Вести - Октомври 2013
Училиштето „Сандо Масев“ стана енергетски ефикасно и независно училиште PDF Печати

Од денеска, општинското основно училиште „Сандо Масев“ во Струмица стана енергетски ефикасно  и независно училиште. Премостувањето од електричната на соларната енергија го изврши градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

 
Градоначалникот Заев им вети целосна поддршка на пазарџиите и дуќанџиите кои бараат отстранување на уличните продавачи PDF Печати

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска во својот кабинет ги прими претставниците на сопствениците на тезгите и дуќаните кои протестираат против уличните продавачи и нелојалната конкуренција. На средбата присуствуваа и Ѓорѓи Бонев раководител на одделението за инспекциски работи, Ѓорги Табанов комунален инспектор и Зоран Ѓорѓиев  директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.

 
Се тампонира новиот пристапен пат до Габровските водопади PDF Печати

Согласно општинската програма за реконструкција на патната мрежа во општина Струмица, почна  тампонирањето на пробиената делница од регионалниот пат Р-605 Струмица – Старо Коњарево, до Габровските водопади. Пробиениот пат е со должина од околу еден километар, а широк е четири метри.

 
Советниците од коалицијата „Сојуз за иднината“ во знак на солидарност со Шиповиќ ја напуштија седницата на Советот PDF Печати

Во знак на солидарност со претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, советничката група на коалицијата „Сојуз за иднината“, денеска ја напушти седницата на Советот на општина Струмица. Во образложението за вакавата одлука, координаторот на советничката група, Јосиф Христов, рече:

 
Градоначалникот Заев му ја врачи наградата „Ристо Шишков“ на актерот Нико Горшич од Словенија PDF Печати

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, на актерот од Словенија, Нико Горшич, му ја врачи наградата за високо актерско достигнување што ја доби на годинашното издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ кој од 8 до 13 септември се одржа во Струмица. Поради професионални обврски, Горшич, не можеше да ја прими наградата на завршната вечер на фестивалот, поради што таа синоќа му беше врачена во кабинетот на градоначалникот Заев. За лауреатот на 21 – то издание на фестивалот Нико Горшич, наградата,  златен медаљон со ликот на Ристо Шишков и паричен износ од 1.500 евра, не е само награда, туку  претставува и голема чест.

 
Во Струмица почна фестивалот на новиот германски филм PDF Печати

Со проекцијата на комедијата „Претежно ведро“ на Марко Петри, во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, синоќа беше отворено деветтото издание  на фестивалот на новиот германски филм кој годинава се одржува под мотото „Го сакам филмот“.

 
Струмица прва општина во Македонија во проект со ОН за намалување на ризикот од катастрофи PDF Печати

Струмица е првата и единствена општина во Република Македонија и меѓу 1539 градови во целиот свет која е вклучена во проектот „Мојот град се подготвува“ кој се реализира во партнерство со Обединетите нации и Интернационалната стратегија за намалување на ризикот од катастрофи на ОН.

 
Решение за свикување на осмата седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 
Преку видео спот ќе се подига свеста на учениците за вонредни ситуации PDF Печати

Во просториите на Домот на АРМ во Струмица беше промовиран видео спот чија цел е подигање на свеста кај учениците за нивното учество во вонредни ситуации, како пожари и земјотреси. Станува збор за проект на УНДП, во чија реализација учествуваа општина Струмица, здружението „Новус’’, Факултетот за драмски уметности и институциите задолжени за вонредни ситуации. Како актери во видео спотот учествуваат ученици од драмските секции од сите три средни општински училишта од Струмица, чија улога е да ги научат своите врсници како да реагираат во вонредни ситуации во своите училишта, како да си помогнат  себе си  и на другите околу нив.


 
«ПочетокПред12345СледноКрај»

Страница 1 од 5