Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јули 2010

2010-7-5


07.07.2010 | Седница на Советот на Општина Струмица.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски ја закажа дваесет и петтата седница на Советот на општина Струмица за 14.07.2010год. (среда) во 12.00 часот.
Дневниот ред за дваесет и петтата седница може да го превземете

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ПЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ дваесет и петтата седница на Советот на општина Струмица за ден 14.07.2010 год. (среда). Дваесет и петтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата го предлагам следниов:

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надомест за уредување на градежното земјиште за изградба на “Амфитеатар - летна сцена“;
  2. Предлог - Одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување финасиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Струмица;
  3. Предлог – Заклучок за утврдување на Нацрт- Деталниот урбанистички план за Блок 19 во град Струмица;
  4. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на подрачјето на општина Струмица;
  5. Предлог за давање согласност на Одлука за утврдување на висина и наплата на надоместок за обележување и изработка на протокол за регулациона, градежна и нивелациона линија со определување на површина за изградба на гробно место и гроб, на УО на ЈПКД „Комуналец“ бр. 02-3731/2 од 05.07.2010 година;
  6. Предлог за давање согласност на Одлука за утврдување на висината и наплата на надоместок за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата и придружните објети на УО на ЈПКД „Комуналец“ бр. 02-3731/3 од 05.07.2010 година;
  7. Предлог за давање согласност на Одлука за утврдување на висината и наплата за доделување на гробно место на УО на ЈПКД „Комуналец“ бр. 02-3731/4 од 05.07.2010 година;
  8. Предлог за давање согласност на Одлука за утврдување на висина и наплата на надоместок за гробарина на УО на ЈПКД „Комуналец“ бр. 02-3731/5 од 05.07.2010 година;
  9. Предлог за давање согласност на Одлука за утврдување на висина и наплата на надоместок за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата и придружните објекти од страна на каменорезачи на УО на ЈПКД „Комуналец“ бр. 02-3731/6 од 05.07.2010 година;
  10. Предлог за давање согласност на Одлука за висината на цени на погребна опрема на УО на ЈПКД „Комуналец“ бр. 02-3731/7 од 05.07.2010 година;
  11. Предлог за давање согласност на Одлука за висината на цени за превоз на опрема и покоен на УО на ЈПКД „Комуналец“ бр. 02-3731/8 од 05.07.2010 година;
  12. Предлог за давање согласност на Одлука за висина на цени во градски гробишта - Струмица на УО на ЈПКД „Комуналец“ бр. 02-3731/9 од 05.07.2010 година;
  13. Предлог за давање согласност на Одлука за висина на цени во градски гробишта по барање на странката на УО на ЈПКД „Комуналец“ бр. 02-3731/10 од 05.07.2010 година; и
  14. Предлог за давање согласност на Одлука за висина на цени на услуги за правни и физички лица за водовод и канализација на УО на ЈПКД „Комуналец“ бр. 02-3731/11 од 05.07.2010 година.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

2010-7-4


05.07.2010 | Поставен споменик на бегалците во Струмица.
На 04.07.2010 во Осма Урбана заедница беше поставен споменик на бегалците во Струмица. Во присуство на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, претседателот на Здружението на децата бегалци Ѓорги Доневски, архимандритот Никодим Царкњас од Грција, претставници на ОМО “Илинден“ од Бугарија, претседателот на Светскиот...

На 04.07.2010 во Осма Урбана заедница беше поставен споменик на бегалците во Струмица.

Во присуство на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, претседателот на Здружението на децата бегалци Ѓорги Доневски, архимандритот Никодим Царкњас од Грција, претставници на ОМО “Илинден“ од Бугарија, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, пратеничката Цветанка Иванова и голем број на граѓани од Струмица свечено беше откриен Споменикот на Македонските егзодуси.

Говор пред бројната публика одржаа градоначалникот Зоран Заев, претседателот на Осма Урбана заедница и претседателот на здружението „Незаборав“.

2010-7-3

02.07.2010 | Р е ш е н и е за организирање на јавна анкета и јавна презентација по Нацрт - Деталниот урбанистички план за блок 36, 37(касарна „11 Октомври“) и блок 42 од град Струмица.

2010-7-2

01.07.2010 | Дваесет и четврта седница на Советот на општина Струмица.
Советот на општина Струмица, на дваесет и четвртата седница, што се одржа на 30 јуни 2010 година, донесе 5 одлуки и 2 заклучоци, а воедно даде и согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Паркиралишта-Струмица“, за усвојување на Извештајот за работа со финансовиот извештај...

Советот на општина Струмица, на дваесет и четвртата седница, што се одржа на 30 јуни 2010 година, донесе 5 одлуки и 2 заклучоци, а воедно даде и согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Паркиралишта-Струмица“, за усвојување на Извештајот за работа со финансовиот извештај за 2009 година.
Со oдлуката за утврдување на приоритетни локални патни правци во Општина Струмица, е утвден приоритет за реализација на локалните патни правци-изградба на локален пат: Муртино-Свидовица, Водоча-Брана Водоча, Спој Р 604 - с.Три Води и Реконструкција на локален пат – Спој М6 – Сачево.
Приоритетната листа на локални патни правци е утврдена за аплицирање со проекти за финансирање од фондовите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку проектот „Рехабилитација и подобрување на локалните патишта“. Со Одлуката за спроведување јавен повик за давање право на изградба на нови објекти за дистрибуција на природен гас, Градоначалникот на Општина Струмица е задожен да го спроведе јавниот повик и постапката за избор, во согласност со Законот за енергетика и другите прописи кои уредуваат прашања од областа на енергетиката.

Со Одлуката за прифаќање на проект за изградба на „Амфитеатар-летна сцена“, се обезбедија услови за негова реализација. Издрадбата ќе биде финансирана од Шварцарската агенција за развој преку имплементаторот ФИООМ и Општина Струмица во износ од 6.000.000,оо денари. Објектот ќе биде лоциран во Градскиот парк – Струмица со површина од 300,5 м2.

Со Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, се излегува во пресрет не само на угостителите, туку и на граѓаните кои за време на годишните одмори и летните горештини, до 31 август 2010 година, ќе имаат можност да ги користат угостителските услуги еден час повеќе.
Со Одлуката за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на подрачјето на општина Струмица е утврдува потребата од изработување на локални урбанистички плански документации за 8 градежни парцели, од кои 6 во КО Струмица, 1 во КО Дабиле и 1 во КО Куклиш.
Со донесените заклучоци за утврдување на Нацт-Детален урбанистички план за блок 36 и дел од блок 37 (касарна „11 Октомври“) во гр. Струмица и Нацрт-Детален урбанистички план за блок бр. 42 во гр. Струмица е овозможено да продолжи законската постапка за донесување на овие урбанистички планови. Следуваат јавни анкети и јавни презентаци, кои ќе ги објави градоначалникот на општина Струмица, а преку кои граѓаните и правните субјекти ќе можат да се произнесат по нив.
Покрај тоа Советот на општина Струмица на 24 седница, го разгледа Извештајот за работата со финансов извештај на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за 2009 година и даде согласност на Одлуката од Управниот одбор на ЈП за нивно усвојување.




2010-7-1


01.07.2010 | Асфалтирана улицата „Борис Поп Димитров“.

Заврши асфалтирањето на улицата Борис Поп Димитров на потегот од ул. Младинска до ул.Климент Охридски со вкупна квадратура од 2050м2...

 

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544