Вести - Јули 2013
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена PDF Печати

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија"  бр:53/05 , 81/05 , 24/07 , 159/08 , 83/09 , 48/10 ,  124/10  51/11), Општина Струмица, на ден 25.07.2013 година, донесе


 
Градоначалникот Заев им посака добредојде на кошаркарите на европското првенство PDF Печати

Во Струмица почна Европското првенство во кошарка М-18 (Б дивизија) на кое учествуваат 22 селекции. На стартот на првенството во спортската сала „Парк“, кошаркарите и спортските работници ги поздрави градоначалникот Зоран Заев и   им посака добредојде во градот кој по трет пат е домаќин на Европско првенство во кошарка.

 
Струмичките пожарникари го презентираа искуството стекнато во Обединетото Кралство PDF Печати

Денеска во кругот на Територијалната професионална противпожарна единица во Струмица, беше извршена презентација на стекнатите искуства за справување со сообраќајни незгоди од страна на тимот кој беше на обука во Обединетото Кралство. И теоретски и практично инструкторите им  покажаа на пожарникарите како да постапуваат во вакви ситуации.

 
Струмичани со најдобра маска на карневалот во Србија PDF Печати

Маските работени со многу љубов, а презентирани на традиционалниот струмички карневал што се одржа во март годинава, ги освојуваат наградите на карневалите во соседните земји. На осмиот меѓународен карневал што се одржа во Лесковац, Република Србија, маската “Ангели и демони“ на средното општинско училиште “Никола Карев“ од Струмица ја освои првата награда.

 
Градоначалникот Заев на средба со младите кошаркари и лицата со посебни потреби PDF Печати

Од 18 до 28 јули Струмица ќе биде европски кошаркарски центар-домаќин на Европското кошаркарско првенство за кошаркари до 18 години. По тој повод денес топло добредојде на членовите на младинската кошаркарска репрезентација на Македонија им посакаа градоначалникот Зоран Заев и претставниците на четири здруженија на лица со посебни потреби.

 
Основните и средните училишта во Струмица се подновуваат за новата учебна година PDF Печати

Летниот распуст на учениците, општина Струмица го користи за реконструкција во основните и средните училишта. Водејќи постојана грижа за здравјето и безбедноста на учениците, во скоро сите училишта се врши варосување на просториите и проверка и обновување на  електричната инсталација. Освен ова,  во дел од училиштата се вршат и зафати од поголем обем.

 
Соопштение од ЈПКД Комуналец PDF Печати

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ги известува граѓаните на општина Струмица дека на ден 16.07.2013 година, вторник, поради промена на вентилот на главната водоводна линија, без вода за пиење ќе останат населените места Добрејци и Дабиле и високата зона од градот, а во попладневните часови и целиот град. Според планираните активности, прекинот на водоснабдувањето ќе биде во периодот од 06:00 до 22:00 часот.

 
Општина Струмица ја одбележа 69 – годишнината од смртта на Благој Мучето PDF Печати

Со полагање свежо цвеќе пред спомен бистата во малиот градски парк  и пред спомен плочата во големиот парк, беше одбележана 69 – годишнината  од смртта на  Благој Јанков Мучето. За животот и делото на овој народен херој зборуваше Марјан Даскаловски, претседател на Советот на општина Струмица.

 
Советот на општина Струмица ја одржа петтата седница PDF Печати

Советот на општина Струмица ја одржа петтата седница на која членовите расправаа и донесоа одлуки од повеќе области што се под надлежност на локалната самоуправа. На седницата беше усвоен извештајот за работата и годишната сметка со финансов извештај на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и извештајот за работата на Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ за кое беше дадена и согласност за проширување на дејноста и измена и дополнување на статутот.

 
«ПочетокПред123СледноКрај»

Страница 1 од 3