Вести - Декември 2013
Општина Струмица на сите граѓани им ја честита Новата 2014 година и им посакува многу здравје, среќа и успех во работата! PDF Печати

 
Новогодишно обраќање на градоначалникот Зоран Заев PDF Печати

 
Градоначалникот Заев со социјално загрозените и децата со посебни потреби PDF Печати

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска им врачи новогодишни пакетчиња на децата од социјално загрозените семејства и на децата без родители. Беа поделени 300 новогодишни пакетчиња и околу четири илјади пакети што ги подготвија учениците од сите основни училишта во општина Струмица за своите другарчиња.

 
Буџетот на општина Струмица за 2014 година ќе тежи 17,3 милиони евра PDF Печати

Советот на општина Струмица го усвои буџетот на општината за 2014 година. Тој тежи 1.067.775.446 денари или околу 17,3 милиони евра.
-Како и секој буџет и овој е составен од основен дел на буџетот кој зависи од општината во делот на наплата на приходи и реализација на расходи и тој изнесува 523. 575.000 денари, 452.588.000 денари се блок дотациите за основно и средно образование, социјална заштита, детските градинки, култура во која спаѓаат градската библиотека, пионерскиот дом, како и противпожарната единица на општина Струмица.

 
Градоначалникот Заев им подари новогодишни пакетчиња на децата со посебни потреби PDF Печати

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, попладнево присуствуваше на традиционалната предновогодишна прослава во центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. Децата од срце му се радуваа на градоначалникот, кој им подари новогодишни пакетчиња и им посака многу убави и радосни моменти во Новата година.

 
Струмица во новогодишна бајка PDF Печати

Струмица како никогаш досега блесна во новогодишен сјај и личи на бајка. Светлосни елки, небо од солзи, светлосни мрежи на палмите, осветлени дрвја и канделабри, разновидни светлосни фигури, се само дел од новогодишниот амбиент во градот.

 
Пожарникарите од Струмица на светски календар за 2014 година PDF Печати

Тимот за спасување при сообраќајни несреќи и елементарни непогоди на Територијалната противпожарна единица на Струмица се најде на новогодишниот календарот за 2014 година на групацијата „Холматро“ од Холандија.

 
Околу што Курир и Сител кренаа прашина во Струмица?! PDF Печати

Младинскиот совет, како непартиска организација која ги обедини младите од општина Струмица без разлика на партиската и верската припадност и која уште на формирањето доби поддршка од сите политички партии, во петгодишното постоење има реализирано стотина проекти од различни области.

 
Решение за свикување десетата седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 
«ПочетокПред1234СледноКрај»

Страница 1 од 4