Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Септември 2012

Општина Карпош во работна посета на општина Струмица

Градоначалникот Зоран Заев и општинската администрација на Струмица, денеска беа домаќини на своите колеги од општина Карпош. Работната средба се одржа во просториите на домот на АРМ, каде во пријатна и опуштена атмосфера се разменуваа досегашните искуства од практицирањето на локалната власт, се презентираа реализираните проекти, се бараа решенија на проблемите што се јавуваат во секојдневното работење, а се разговараше и за имплементирањето на новите закони од областа на урбанизмот и заштитата на животната средина..

Улицата „Бошко Буха“ се подготвува за бетонирање

Општина Струмица почна со подготовките за бетонирање на една од најпроблематичните улици во повисокиот дел на градот „Бошко Буха“. Со овој градежен зафат трајно ќе се решат долгогодишните проблеми на жителите од турската националност што ги имаа по секои пообилни врнежи од дожд, со што ќе им се подобрат условите за живот. Наносите од кал, песок, чакал и разновиден отпад им создаваат сериозни проблеми пред дворните места.

По втор пат „Ајверијада“ во Струмица

Во организација на општина Струмица, по втор пат годинава ќе се одржи натпревар во подготвување на домашен ајвар, насловен како „Ајверијада“. Манифестацијата ќе се одржи на плоштадот „Гоце Делчев“ на 6 октомври (сабота) со почеток во 12 часот и во натпреварувачкиот дел може да учествува секоја домаќинка со по една тегла домашен ајвар.

По повод меѓународниот ден на глувите, градоначалникот Заев го посети здружението на глуви и наглуви лица во Струмица

Градоначалникот Зоран Заев, денеска се сретна со членовите на здружението на глуви и наглуви лица во Струмица. Средбата помина во срдечна и опуштена атмосфера во која членовите му се заблагодарија на градоначалникот за досегашната соработка  и неговата несебична помош во решавањето на нивните индивидуални, но и заеднички проблеми што ги имаат во здружението. Откако се пожалија за тешката состојба во која се наоѓаат, присутните членови и на денешната средба побараа градоначалникот да им помогне да најдат работа, да се ослободат од плаќање на надоместокот за вода, да купат лекови, да ги поддржи на спортските натпревари во кои ќе учествуваат, но и да им помогне во уредувањето на просторот пред здружението, каде најчесто се собираат и дружат.

Се асфалтираат дупките во градот

Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска почнаа со асфалтирање на дупките во градот. Со асфалт ќе бидат пополнети сите дупки-прокопи од изведувањето на водоводна и канализациона мрежа и улично осветлување. Акцијата за асфалтирањето почна денеска од булеварот „Гоце Делчев“, таму со асфалт се пополнуваа дупките од изведувањето на новото улично осветлување од левата страна на  булеварот на излезот од Струмица кон населеното место Дабиле.

Булеварот „Ленинова“ подновен со нов асфалт

По  извршените подготовки, денеска беше поставен втор слој асфалт на булеварот „Ленинова“ во Струмица, со што комплетно заврши реконструкцијата на коловозот на еден од најфреквентните булевари во градот. Со реконструкцијата е опфатена вкупна површина од 4.500 метри квадратни и дополнителни 500 метри квадратни со проширувањето пред ученичкиот дом  „Димитар Влахов“ и кај основниот суд Струмица. Со овој градежен зафат значително се зголемува безбедноста во сообраќајот во централното градско подрачје. Инвестицијата чини 4 милиони и 800 илјади денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Струмица.


Страница 1 од 9

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544