Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Ноември 2011

Работна средба со претставници на детската амбасада “Меѓаши“

На ден 28.11.2011(понеделник) во Струмица беа претставници на првата детска амбасада во светот “Меѓаши“, за одблиску да се запознаат со заштитата на детските права. Директорот на “Меѓаши“, Драги Змијанац, со своите соработници се сретнаа со градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, го посетија ООУ “Маршал Тито“ во Струмица, а имаа и работна средба со претставници на релевантни општински и државни институции.

Општина Струмица на „ЗЕЛС ЕКСПО 2011“

Локалната самоуправа на Струмица во период од 25 до 26 ноември учествуваше на саем на општини „ЗЕЛС ЕКСПО 2011“ на кој ги престави своите тековни активности, најдобрите проекти и идните планови со кои ќе ги зајакне капацитетите и ќе обезбедат поголем економски развој.
На овогодинешниот Саем општина Струмица конкретно се претстави со гасификацијата која е во завршна фаза и новиот плоштад “Гоце Делчев“, кој беше ставен во функција пред една година.

Соопштение до јавноста

Почитувани ве информираме дека градоначалникот  Зоран Заев во период од 16.11.2011 до 17.11.2011 оствари официјална посета на општина Бјело Поље Р.Црна Гора. Целта на посетата беше потпишување на декларацијата за партнерство меѓу двете општини, која претходи на потпишувањето на повелбата за збратимување меѓу двете општини. Советот на општина Струмица веќе има донесено одлука за збратимување со општина Бјело Поље, а исто така и Советот на општина Бјело Поље верифицираше одлука од таков вид.

Градоначалникот Зоран Заев во посета на Бијело Поље

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев од денес ќе биде во дводневна официјална посета на општина Бијело Поље – Република Црна Гора. Градоначалниците на двете општини Зоран Заев и Александар Журиќ ќе потпишат акт за збратимување.

Проектиран тригодишен развоен план на општина Струмица

Средба на тема „Организираниот превоз на учениците“

Во организација на СВР-Струмица, отсек за превенција, со присуство на претставници од општина Струмица и превозниците кои го реализираат организираниот превоз на учениците од местото на живеење до местото на школување и обратно, на 10 ноември 2011 година, во просториите на СВР-Струмица се одржа работна средба за идентификување и решавање на проблемите поврзани со организираниот превоз на учениците.
На средбата беа присутни и претставници од ОБСЕ-Канцеларија во Скопје.

Страница 1 од 2

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544