Вести - Мај 2012
Спортски региoнални игри за пензионери во Струмица PDF Печати

Во организација на Здружението на пензионери на општина Струмица оваа година се одржуваат седумнаесетите спортски регионални игри за пензионери. На овој регионален натпревар на спортски игри учествуваат пензионери - спортисти од шест општини (Свети Николе, Лозово, Штип, Радовиш, Ново Село и Струмица).

 
Меѓународен филмски и видео фестивал на Југоисточна Европа "АСТЕР ФЕСТ " PDF Печати

Меѓународниот фестивал на краток филм “Астерфест”, кој трае од 25.05 до 29.05.2012 година понуди силна и интересна конкуренција на филмови од сите страни на светот. Во конкуренција на филмови, жанровски и тематски разнородни, жирито имаше неблагодарна работа да се определи за изедначени по квалитет филмски дела.

 
Одбележан Денот на пожарникарите во Струмица PDF Печати

Денот на пожарникарите на Република Македонија во Струмица беше одбележан на симболичен начин во кругот на Територијалната Противпожарната Единица во Струмица.

 
Јавна дебата - Родово одговорно буџетирање PDF Печати

18.05.2012 година, Во Струмица се одржа Јавна дебата по однос на предлог Стратегијата за родово одговорно буџетирање, во организација на општина Струмица, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

 
Матурска парада 2012 PDF Печати

Мaтурантите од трите средни училишта од општина Струмица денес точно напладне на плоштадот „Гоце Делчев“ го изведоа познатиот Квадрил. Матурската парада е меѓународна манифестација која е покрената во 2001 година во Словенија. Идеен творец на манифестацијата е Томаж Амброж од Танцовата школа „Уршка“ од Љубљана.

 
Министерот за образование во посета на општина Струмица PDF Печати

Денес 17.05.2012 година, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев оствари средба со министерот за образование на Република Македонија, Панче Кралев.

 
Младински претставници од Грција во посета на општина Струмица PDF Печати

Од денес до Недела, претставници на Младинскиот клуб на Унеско од Солун ќе посетат повеќе економски субјекти, културно – историски проекти, а ќе остварат средби и со младински и други граѓански организации.

 
Холандскиот Амбасадор во посета на општина Струмица PDF Печати

На ден 15.05.2012 година Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев оствари средба со Амбасадорот на Кралството Холандија, Нејзината екселенција Марриет Шурман како и претставникот од Амбасадата г-дин Јане Кјука, одговорен службеник за економски и трговски прашања.

 
Фестивал на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“ PDF Печати

Годинава по четврти пат, во градот под Царевите кули се одржува традиционалниот фестивал на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“. Покрај фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков„ традиционалниот Струмички Карневал, Струмичката ликовна колонија, Меѓународниот Фестивал на афоризм и карикатура и Астерфест, Струмица востановува уште еден бренд на културата кој се повеќе станува препознатлив на овие Балкански простори и пошироко.

 
«ПочетокПред123СледноКрај»

Страница 1 од 3