Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јуни 2011

Решение за свикување на четириесеттата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1  точка 1  од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. Гласник на општина Струмица“ бр. 2/06), донесувам

Одбележан 55-от роденден на претседателот Борис Трајковски

На ден 25.06.2011 пред споменикот “Македонија“ поставен во чест на претседателот Трајковски, роднини, пријатели, претставници на општина Струмица, на политички партии и почитувачи на неговото дело, положија свежо цвеќе, потсетувајќи се на својот претседател и сограѓанин кој остави неизбришлива трага во поновата македонска историја.

Изјава на градоначалникот Зоран Заев

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев кој на “Парламентарните избори 2011“ доби четиригодишен пратенички мандат како носител во ИЕ 4 на партијата СДСМ, го заменува својот мандат со градоначалничката функција.
Тој во наредните дваесеттина месеци најави на вчерашната средба со новинарите нови и поамбициозни цели за развој на општина Струмица, со кои сите струмичани ќе се гордеат.


Заврши првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок

Во согласност со одредбите од објавениот конкурс за пријавување и запишување на учениците во јавните средни училишта за учебната 2011/12 година, на 17 и 18 јуни се спроведе првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок.

Средношколците го полагаа првиот дел од државната матура

На 14 јуни 2011 година, учениците од завршните години во средните општински училишта од Струмица, го полагаа писмениот дел по македонски јазик и литература. Во трите средни училишта во општина Струмица, четврта година ја завршуваат околу 850 ученици, од кои дел се пријавиле за полагање државна матура, а дел за полагање училишна матура.

Информација за запишани деца во прво одделение за учебната 2011/12 година

Во законот за основно образование е утврдено дека основното образование е задолжително, трае девет години и се организира во три воспитно-образовни периоди:
-од прво до трето одделение,
-од четврто до шесто одделение и
-од седмо до деветто одделение.
Родителот, односно старателот на ученикот, е должен да му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание.

Страница 1 од 2

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544