Вести - Јануари 2014
Струмица воведува зонско паркирање PDF Печати

Советот на општина Струмица денеска донесе одлука за определување на зонско паркирање во градот. Во образложението за донесување на оваа одлука, градоначалникот Зоран Заев, рече дека со ова ќе се реши проблемот со паркирањето.
-Заедно со јавното претпријатие „Паркиралишта“ сакаме да го средиме паркирањето во Струмица, пред се во централното подрачје по пат и постапка што значи целосно управување со паркинзите од основаното јавно претпријатие за оваа намена. Мислиме дека имаме капацитет како јавно претпријатие сами да го организираме при пејд паркирањето во нашиот град.

 
Нацрт извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Локална урбанистичка планска документација за КП бр.2512/1 и 2512/2 во КО Дабиле - Општина Струмица PDF Печати

Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата.

 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПОРТ PDF Печати

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник  на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:

 
Струмичани се подготвуваат за карневалот – главната карневалска вечер на први март PDF Печати

Се интензивираат подготовките за годинашното издание на традиционалниот струмички карневал. Седумдневните карневалски празнувања ќе почнат на 27 февруари со концертот под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, а свеченото отварање ќе се одржи на 28 февруари со традиционалниот маскенбал на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата.

 
Комуналец подготвен за одржување на улиците во зимски услови PDF Печати

Зимската служба на јавното  претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ е комплетно подготвена за одржување на улиците  во зимски услови. Според Бранко Ѓоргиев, раководител на работната единица „Чистота“, „Комуналец“ во моментот располага со 35 тони индустриска сол и 25 тони ризла за интервенција на улиците во зимскиот период. Покрај обезбедените количини на сол и ризла, подготвени се и двете возила за чистење на улиците од снег.

 
Решeние за свикување единаесетата седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 
Општинскиот сервис „Систем 48“ вистински партнер на граѓаните - лани решени над илјада проблеми PDF Печати

Преку општинскиот сервис „Систем 48“ во 2013 година биле решени 1.066 проблеми на граѓаните. Со тоа, овој сервис потврдува дека граѓаните ја стекнаа неговата доверба и во него гледаат вистински партнер за решавање на нивните проблеми. Вкупно 1.134 пријави  биле доставени од граѓаните, од нив биле решени 1.066, а поради сложеноста на проблемите кои не можат да се решат во рок од 48 часа, останатите 68 пријави се во процес на решавање.

 
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена PDF Печати

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија" бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 , 51/11 , 123/12 и 93/13), Општина Струмица, на ден 23.01.2014 година, донесе

 
Одбележана 71-годишнина од убиството на првоборецот Герас Цунев PDF Печати

Пред спомен бистата која се наоѓа во малиот градски парк, денеска беше одбележана 71-годишнина од убиството на првоборецот Герас Цунев. Од името на општина Струмица, свежо цвеќе пред бистата положи претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, а за животот и делото на Цунев зборуваше Драги Периклиев, член на општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ. Во рамките на свеченостите членовите на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ го изведоа рециталот „Герас Цунев – борец и човек“.



 
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2