Вести - Март 2010
2010-3-8 PDF Печати


31.03.2010 | ДЕН НА ДРВОТО
На 30.03.2010 година, во рамките на Акцијата "Ден на дрвото - Засади ја својата иднина", на површина од околу три хектари на локацијата викана „Хамзали“ во близина на селото Петралинци - Општина Босилово, беа посадени околу дванаесет илјади садници класичен и аризонски чемпрес....

На 30.03.2010 година, во рамките на Акцијата "Ден на дрвото - Засади ја својата иднина", на површина од околу три хектари на локацијата викана „Хамзали“ во близина на селото Петралинци - Општина Босилово, беа посадени околу дванаесет илјади садници класичен и аризонски чемпрес.

Во акцијата масовно се вклучија учениците од средните и основните училишта, Општинската администрација, претставници на Македонски Шуми подружница Струмица, ЈПКД „Комуналец“ Струмица, Противпожарната единица Струмица, Полицијата, претставници на невладините организации и планинарски друштва, претставници од Претпријатието за обработка на тутун „Струмица Табак“ Струмица, други јавни институции и организации и заинтересирани граѓани. Меѓу илјадниците учесници во акцијата беше и Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, кој со особен ентузијазам го даде својот допринос посадувајќи дрвца на утврдената локалција.





 
2010-3-7 PDF Печати

29.03.2010 | АКТИВНОСТ НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА.
Во делот на оперативниот план на активности и начелото на „изнаоѓање локални решенија за локалните проблеми“, за прашања од заеднички интерес во рамките на областите што произлегуваат од работата на Локалниот совет за превенција при општина Струмица, претходните денови беа одржани средби -од областа на безбедноста во организираниот превоз на учениците и...

Во делот на оперативниот план на активности и начелото на „изнаоѓање локални решенија за локалните проблеми“, за прашања од заеднички интерес во рамките на областите што произлегуваат од работата на Локалниот совет за превенција при општина Струмица, претходните денови беа одржани средби
-од областа на безбедноста во организираниот превоз на учениците и
-од областа на општата безбедност, јавните услуги, активностите на полицијата и безбедноста во сообраќајот.
Во петокот, на 26 март 2010 година, со почеток во 14 часот, во организација на Министерството за внатрешни работи – Секторот за внатрешни работи -Струмица  и во координација и соработка со локалната самоуправа на Општина Струмица, во присуство на превозниците што го вршат организираниот превоз на учениците и претставници од училиштата, се одржа работен состанок во врска со разгледување и решавање на проблемите во организираниот превоз на учениците од средните училишта во општина Струмица. На работниот состанок присутните беа запознаени со одредбите од ЗБСП со кои е регулирана и пропишана областа на групниот превоз на патници, а по обемната дискусија беа донесени одредени заклучоци, кои ќе бидат доставени до надлежните органи и институции, со цел да се унапреди и усоврши организираниот превоз на учениците од местото на нивното живеење до местото на школување и обратно.
На 28 март 2010 година, со претставници од Одделението за превенција при МВР-СВР Струмица и претставници од локалната самоуправа, во населеното место Просениково, се формира СГГ (советодавна група на граѓани), на која беа разгледани прашања од општата безбедност и проблемите на кои наидуваат граѓаните од ова населено место.

Заклучоците кои беа донесени, обезбедуваат понатамошно функционирање на СГГ и овозможуваат решавање на одредени проблеми, за кои е потребна ваква форма на дејствување.



 
2010-3-6 PDF Печати

24.03.2010 | НЕФОРМАЛНО ПЕП ФИЛМСКО ПОПЛАДНЕ.
На 23 март 2010 година, со почеток во 12.00 часот, во просториите на Домот на АРМ во Струмица, во организација на УСАИД ПЕП проектот, со проекција на филмот „На чело на класот“, се одржа неформално ПЕП филмско попладне. На филмското попладне присуствуваа директори, стручни соработници и наставници од основните училишта од општините Струмица,...

На 23 март 2010 година, со почеток во 12.00 часот, во просториите на Домот на АРМ во Струмица, во организација на УСАИД ПЕП проектот, со проекција на филмот „На чело на класот“, се одржа неформално ПЕП филмско попладне.

На филмското попладне присуствуваа директори, стручни соработници и наставници од основните училишта од општините Струмица, Ново Село, Василево, Босилово, Валандово, претставници од локалната самоуправа и други заинтересирани лица.

Со воведен збор, на присутните им се обрати г-динот Кит Прентон, директор на УСАИД.

По завршувањето на филмот, кој е базиран на вистинска приказна која се случила во Англија, беше отворена дискусија на тема „Што претставува квалитетно менаџирање на училиште“.

 
2010-3-5 PDF Печати

23.03.2010 | Споредба на постигнатиот успех на учениците за крајот на првото полугодие од учебната 2009:2010 година.
Во истражувањето се опфатени учениците од девет основни училишта од општина Струмица. Истражувањето е добиено од полугодишните извештаи на основните училишта, преку посебно изработен образец кој го покажува успехот по одделенија и поголем број наставни предмети,...

Во истражувањето се опфатени учениците од девет основни училишта од општина Струмица:

-ОУ „Сандо Масев“-Струмица,
-ОУ „Видое Подгорец“-Струмица,
-ОУ „Никола Вапцаров“-Струмица,
-ОУ „Маршал Тито“-Струмица,
-ОУ „Маршал Тито“-Муртино,
-ОУ „Герас Цунев“-с. Просениково,
-ОУ „Даме Груев“-с. Куклиш,
-ОУ „Св. Кирил и Методиј“-с. Дабиља и
-ОУ „Гоце Делчев“-С. Вељуса.

Примерокот за истражувањето е добиен од полугодишните извештаи на основните училишта, преку посебно изработен образец кој го покажува успехот по одделенија и поголем број наставни предмети, на крајот од првото полугодие.
На крајот од првото полугодие од учебната 2009/10 година, во основните училишта во општина Струмица од петто-осмо одделение, редовна настава посетувале  2642 ученици, од кои 1291 биле женски.
Постапките што се користени во истражувањето овозможуваат споредба на постигнатите резултати за средниот успех меѓу основните училишта во општина Струмица со опфат на повеќе наставни предмети, така да може да се видат:
-највисокиот и најнискиот постигнат среден успех по наставен предмет и по основно училиште,
-отстапувањето на средниот успех постигнат на ниво на сите ученици во однос на постигнатиот успех на ученичките,
-споредба на постигнатиот успех за исти ученици во различен класификационен период и други податоци од интерес на заинтересираните субјекти.

Бројчаната оценка за постигањето на ученикот најчесто реално треба да ги одразува знаењата на ученикот кои се однесуваат на:
А) запомнување и репродуцирање на наставните содржини;
Б) разбирање и сфаќање на наставните содржини;
В) примена на научените содржини во конкретни задачи со познати и нови елементи и во други нови ситуации;
Г) анализа, синтеза и вреднување како способност на ученикот за средување, комбинирање елементи во нови целини и способност за вреднување на оправданоста или научноста на некое тврдење или дело.
Главна задача на наставникот во овој процес е реално-правилно да ги вреднува знаењата на ученикот, да ги определи во соодветното ниво според стандардите за наставниот предмет и да утврди оценка од доволен 2, добар 3, мн.добар 4 или одличен 5.
Се разбира, освен когнитивните знаења на учениците, целите на основното образование и воспитание опфаќаат и други подрачја за развојот на личноста на ученикот, при што наставникот треба да води грижа за:
-мотивацијата на ученикот,
-редовноста во наставата,
-активноста во наставата.
Во ова истражување се користени податоци за сумативното оценување преку бројчаните оценки на учениците, добиени за нивното знаење во првото полугодие од учебната 2009/10 година.

Во наредниот дел се презентирани табеларни прегледи за постигнатиот успех на учениците од основните училишта од општина Струмица, на крајот од првото полугодие од учебната 2009/10 година. Не навлегувајќи во посебна анализа на добиените резултати, ги презентираме како што се добиени од основните училишта, со потребната соодветна обработка.

Споредба на средниот успех на учениците од првото полугодие од учебната 2009:2010 година за V и VI одделение.

sporedba_V_VI_09-10.ppt
[превземи]

Табеларен преглед.

sporedba_V_VI_09-10.xls
[превземи]

Споредба на средниот успех на учениците од првото полугодие од учебната 2009:2010 година за VI и VII одделение.

sporedba_VI_VII_09-10.ppt
[превземи]

Табеларен преглед.

sporedba_VI_VII_09-10.xls
[превземи]

Споредба на средниот успех на учениците од првото полугодие од учебната 2009:2010 година за VII и VIII одделение.

sporedba_VII_VIII_09-10.ppt
[превземи]

Табеларен преглед.

sporedba_VII_VIII_09-10.xls
[превземи]

Збирен преглед на средниот успех на учениците од првото полугодие од учебната 2009:2010 година за V, VI, VII и VIII одделение.


zbiren_pregled_V_polugodie_09-10.xls
[превземи]



zbiren_pregled_VI_polugodie_09-10.xls
[превземи]



zbiren_pregled_VII_polugodie_09-10.xls
[превземи]



zbiren_pregled_VIII_polugodie_09-10.xls
[превземи]

 

 
2010-3-4 PDF Печати

18.03.2010 | Измена на јавни повици за прибирање проекти...
Измената се однесува за следниве области: ЛЕР, Заштита на животната средина, Образование и култура, Руралниот развој, Социјална заштита, Зголемување на зелени површини...

 

1. Измена на јавен повик за прибирање проекти од областа на ЛЕР, Заштита на животната средина, образование и култура од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица во рамките на стратешките - развојни документи на општината, финансирани од Буџетот на Општина Струмица за 2010 година.

2. Измена на јавен повик за прибирање проекти од областа на Руралниот развој, од здруженија на граѓани, Фондации и други правни субјекти од Општина Струмица во рамките на стратешките - развојни документи на општината, финансирани од Буџетот на Општина Струмица за 2010 година.

3. Измена на јавен повик за прибирање проекти од областа на Социјална заштита, од здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица во рамките на стратешките - развојни документи на општината, финансирани од Буџетот на Општина Струмица за 2010 година.

4. Измена на јавен повик за прибирање проекти заради зголемување на зелените површини во општина Струмица од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица во рамките на стратешките - развојни документи на општината, финансирани од Буџетот на Општина Струмица за 2010 година.

 
2010-3-3 PDF Печати

 


16.03.2010 | Одржана првата работилница од проектот „УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕЃУЕТНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ВО ОПШТИНИТЕ“.
Во рамките на воспоставената партнерска соработка за реализација на проектните цели и задачи, кои произлегуваат од одредбите на склучениот меморандум помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование-Скопје (МЦГО) и градоначалникот на општина Струмица, како прва активност од проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог...

Во рамките на воспоставената партнерска соработка за реализација на проектните цели и задачи, кои произлегуваат од одредбите на склучениот меморандум помеѓу  Македонскиот центар за граѓанско образование-Скопје (МЦГО) и градоначалникот на општина Струмица, како прва активност од проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“ беше одржана работилница за претставниците од пет општини од Република Македонија, меѓу кои присуствуваше и тимот од општина Струмица.
На работилницата, која од 13-15 март 2010 година се одржа во хотел „Алпина“ во Маврово, беа дадени насоки за детално запознавање со концептот за меѓуетничка и меѓукултурна едукација и дијалог во училиштата каде учат ученици со различни етничко и културно потекло.
Претставниците на општините во работна атмосфера и заедничко дружење, стекнаа знаења и вештини за реализација на воннаставните активности во училиштата и за комуникација со локалните медиуми на ниво на општина.
Во наредниот период следи планирање и реализација на активности кои може да се реализираат преку воннаставните содржини, за што ќе се подготви оперативен план.
Предложени се повеќе активности, меѓу кои ќе наброиме неколку: подготовка на училишен амблем, изработка на мурал, учење народни ора од различните етнички заедници, уредување етно катчиња, претставување разни обреди, обичаи, ритуали, подготовка на традиционални јадења, размена на посета во домовите на учениците од различно етничко потекло, посета на верски објекти, спортски натпревари, избор на таленти од различни области и сл.

Учениците од основните училишта „Маршал Тито“-Струмица и „Маршал Тито“-Муртино ќе изработат свои портфолија на тема: „Што знаеме за нашиот град“.







 
2010-3-2 PDF Печати

08.03.2010 | ОПШТИНА СТРУМИЦА ВО ПРОЕКТОТ „УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕЃУЕТНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ВО ОПШТИНИТЕ“.
Во рамки на проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“ што се реализира во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, спроведувана од Центарот за институционален развој (ЦИР-а) и финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка застапувана од...

Во рамки на проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“ што се реализира во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, спроведувана од Центарот за институционален развој (ЦИР-а) и финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка застапувана од Канцеларијата за соработка во Скопје,  Македонскиот центар за граѓанско образование-Скопје (МЦГО) и градоначалникот на општина Струмица деновиве со склучување на меморандум за соработка, воспоставија партнерска соработка за реализација на проектните цели и задачи.

Цел на проектот: Јакнење на демократското учество во општините за унапредување на меѓуетничката соработка во основните училишта и локалната заедница.

Задачи:

  1. Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во основните училишта преку обезбедување стручна поддршка и менторство во реализација на воннаставните активности за учениците во етнички мешаните училишта;
  2. Јакнење на комуникацијата и соработката на општините со основните училишта за унапредување на меѓуетничкиот дијалог и соработка.

Во рамките на организационата поставеност, општината формира тим за проектните активности составен од 3 членови: еден претставник од општината и по еден претставник од две етнички мешани училишта во општината: ОУ „Маршал Тито“-Струмица и ОУ „Маршал Тито“-Муртино.

Тимот  на општината е задолжен да ги вклучи родителите, директорите, стручните служби и другите наставници од проектните училишта (од март до јуни и од септември до декември, 2010).

МЦГО организира завршна презентација во соработка со претставниците на тимовите на општините за презентирање на постигнатите резултати на проектот (декември, 2010).

Тимот од општината редовно соработува со локалните медиуми во општината со цел да ја информира локалната заедница за проектот и постигнатите резултати (од март до декември, 2010).

Очекувани резултати од проектот

Формиран тим во општината за унапредување на меѓуетничка соработка;
Претставниците на тимот стекнуваат знаења и вештини за реализација на воннаставните активности и за комуникација со локалните медиуми;
Во две етнички мешани училишта,  со вкупно 120 ученици се реализирани воннаставни активности за унапредување на меѓуетничката комуникација и соработка во етнички мешаните училишта;
Учениците стекнуваат знаења и вештини за градење ставови во разбирањето на различноста и цврсти односи на взаемен респект,толеранција и соработка;

Локалната заедница е информирана за проектот и остварените резултати преку локалните електронски и пишани медиуми.

 

 

 

 
2010-3-1 PDF Печати

 


03.03.2010 | „Намалување на невработеноста и сиромаштијата кај младите преку промоција на претприемништвото и креирање нови бизниси“.
Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ Фондација) со поддршка на Општина Струмица и Gestalt Solutions ДОО, како локален соработник, спроведува обука на тема: „Започнување Бизнис“ со цел да се промовира...

Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ Фондација) со поддршка на Општина Струмица и Gestalt Solutions ДОО, како локален соработник, спроведува обука на тема „Започнување Бизнис“ со цел да се промовира претприемничкиот духи креирањето на нови бизниси помеѓу младите, со посебен акцент на жените во регионот.

Обуката „Започнување Бизнис“ е дел од проектот „Намалување на невработеноста и сиромаштијата кај младите преку промоција на претприемништвото и креирање нови бизниси“ која се спроведува во 4 региони: Источен регион, Југоисточен регион, Полошки регион и Североисточен регион. Обуките ќе се одржат во следните градови: Штип, Струмица, Тетово и Куманово и се наменети за сите млади невработени лица, кои имаат бизнис идеја, се мотивирани да започнат сопствен бизнис и сакаат да си го унапредат своето знаење пред да започнат со сопствен бизнис.
Обуките се концепирани детално да ги опфатат сите аспекти од еден бизнис, почнувајќи од кристализација на бизнис идеја, преку одредување на формата на регистрација на бизнисот, начинот на финансирање, промоција и маркетинг на производите и услугите.
Целата обука опфаќа 10 модули, т.е 40 работни часови распоредени во дводневни предавања во времетраење од 5 недели за секој поединечен регион. На крајот на обуката ќе следи натпревар во бизнис план.

За Југоисточниот регион вкупниот награден фонд изнесува 2.000 EUR.

Л’скова Благица
Gestalt Solutions д.о.о, Штип