Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Септември 2010

2010-9-5


30.09.2010 | Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина за Детален урбанистички план за дел од блок 3-А урбана единица 1 Струмица – Општина Струмица.
Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата...

Изработката на извештајот е согласно обврската на изготвувачот на планскиот документ за
спроведување на постапка за оцена на влијанието од планскиот документ врз животната
средина и врз животот и здравјето на луѓето, дадена во глава X (Оцена на влијанието на
определени стратегии, планови и програми врз животната средина) од Законот за животна
средина. Согласно точка 13 (Планирање на просторот и користење на земјиштето), член 3 од
Уредбата за стратегии, планови програми, вклучувајќи и нивните промени, за кои
задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина
и врз животот и здравјето на луѓето, Деталениот урбанистички план за дел од блок 3-А
урбана единица 1 Струмица - Општина Струмица, е плански документ за кој задолжително
се врши стратегиска оцена на животната средина.
Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната
средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на
неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на
влијанијата.
Извештајот е изработен согласно содржината на извештајот пропишана во Уредбата за
содржина на извештајот за стратегиска оцена на животната средина (Сл. весник на РМ
бр.153 од 20.12.2007 год.).

За превземање во PDF формат кликнете овдеНацрт извештај
за стратегиска оцена
на животната средина

2010-9-4


21.09.2010 | „Светски ден на мирот.“
Врз основа на резолуцијата на генералното собрание на обединетите нации, денешниот ден 21.септември е прогласен како ден на мирот. По тој повод пред Споменикот на паднатите борци во малиот градски парк претседателот на советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски ја прочита пораката на Генералниот секретар на ООН во која се повикува на тој ден да се прекинат сите конфликти и војни во светот...

2010-9-3

 


14.09.2010 | „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ И ОТПОРНОСТА НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВО СЛУЧАЈ НА ПРИРОДНИ НЕСРЕЌИ И КАТАСТРОФИ“
Со одржување на првата работилница за развивање вештини за работа со деца на теми за заштита од природни несреќи и катастрофи, на 10 септември 2010 година, во просториите на ТППЕ-Струмица, започна проектот „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ И ОТПОРНОСТА НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВО СЛУЧАЈ НА ПРИРОДНИ НЕСРЕЌИ И КАТАСТРОФИ“...

Со одржување на првата работилница за развивање вештини за работа со деца на теми за заштита од природни несреќи и катастрофи, на 10 септември 2010 година, во просториите на ТППЕ-Струмица, започна проектот „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ И ОТПОРНОСТА НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВО СЛУЧАЈ НА ПРИРОДНИ НЕСРЕЌИ И КАТАСТРОФИ“.
Овој проект  финансиски е поддржан од Општина Струмица и Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP).
На присутните учесници, пожарникари од ТППЕ-Струмица, им беше поделен прирачник за развивање вештини за работа со деца на теми за заштита од природни несреќи и катастрофи, а предавање на оваа тема одржа дипл. психолог Катерина Божијанова. На работилницата, од страна на претставници од Црвениот Крст, ПО на Дирекцијата за заштита и спасување-Струмица и ТППЕ-Струмица, беа обработени и следните теми: „Проценка од ризици во образовните институции“, „Општо за катастрофите и како да се заштитиме“ и „Местото и улогата на Црвениот крст на РМ во системот за управување со кризи и системот за заштита и спасување“.
Проектот продолжува со работилници и обуки со вработените и учениците во детските градинки, основните и средните училишта и вработените во локалната самоуправа.

2010-9-2


14.09.2010 | Презентација на Државната Урбанистичка Планска Документиција за Технолошката Индустриска развојна Зона, „Опфат 1„ КО Свидивица и „Опфат 2“, КО Габрово и Извештајот за Стратегиската оцена на животната средина.
Со цел навремено да се согледаат можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и...

Со цел навремено да се согледаат можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и социо-економските аспекти од реализацијата на Државната Урбанистичка Планска Документација за Технолошка Индустриска Развојна Зона , „Опфат 1“ КО Свидовица и „Опфат 2 “, КО Габрово, денес во ДОМ на АРМ во Струмица, пред граѓаните на Општина Струмица, како и пред претставници на Релевантните институции, претставници на Бизнис заедницата и на Граѓанскиот сектор, презентиран е изготвениот Извештај за Стратегиската оцена на животната средина за ТИРЗ Струмица.

2010-9-1

06.09.2010 | Др-Ричард Хирш почесен граѓанин на Струмица.
Д-р. Ричард Хирш - професор на “Акрон Универзитетот“ од Охајо – САД, кој на Денот на заштитниците на градот "Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици" – 11 декември 2009-та година, со Одлука на Советот на општина Струмица е прогласен за “Почесен граѓанин на Струмица“. Д-р. Ричард Хирш е основоположник на Центарот за рано...

Д-р. Ричард Хирш - професор на “Акрон Универзитетот“ од Охајо – САД, кој на Денот на заштитниците на градот "Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици" – 11 декември 2009-та година, со Одлука на Советот на општина Струмица е прогласен за “Почесен граѓанин на Струмица“.

Д-р. Ричард Хирш е основоположник на Центарот за рано откривање на рак на дојката во состав на Рендгенската служба при ЈЗУ Општа болница во Струмица, на која тој и донираше најсовремен рендген апарат за рана дијагностика на рак на дојката кај женската популација. Исто така, заедно со врвни универзитетски професори и обучени едукатори од САД и од Канада, тој изврши едукација на медицинскиот и техничкиот персоналот и на населението од Струмица и од соседните општини за прегледи и самопрегледи на ракот на дојката како и за “скрининг“ мамографија.

 

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544