Вести - Октомври 2012
Градоначалникот Заев имаше гости од Измир PDF Печати

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев денеска во својот кабинет се сретна со делегација од гимназијата „Јилдис Тинас Измироглу“ од Измир, Турција која е во неколкудневна посета на средното општинско училиште  „Јане Сандански“ од Струмица. Во опуштена и пријатна атмосфера градоначалникот и гостите разговараа на повеќе теми разменувајќи искуства од повеќе области.

 
Нов кружен тек кај Анска река во Струмица PDF Печати

Наместо досегашното семафорско, ново сообраќајно решение ќе добие крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Младинска“ кај Анска река во Струмица. Оваа крстосница е една од најфреквентните и најкритичните во градот и место со чести сообраќајни несреќи.

 
Улиците „Иљо Шопов“ и „Јанков Цветинов“ со нови тротоари PDF Печати

Во рамките на градежната офанзива во општина Струмица која трае подолго време, нов лик добиваат улиците „Иљо Шопов“ и „Јанко Цветинов“. И на двете се врши  реконструкција на тротоарите од двете страни. На „Иљо Шопов“  нови бекатон плочки се поставуваат на вкупна површина од 1.888 метри квадратни. Покрај плочките се поставуваат и бетонски рабници.

 
Паркови и во населените места во општина Струмица PDF Печати

Покрај  решавањето на инфраструктурните проблеми, општина Струмица ги интензивира активностите за разубавување на  населените места со цел да ги направи попристојни места за живеење. Во четири населени места јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ги преуредува јавните површини во паркови. 

 
Четири интервенции на противпожарната единица PDF Печати

Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица во изминатите седум дена имала четири интервенции во градот и во населените места. Пожарникарите со возила интервенирале во гаснењето на запален отпаден материјал на депонијата кај Куклиш, запалена покуќнина во индивидуална семејна куќа во Баница, запалено патничко моторно возило на патот Раборци – Попчево и во црпење вода од ископан дел на улицата „Бетовенова“ во градот. Во овие интервенции учествувале вкупно шест возила и 24 пожарникари.

 
Се одржа обука за одржување на училишните објекти PDF Печати

Во средното општинско училиште „Никола Карев“ во Струмица се одржа обука за планирање на одржувањето на училишните објекти и подготовка на буџет за одржување. Во обуката учествуваа тимовите за реновирање на училиштата кои добија грант за истото, а во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието во врска со компонентата 4, обезбедување стимул за училиштата.

 
Комуналец ги исчисти наносите од дождот PDF Печати

Врнежите од дожд наполнија дел од улиците во градот со наноси од кал, песок и разновиден отпад. Уште од раните утрински часови екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почнаа со чистење и миење на поплавените улици.

 
Малото стопанство доби приклучна водоводна линија PDF Печати

Денеска  во употреба е пуштена  приклучна водоводна линија во Малото стопанство кое се наоѓа од десната страна на патот од Струмица кон населеното место Дабиле.  Со приклучната линија  стопанските субјекти од овој дел на градот ќе можат да се приклучат на водоводната мрежа и да го решат проблемот со водоснабдувањето.

 
Нови канделабри во малиот градски парк PDF Печати

Малиот градски парк почна да го добива новиот изглед. Поставени се нови канделабри кои освен основната функција што ја имаат да го осветлат паркот, одлично ќе се вклопат во стариот стил на градот соодветен на околината, во кој се реконструира паркот. Освен канделабрите, со реконструкцијата е планирано да се постават нови плочки и клупи, а ќе биде поставена и нова соодветна дополнителна опрема.

 
«ПочетокПред1234567СледноКрај»

Страница 1 од 7