Вести - Март 2013
Учениците од „Јахја Кемал“ донираа клима уред на паралелките со посебни образовни потреби во „Сандо Масев“ PDF Печати

Учениците од прва, втора и трета година во колеџот „Јахја Кемал“ во Струмица денеска ги посетија трите паралелки во кои наставата ја следат ученици со посебни образовни потреби при основното општинско училиште „Сандо Масев“. Тие донираа клима уред, а средствата ги собрале на сопствена иницијатива со цел подобрување на условите за спроведување на воспитно – образовниот процес на децата со посебни образовни потреби, односно со аутизам. Посетата се реализираше преку одделението за образование при општина Струмица. Учениците од „Јахја Кемал“ се интересираа за образовниот процес на децата со аутизам, програмите што ги изучуваат и напредокот што го имаат, а одговорите ги добиваа од Спасе Додевски дефектолог во училиштето. Тој рече дека децата со аутизам одлично се вклопуваат во воспитно – образовниот процес кој веќе  ги дава очекуваните резултати.

 
Акционен план за вработување на лица со посебни потреби PDF Печати

Општина Струмица како подржувач на проектот Потикнување на социјална инклузија и инклузивен пазар на трудот, којшто е имплементиран од Министерството за труд и социјална политика,подржан од ИПА средства на Европска делегација, организираше на ден 19.03.2013 јавна дебата во хотел Глигоров.

 
Преку „Систем 48“ во февруари решени 65 проблеми на граѓаните PDF Печати

До општинскиот сервис за брзи услуги кон граѓаните  „Систем 48“, во текот на месец февруари граѓаните од општина Струмица доставиле 74 пријави. Од нив се решени 65 пријави, а останатите 9 пријави се во процес на решавање затоа што станува збор за пријави кои не се решаваат во период од 48 часа. Најголем број од пријавите во месец февруари се од областа на  улично осветлување 32, 12 пријави се за собирање смет и 16 за водовод и канализација.

 
Во две училишта спроведени активности од проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“ PDF Печати

Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, кој е финансиран од Детската Фондација Песталоци-Швајцарија, а се имплементира од Општина Струмица, БРО-Скопје во партнерска соработка со МЦГО-Скопје, во двете основни училишта: „Маршал Тито“-Струмица и „Маршал Тито“-Муртино, вклучени во проектот, се спроведоа  активностите планирани со месечниот акционен план.

 
Опис на избирачките места и промени на гласачки места во општина Струмица PDF Печати

Опис на избирачките места за локални избори 2013 во општина Струмица.


opis_izbiracki_mesta_novo.pdf


Измени во гласачките места за локални избори 2013 во општина Струмица.


promeneti_glasacki_mesta.pdf


 
До општинската комисија за проценка на штети поднесени се 1.200 барања PDF Печати

До општинската комисија за проценка и уврдување на штети од елементарни непогоди досега се доставени 1.200 пријави од жителите на поплавените места во општина Струмица од кои само околу 500 се од населеното место Муртино, а останатите се од Дабиле, Добрејци, Просениково, Баница, Рич, Попчево, Раборци, Сачево, Градско Балдовци. Според информацијата од  командантот на општинскиот кризен штаб Кирил Парталов, членовите на комисијата имаат огромна и одговорна задача бидејќи се работи за огромен број на пријави по кои треба да се работи и да се утврди штетата.

 
Стручна делегација од Германија во посета на општина Струмица PDF Печати

Во посета на Општина Струмица престојуваше стручна делегација од Покраинскиот парламент на Саксонија - Анхалт, Германија. Делегацијата беше предводена од долгогодишниот соработник и пријател на Македонија, г-нот Ралф Бергман, пратеник на СПД и портпарол за прашања од сферата на животната средина и демографија од федералната држава Саксонија-Анхалт,  и воедно експерт во областа на искористување на обновливи извори на енергија.