Вести - Мај 2011
ЈАВЕН ПОВИК за фирми заинтересирани за практиканти PDF Печати

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија, ПСМ Фондација и Амбасадата на Кралство Норвешка, како дел од проектот „Креирање на работни места преку Практикантска работа“, објавува повик за 15 фирми заинтересирани за практиканти, за период од 3 месеци.

 
Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина зa Локална урбанистичка планска документација за изградба на спортско – рекреативен комплекс вон населено место за дел од КП 7994 – Општина Струмица. PDF Печати

Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата.

 
Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина за Детален урбанистички план за дел од урбан блок 22 Струмица – Општина Струмица PDF Печати

Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата...

 
Соопштение PDF Печати

Се известуваат граѓаните на Општина Струмица, кои  претрпеа штета од „Поплавата од 25-26 септември 2010 година“ и на кои им е извршена процена  од Комисијата за процена на штети од природни непогоди, дека им  се доделува парична помош  во висина од 15% од  оценетата штета.
За да може  средствата да  се исплатат во што е можно пократок рок, потребно е  веднаш,  а  најдоцна до сабота 21  мај 2011 година во периодот од 08 до 16 часот,  оштетените граѓани  да достават  фотокопија од лична карта и трансакционна сметка во соба бр. 5 во  објектот на Општина Струмица.


Комисија за процена на штети
од природни непогоди
Претседател,
Мите Митев

 
Решение за свикување на триесет и деветата седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57   став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06),донесувам