Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Мај 2010

2010-5-12

27.05.2009 | ЛЕТЕН ТУРНИР ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК - СТРУМИЦА 2009

Под покровителство на општина Струмица во организација на OK „СТРУМА“ и ОФМ, за првпат во Струмица се одржува летен турнир во одбојка на песок. Турнирот ќе се одржи во периодот 19-21 Јуни 2009 година....

Под покровителство на општина Струмица во организација на OK „СТРУМА“ и ОФМ, за првпат во Струмица се одржува летен турнир во одбојка на песок.

Турнирот ќе се одржи во периодот 19-21 Јуни 2009 година.

Локација: СОУ „Јане Сандански“
Категории: Сениори (машки и женски)
Ветерани (машки и женски)
Младинци (машки и женски) родени 1993 и помлади

Вкупен награден фонд 130 000 денари

Котизација 1000 денари од пар
Сместувањето за сите учесници е обезбедено (со 1 оброк) и исто така за сите учесници е обезбедена опрема од страна на организаторот.

Секоја сугестија околу турнирот е добредојдена.

Контакт телефон: 078 / 346 - 732 Љупчо Танушев

Доколку сакате да се пријавите, на следниот линк може да превземете: пријавен лист.

Правила.

2010-5-11


26.05.2009 | Уредување на стамбени колективни дворни површини.

Еколошкото друштво „Планетум“ во соработка со Општина Струмица и станарите од стамбените згради од Струмица продолжуват со акцијата за уредување на стамбени колективни дворни површини...

Еколошкото друштво „Планетум“ во соработка со Општина Струмица и станарите од стамбените згради од Струмица продолжуват со акцијата за уредување на стамбени колективни дворни површини.



















2010-5-10


23.05.2009 | Акција на USAID – Управување со отпад.

На ден 23.05.2009 година ( сабота) се одржа настан на кој што беа изложени штандови за работата на 5 пилот зелени училишта. Настанот го отвори Градоначалникот Зоран Заев , а се обрати и претставникот од
УСАИД Тим Донеј...

На ден 23.05.2009 година(сабота) се одржа настан на кој што беа изложени штандови за работата на 5 пилот зелени училишта:

ОУ Мирче Ацев од Скопје -20 ученика , ОУ Дрита од Рашче – 25 ученика , ОУ Гоце Делчев од Неготино – 21 ученик , ОУ Видое Подгорец од Струмица – 18, ОУ Григор Прличев од Охрид – 25 ученика , по 3 наставника од секое училиште . Имаше презентација на 4 теми , енергија , отпад , транспорт , вода , како и анализа на состојбата пред и по направените анкети.

Настанот го отвори Градоначалникот Зоран Заев , а се обрати и претставникот од УСАИД Тим Донеј.











 

2010-5-9


22.05.2009 | V ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКИТЕ АВТОРИ AsterFest.
Филмови со уметнички предзнак, дела на автори од повеќе земји, под мотото „Југоисточни приказни“, ќе бидат прикажани на петттиот Меѓународен фестивал на авторите од Југоисточна Европа „Астер фест“. Фестивалот на независен филм и видео ќе трае пет дена и ќе се одржи на повеќе локации, а филм...

Филмови со уметнички предзнак, дела на автори од повеќе земји, под мотото „Југоисточни приказни“, ќе бидат прикажани на петттиот Меѓународен фестивал на авторите од Југоисточна Европа „Астер фест“.

Фестивалот на независен филм и видео ќе трае пет дена и ќе се одржи на повеќе локации, а филмовите ќе бидат поделени во неколку категории.

„Астер фест“ е единствен македонски филмски фестивал вмрежен во Европската и во Американската документарна асоцијација и е член на иницијативата „Го ист“ во Визбаден, Германија.
Еден од покровителите на фестивалот е и Општина Струмица.














2010-5-8


21.05.2009 | Петта седница на Советот на Општина Струмица.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски ја закажа петтата седница на Советот на општина Струмица за 28.05.2009год.(четврток) во 12.00 часот.
Дневниот ред за петтата седница може да го превземете

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ петтата седница на Советот на општина Струмица за ден 28.05.2009 год. (четврток). Петтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записникот од четвртата седница на Советот на општина Струмица.

II

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог-Одлука за уредување на патна инфраструктура во рурални подрачја;
  2. Предлог-Одлука за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќајот во Муртино
  3. Предлог-Заклучок за утврдување Нацрт -Детален урбанистички план за блок бр. 3 и 5
  4. Предлог-Програма за енергетска ефикасност во општина Струмица; и
  5. Физибилити студија за интегрално управување со отпад во регионот Струмица;

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

 

2010-5-7


21.05.2009 | РЕШЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА.
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл. весник на РМ” број 51/05 и член 39 од Статутот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” број 5/06) – пречистен текст, Градоначалникот на општина Струмица, донесе ...

 

Р е ш е н и е за организирање на јавна анкета по Нацрт - Деталниот урбанистички план вон населено место Водоча- локалитет место викано „Попово лозе“

resenieanketa_2009_06.pdf
[превземи]


Р е ш е н и е за организирање на јавна презентација по Нацрт - Деталниот урбанистички план вон населено место Водоча- локалитет место викано „Попово лозе“
resenieprezentacija_2009_06.pdf
[превземи]


Страница 1 од 3

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544