Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Август 2012

Градежна офанзива во Струмица

Со намалувањето на високите температури се интензивираат градежните активности во Струмица. На неколку локации во градот се реконструираат тротоари и се асфалтираат улици. Целосно со нов слој асфалт се покриени улиците „Мито Хаџивасилев Јасмин“, „Дрварска“, „Неретва“ и дел од „Крушевска Република“. На овие улици вкупната површина под втор слоја асфалт изнесува 3.800 метри квадратни. Од секторот за урбанизам и комунални работи при општина Струмица, информираа дека во подготовки за поставување втор слој асфалт меѓу планираните активности се и булеварите „Ленинова“ и „Гоце Делчев“ како и четирите мостови на улицата „Крушевска Република“ или вкупно под нов асфалт ќе бидат  14 илјади метри квадратни. За тековните и наредните активности, повеќе можете да слушнете од изјавата на Стојан Динев, раководител на секторот за урбанизам и комунални работи во општина Струмица.

Проектот за интеркултурна размена меѓу децата од Струмица и Швајцарија во завршна фаза

Четириесетте ученици од петте основни училишта кои од 15 до 29 август престојуваа во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија, се вратија во Струмица. Со тоа заврши вториот дел од проектот за интеркултурна размена на учениците од основните училишта во Струмица со учениците од Швајцарија. Децата се вратија во своите домови исполнети со емоции од разделбата и другарувањето во детското село, некои ученици таму го прославија и својот роденден, а екскурзиите во текот на викендите им беа дел од обуката за запознавање на Швајцарија.

Улицата „Ванчо Китанов“ со нов тротоар

Почна реконструкцијата на тротоарот од двете страни на улицата „Ванчо Китанов“ во Струмица. Во текот на денешниот ден ќе се отстрануваат бетонските подлоги и ќе се прават ископи за поставување на уличното осветлување од десната страна на улицата, кај основното општинско училиште „Сандо Масев“.

Се е подготвено за стартот на новата учебна година

Во сите основни и средни училишта на подрачјето на општина Струмица се е подготвено за новата учебна година која ќе почне в понеделник, на трети септември. На првото училишно ѕвонче најмногу ќе му се радуваат 517 деца кои за прват ќе седнат во училишните клупи, толку годинава се запишаа во прво одделение во деветте основни училишта во општината.

Советот на општина Струмица одобри стипендија за ќерката на Пено Стојанов

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и Советот на општината, уште еднаш на дело ја потврдија хуманоста и почитта што ја имаат кон луѓето кои трагично ги загубија своите животи бранејќи го градот од огнената стихија на 23 јули годинава.

Отворени забавни фудбалски игри во Струмица

На градскиот стадион „Младост“ во Струмица почнаа отворените забавни фудбалски игри за децата од општина Струмица. Во нив учествуваат деца кои тренираат фудбал во општинските клубови, но и деца кои досега не го тренирале овој спорт. Помошното игралиште на стадионот денеска беше полно со дечиња кои преку забава тренираа фудбал и меѓусебно се дружеа.

Страница 1 од 7

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544