Вести - Септември 2011
СООПШТЕНИЕ PDF Печати

Со цел продлабочувањето на соработката меѓу Општина Струмица и Град Осиек(Хрватска) на повеќе нивоа, Општина Струмица овозможи бесплатно преставување на струмичките компании  на  Есенскиот саем во Осиек(Хрватска) кој ќе се одржи од 6-ти до 9-ти Октомври 2011 година.
Општина Струмица ги повикува компаниите од областа на прехрамбената индустрија, своето учество да го пријават во општината на телефонскиот број 076/483-159, кај Ѓоко Ристовски, најдоцна до понеделник 3-ти Октомври.

 
Во Струмица ќе се одржи првата “Ајверијада“ PDF Печати

На 9-ти Октомври (недела) на плоштадот “Гоце Делчев” ќе се одржи првата “Ајверијада” во организација на општина Струмица. Манифестацијата има натпреварувачки карактер и на неа можат да учествуваат сите домаќинки од струмичкиот регион.

 
Решение за свикување на четириесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

 
ИЗВЕСТУВАЊЕ PDF Печати

Почитувани,
Ве известуваме дека од денеска 26 Септември, секој понеделник, Општина Струмица ќе го издава електронскиот информативен неделник “СтрумицаИнфо“, преку кој ќе Ве информираме за активностите во работењето на Локалната самоуправа, Градоначалникот, Советот, Јавните установи и претпријатија, чиј основач е Општина Струмица. Информативниот неделник ги опфаќа информациите од изминатата недела и настани кои ќе се случуваат во текот на неделата што следува.

Со Почит
Општина Струмица

 


strumicainfo_br1.pdf
[превземи]
.

 
Ден на заштита на шумите PDF Печати

На ден 26.09.2011, во организација на Општина Струмица ќе се изведе прошетка по трим патеката до манастирот “Свети Илија“ и запознавање со шумите и шумскиот живот, со акција за чистење на отпадот околу трим патеката.

 
Одбележан Меѓународниот Ден без автомобили во Струмица PDF Печати

Вчера на 22.09.2011 над 200 ученици на своите велосипеди од плоштадот “Гоце Делчев“ во Струмица продефилираа по улиците на Струмица, предводени од градоначалникот Зоран Заев и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, одбележувајќи го Меѓународниот Ден без автомобили.
Одбележување на Меѓународниот Ден без автомобили е во рамките на “Европската зелена недела“ која општина Струмица ја организира веќе трета година во соработка со Еколошкото друштво “Планетум“.

 
Меѓународен ден на мирот PDF Печати

Општина Струмица денеска во малиот Градски парк го одбележа Меѓународниот ден на мирот, 21 Септември.
Точно на пладне од Струмица, беше пренесена пораката на Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, која во истовремо се читаше од секој дел на земјината топка, како и од Штабот на Обединетите Нации каде се одржуваше Централниот настан.

 
22-ри Септември “Светски Ден без автомобили“ PDF Печати

Централниот настан по повод “Европската зелена недела во Струмица“ ќе се одржи на 22 Септември (четврток) на “Денот без автомобили“, кога низ улиците на Струмица ќе се одржи дефиле на над 200 велосипедисти. Стартот е најавен за 11:00 часот од плоштадот “Гоце Делчев“ во Струмица. Истиот ден во 12:00 часот во Градскиот парк ќе се одржи натпревар на велосипедисти за ученици од четирите основни училишта во градот.
Општина Струмица ги повикува своите граѓани да дадат свој придонес во активностите по повод Европската зелена недела. Овој Проект на Одделението за заштита на животната средина е со цел за подигање на еколошката свест кај граѓаните.

 
Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Струмица и Копар од Словенија PDF Печати

Општините Струмица и Копaр – Словенија, и официјално од денес се збратимија. Градоначалниците на двете општини, Зоран Заев и Борис Поповиќ, потпишаа Протокол за збратимување на општините и Меморандум за соработка во областа на економијата, културата и спортот.

 
«ПочетокПред123СледноКрај»

Страница 1 од 3