна активност ќе биде финансирана со средства од УНДП во рамките на проектот „Поддршка на комисиите за еднаквни можости за жените и мажите при единиците на локална самоуправа“ со кофинансирање од Општина Струмица.
Изборот на кандидати ќе се врши од страна на координаторот вклучен во реализација на проектот и локалната Комисија за еднакви можности.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 01 март 2010 година, на следнава адреса: Општина Струмица, Координатор за еднакви можности, ул „Сандо Масев“ бр.1, (со назнака: за проект) или на е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , координатор на проект, Борис Димитријев.
За дополнителни информации, контакт на тел. 034/348-030 или 076/483-084.

Општина Струмица,
Градоначалник,
Зоран Заев

 

 

 
2010-2-9 PDF Печати

24.02.2010 | Јавен повик за прибирање проекти од областа на Руралниот развој.
Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица„ бр5/06), Градоначалникот на општина Струмица објавува јавен повик. Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата на граѓани и фондации со...


 
2010-2-8 PDF Печати

19.02.2010 | Јавен повик за прибирање проекти од областа на ЛЕР, Заштита на животна средина, образование и култура.
Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица„ бр5/06), Градоначалникот на општина Струмица објавува јавен повик. Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата на граѓани и фондации со...

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник  на Општина Струмица„ бр5/06),  Градоначалникот на општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за прибирање проекти од областа на ЛЕР, Заштита на животна средина, образование и култура од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица во рамките на стратешките - развојни документи на општината, финансирани од Буџетот на Општина Струмица за 2010 година
Финансиските средства предвидени во Програмата G1, Поддршка на ЛЕР Од Буџетот на Општина Струмица за 2010 година ќе се доделуваат еднократно по проект на Здрженија на граѓани и Фондации од  областа на ЛЕР, Заштита на животна средина, образование и култура.

Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата на граѓани и фондации со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации;
-корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Струмица;
-остварување на програмите и дејствувањето на корисниците согласно законот, и

Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
- предлог проектите  да кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Струмица до 2015 година
- во апликациониот формулар да биде наведено, предлог проектот, со која стратешка цел и приоритет  и во рамките на кој стратешки развоен документ е поврзан.
- за сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10% од вкупниот буџет на проектот.
- Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во предлог проектот.

Времетраење
Предвидениот период за реализација на проектните активности да бидат до15 декември 2010 год.

Потребна документација која здружението на граѓани и фондацииите треба да ги достават кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации
Покрај пријавата за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите која треба да биде пополнета  /со печатни букви во кирилско писмо/ потпишана од застапникот на здружението на граѓани или фондацијата и заверена со печат на здружението на граѓани или фондацијата, здружението на граѓани или фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:
1.Пополнет „Апликационен формулар со буџет“. Празен формулар може да се симне од следниов линк http://www.strumica.gov.mk/downloads/javni_povici/formular_nvo.doc
2.Копије од Решението за упис во регистарот на Здруженија на граѓани и фондации,
3.профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти
4. Да достават Годишна програма на активности за 2010 година;
5. Извештај за добиените средства од Општината Струмица во  изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.
6.Електронска верзија на предлог проектот –ЦД
Проектната документација треба да биде доставена во 1(еден) оригинал и 2(две) копија

Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е 19.03.2010 година, до 16 часот.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица-Сектор за ЛЕР и Заштита на животна средина
Ул.„Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица
На пликот треба да пишува „Не отварај“ и Програма G1,

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Здруженијата на граѓани или фондации учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од  15 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Струмица за 2010 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фондации.

Лице за контакт:
Тони Милушев
Општина Струмица/одделение за ЛЕР
Тел:034/340 224.
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
ЗОРАН ЗАЕВ



 

 
2010-2-7 PDF Печати

19.02.2010 | Јавен повик за прибирање проекти од областа на Социјална заштита.
Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува јавен повик. Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата на граѓани и фондации со...

 

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник  на Општина Струмица„ бр5/06),  Градоначалникот на општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за прибирање проекти од областа на Социјална заштита од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица во рамките на стратешките - развојни документи на општината, финансирани од Буџетот на Општина Струмица за 2010 година.
Финансиските средства предвидени во Програмата V2, Програма за социјална заштита Од Буџетот на Општина Струмица за 2010 година ќе се доделуваат еднократно по проект на Здрженија на граѓани и Фондации од  областа на Социјалната заштита.

Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата на граѓани и фондации со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации;
-корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Струмица;
-остварување на програмите и дејствувањето на корисниците согласно законот, и

Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
- предлог проектите  да кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Струмица до 2015 година
- во апликациониот формулар да биде наведено, предлог проектот, со која стратешка цел и приоритет  и во рамките на кој стратешки развоен документ е поврзан.
- за сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10% од вкупниот буџет на проектот.
- Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во предлог проектот.

Времетраење
Предвидениот период за реализација на проектните активности да бидат до 15 декември 2010 год.

Потребна документација која здружението на граѓани и фондацииите треба да ги достават кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации
Покрај пријавата за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите која треба да биде пополнета  /со печатни букви во кирилско писмо/ потпишана од застапникот на здружението на граѓани или фондацијата и заверена со печат на здружението на граѓани или фондацијата, здружението на граѓани или фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:

1.Пополнет „Апликационен формулар со буџет“ кој може да го симнете од следниов линк: http://www.strumica.gov.mk/downloads/javni_povici/formular_socijalna_zastita.doc
2.Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија на граѓани и фондации,
3.профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти
4. Да достават Годишна програма на активности за 2010 година;
5. Извештај за добиените средства од Општината Струмица во  изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.
6.Електронска верзија на предлог проектот –ЦД
Проектната документација треба да биде доставена во 1(еден) оригинал и 2(две) копии

Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 19.03.2010 година, до 16 часот.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица-Сектор за ЛЕР и Заштита на животна средина
Ул.„Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица

На пликот треба да пишува „Не отварај“ и Програма V2,

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Здруженијата на граѓани или фондации учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од  15 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Струмица за 2010 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фондации.

Лице за контакт:
Тони Милушев
Општина Струмица/одделение за ЛЕР
Тел:034/340 224.
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
ЗОРАН ЗАЕВ

 

 
2010-2-6 PDF Печати

19.02.2010 | Јавен повик за прибирање проекти заради зголемување на зелените површини во Општина Струмица.
Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува јавен повик. Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата на граѓани, Фондации и...

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник  на Општина Струмица„ бр5/06),  Градоначалникот на општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за прибирање проекти заради зголемување на зелените површини во Општина Струмица од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица во рамките на стратешките - развојни документи на општината, финансирани од Буџетот на Општина Струмица за 2010 год.
Финансиските средства предвидени во Програмата ЈМ, Паркови и зеленило од Буџетот на Општина Струмица за 2010 година, ќе се доделуваат еднократно по проект на Здрженија на граѓани,Фондации и Еколошки друштва заради зголемување на зелените површини во  Општина Струмица.

Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата на граѓани, Фондации и Еколошки друштва со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации;
-корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Струмица;
-остварување на програмите и дејствувањето на корисниците согласно законот, и

Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
- предлог проектите  да кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Струмица до 2015 година
- во апликациониот формулар да биде наведено, предлог проектот, со која стратешка цел и приоритет  и во рамките на кој стратешки развоен документ е поврзан.
- за сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10% од вкупниот буџет на проектот.
- Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во предлог проектот.

Времетраење
Предвидениот период за реализација на проектните активности да бидат до 15 декември 2010 год.

Потребна документација која здружението на граѓани и фондацииите треба да ги достават кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации
Покрај пријавата за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите која треба да биде пополнета  /со печатни букви во кирилско писмо/ потпишана од застапникот на здружението на граѓани или фондацијата и заверена со печат на здружението на граѓани или фондацијата, здружението на граѓани или фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:

1.Пополнет „Апликационен формулар со буџет“ кој може да го симнете од следниов линк: http://www.strumica.gov.mk/downloads/javni_povici/formular_zeleni_povrsini.doc
2.Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија на граѓани и фондации,
3.профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти
4. Да достават Годишна програма на активности за 2010 година;
5. Извештај за добиените средства од Општината Струмица во  изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.
6.Електронска верзија на предлог проектот –ЦД
Проектната документација треба да биде доставена во 1(еден) оригинал и 2(две) копии

Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за доставување на пријавите е 19.03.2010 година, до 16 часот.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица - Сектор за ЛЕР и Заштита на животна средина
Ул. „Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица

На пликот треба да пишува „Не отварај“ и Програма JM,

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Здруженијата на граѓани или фондации учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од  15 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Струмица за 2010 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фондации.

Лице за контакт:
Панче Беџовски
Општина Струмица/Одделение за ЛЕР
Тел:034/340 224
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
ЗОРАН ЗАЕВ

 

 
2010-2-5 PDF Печати

19.02.2010 | Јавен повик до спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица.
Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува јавен повик. Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот...

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник  на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

до спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица во рамките на програмата за спорт (L0) од Буџетот на Општина Струмица за 2010 година.
Право на учество:
- Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот.
- Субјектите мора да делуваат на територијата на Општина Струмица

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
- го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
- ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.
- ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;
- го организираат и спроведуваат системот на натпревари
- се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри
- се грижат за унапредување на младите категории
- да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.

Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:
- Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
- Годишна програма за работа за тековната 2010 година;
- Наративен извештај за потрошените средства добиени од Општина Струмица за минатата 2009 година; 
- Формулар за аплицирање (кој може да се подигне од општина Струмица или од следниов линк http://www.strumica.gov.mk/downloads/javni_povici/formular_sport.doc).

Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за поднесување на пријавите е  08.03.2010 година (Понеделник) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:

Општина Струмица
Ул.„Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица

На пликот треба да пишува „Не отварај“ со назнака  за L0 (Спорт)
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите најдоцна во рок од 7 дена од крајниот рок за пријавување.

Лице за контакт:
Ристо Секулов / соработник за спорт
Општина Струмица
Тел:034/340 224
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
ЗОРАН ЗАЕВ

 
2010-2-4 PDF Печати

19.02.2010 | Општина Струмица во партнерска соработка со Федерацијата на фармери од општина Струмица организира школа по англиски јазик за земјоделците.
Намерата на општината континуирано да ги гради капацитети на земјоделците заради нивно полесно пробивање на странските пазари, беше доволен мотив за Федерацијата на фармери од општина Струмица да се вклучи...

Општина Струмица во партнерска соработка со Федерацијата на фармери од општина Струмица организира школа по англиски јазик за земјоделците.

Намерата на општината континуирано да ги гради капацитети на земјоделците заради нивно полесно пробивање на странските пазари, беше доволен мотив за Федерацијата на фармери од општина Струмица да  се вклучи во реализацијата на проектот „ Школа за англиски јазик за Струмичките земјоделци “.
Школата по англиски јазик ќе биде организирана во локалните училишта во населените места Куклиш, Муртино и Просениково.

Целта на проектот е кај младите фармери да се акцентира потребата од познавање на Англискиот јазик, заради непречена комуникација со странските производители и откупувачи на земјоделските производи од нашето поднебје.

 
2010-2-3 PDF Печати

18.02.2010 | Блокиран општинскиот буџет на Струмица.
Дозволете на самиот почеток да ве информирам дека слични прес конференции, ако не и идентични, во моментов се одржуваат и во општините: Куманово, Охрид и Струга. Еве зошто тоа е така. Лудилото во Р.Македонија продолжува, но тоа од ден на ден се засилува се повеќе и повеќе. Писмото на Никола Груевски за финалната пресметка со сите оние што не се негови истомисленици...

Дозволете на самиот почеток да ве информирам дека слични прес конференции, ако не и идентични, во моментов се одржуваат и во општините: Куманово, Охрид и Струга. Еве зошто тоа е така.

Почитувани,
Лудилото во Р.Македонија продолжува, но тоа од ден на ден се засилува се повеќе и повеќе. Писмото на Никола Груевски за финалната пресметка со сите оние што не се негови истомисленици добива своја реализација.

Вчера по основ на долг на нашите комунални претпријатија, за кредит од 2001 година, по МЕАП програмата, Министерството за финансии се дрзна да одземе огромни финансиски средства од општинските каси на пет Општини од кои дури во четири градоначалниците не се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа државата прави директен атак врз еден од најпозитивните процеси во Р.Македонија - децентрализацијата. За прв пат во 18-годишната историја на нашава земја, државата се осудува финансиски да блокира општински буџети, што е нон сенс за една земја која има аспирации да биде дел од современото европско семејство.
Ова е направено со добро осмислено партиско-политичко сценарио и со подла намера, да биде оневозможено редовното извршување на нашите секојдневни надлежности. Со тоа директно се загрозува работењето на општините: Струмица, Куманово, Охрид, Струга и Штип. Овој наш заклучок го темелиме на два непобитни факти.
Прво, должници се комуналните претпријатија, а се блокираат директно буџетите на Општините, без било каква претходна постапка кон споменатите претпријатија. Второ, ова се случува во време кога сите државни јавни претпријатија добија можност за бришење на каматите за даночни долгови кон државата, со грејс период од 3 години и 10 години рок на отплата. Се прашуваме, дали нашите пет општини се, или не се дел од оваа држава и дали во овие општини не живеат граѓани на Р.Македонија.
Намерата на Владата е повеќе од очигледна, да се сотре се во оваа земја што не е под раководство на ВМРО ДПМНЕ. За постигнување на таа цел, партиско-владиниот апарат на Груевски не избира средства и методи, притоа ставајќи го во списокот и Штип како жртвено јагне за да изгледа сета работа непристрасно. Впрочем таквата целофан шема на ВМРО ДПМНЕ е позната и од изминатиот период.
Како општини со преку 327.000 жители кои покриваат 15,6% од севкупното население на Р.Македонија апелираме и јавно бараме:

Министерството за финансии веднаш да ги врати парите во нашите општински буџети и преку разговори да изнајдеме заеднички прифатливо решение за овој проблем.
До крајот на неделата, претседателот на ЗЕЛС да свика итна седница на која ќе расправа и одлучува по оваа прашање.
Доколку навремено и човечки не се постапи по овие наши барања ќе бидеме приморани заедно со граѓаните од нашите општини да излеземе на улица и со протести пред надлежните институции да побараме исправање на неправдата. Апелираме до Груевски да не си игра со и онака нарушениот углед на Р.Македонија.

Градоначаник на
општина Струмица
Зоран Заев

 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2