Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Декември 2012

Стотина социјално загрозени семејства добија помош од градоначалникот Заев

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и денеска како многу пати досега ја потврди својата хуманост на дело. Околу стотина пакети со најосновни прехранбени производи попладнево беа поделени на социјално загрозените семејства во населеното место Банско, Струмица.

Новогодишно обраќање на градоначалникот Зоран Заев

Градоначалникот Заев меѓу децата со аутизам

Градоначалникот Зоран Заев денеска се дружеше со децата со аутизам на новогодишната прослава во паралелките за образование на ученици со посебни потреби   при ООУ „Сандо Масев“. Сите 14 дечиња добија пакетче од Дедо Мраз, а градоначалникот им посака многу здравје, среќа и успех во Новата 2013 година.

Среќна и Успешна 2013


Градоначалникот Заев со социјално загрозените и децата со посебни потреби

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев денеска се дружеше со децата без родители и децата од социјално загрозените семејства во општината. Во просториите на домот на АРМ дечињата ги пречека Дедо Мраз и им подари новогодишни пакетчиња.

Буџетот на општина Струмица за 2013 година ќе тежи 18 милиони евра

Советот на општина Струмица на денешната седница го усвои буџетот на општината за 2013 година. Тој ќе тежи 1.102.873.915 денари или околу 18 милиони евра. Најголем дел или 51 насто се сопствени изворни средства, а останатите се блок дотации, самофинансирачки активности и донации. Во однос на буџетот за 2012 година, буџетот за следната година е намален за 0,98 насто.

Страница 1 од 7

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544