Вести - Јануари 2013
Општина Струмица ги определи местата за изборни плакати за локалните избори PDF Печати

Општина Струмица ги определи местата за истакнување изборни плакати за локалните избори 2013 година. Членовите на Советот на општина Струмица на вчерашната седница ја усвоија предлог – одлуката за определување на места за истакнување изборни плакати. Според оваа одлука, определени се следните места:

 
Со 2,3 милиони денари општина Струмица ќе го финансира годинашниот карневал PDF Печати

Годинашното издание на струмичкиот карневал ќе се одржи од 15 до 20 март, а главната интернационална карневалска поворка низ улиците на Струмица ќе продефилира на 16 март, стои во предлог – програмата за организација и реализација на струмичкиот карневал во 2013 година што на денешната 65 седница ја усвоија членовите на Советот на општина Струмица. Со два милиони и триста илјади денари, средства обезбедени од буџетот,  општина Струмица ќе го финансира годинашното издание на струмичкиот карневал.

 
Населеното место Добрејци со нови тротоари PDF Печати

Деновиве по нови и модерни тротоари  се движат и  жителите на населеното место Добрејци. Комплетно е завршено поплочувањето со бекатон плочки на тротоарот од левата страна на улицата, од влезот до центарот на селото, на вкупна површина од 1.680 метри квадратни.

 
Решение за свикување на шеесет и петтата седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 
ОБЈАВА PDF Печати

Врз основа на член 136 став 1 , став 2 и став 3 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005, Сл.в РМ бр:81/2005, Сл.в на РМ бр:24/2007,Сл.в на РМ бр:159/08, Сл.в на РМ бр:83/2009 ,Сл.в на РМ бр:48/2010 Сл.в на РМ бр.124/2010, Сл.в на РМ бр.51/2011 и Сл.в на РМ бр.123/12 ) Градоначалникот на Општина Струмица врши:

 
Нови тротоари на улицата Балканска и во населеното место Муртино PDF Печати

Улицата „Балканска“  добива нов тротоар од десната страна, од хотелот „Илинден“ до подружницата на ЕВН во Струмица. На површина од 600 метри квадратни се поставуваат бекатон плочки, со што целосно се заокружуваат градежните зафати на оваа улица.

 
Струмица гас доби лиценца за дистрибуција на гас во следните 35 години PDF Печати

Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица Гас“ доби лиценца за вршење на на енергетска дејност - дистрибуција на природен гас до јануари 2048 година.

 
Нов начин на плаќање на водата за пиење во населените места во општина Струмица PDF Печати

Жителите на населените места во општина Струмица кои не се приклучени на водоснабдителниот систем на градот,  водата за пиење ќе ја плаќаат по нов начин што го утврди јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“. Имено, според одлуката што беше донесена  на последната седница на Советот на општината во декември минатата година, се утврдени две цени и тоа, до 15 метри кубни потрошена вода месечно цената изнесува 18 денари, а над 15 метри кубни цената изнесува 31,20 денари. Овие цени важат за корисниците на водата од водоснабдителните системи во населените места Банско, Муртино, Свидовица и Куклиш.

 
Во училиштата се преземаат сите мерки за да се спречи ширењето на заразни болести PDF Печати

Во основните и средните училишта денеска почна второто полугодие од учебната 2012/2013 година. За да се спречи појавата од ширење на заразните болести и инфекциите меѓу учениците и вработените кои се карактеристични за овој период од годината, општина Струмица ги спроведува сите мерки на заштита. Согласно законот за заштита на населението од заразни болести во текот на распустот во сите основни и средни училишта се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

 
«ПочетокПред123СледноКрај»

Страница 1 од 3