Вести - Февруари 2014
Изложба на карневалски маски во ООУ „Даме Груев“ во село Куклиш PDF Печати

Во предвечерјето на струмичкиот карневал, стотина ученици од ООУ „Даме Груев“ во селото Куклиш по објавен интерен ликовен конкурс изработија ликовни творби на тема од карневалот. За определување на најдобрата ликовна творба од поставените маски во холот на училиштето, учениците од училиштето се изјаснуваат со гласачки ливчиња во посебно изработена кутија. За наградените творби се предвидени соодветни награди.


 
Струмица од денеска во карневалска треска PDF Печати

Со концертот под маски на младите од музичкото училиште „Боро Џони“ што се одржа синоќа во центарот за култура „Антон Панов“, во Струмица почнаа петдневните карневалски празнувања. Публиката уживаше во прекрасните изведби на 120-те учесници во концертот за кој се подготвуваа два месеца. Пред концертот беше отворена изложба на фотографии од минатодгодишното карневалско издание.

 
Соња Чурлинова раководител на одделението за образование замина во пензија PDF Печати

Денеска беше последен работен ден за Соња Чурлинова, раководител на одделението за образование при општина Струмица. По 39 години и осум месеци работа во општината, таа замина во пензија. Освен од колегите и вработените,  беше испратена и од градоначалниот Зоран Заев. На средбата во кабинетот, градоначалникот Заев и Чурлинова евоцираа спомени потсетувајќи се на досега направеното во образованието, на бројните реализирани проекти, на реконструираните основни и средни училишта, на прекрасните услови што учениците од основните и средните училишта ги имаат за следење на наставата. Градоначалникот Заев и посака среќни и долги пензионерски години, а Чурлинова рече дека и како пензионер, ќе биде активна и со своето богато искуство секогаш ќе биде на располагање во унапредувањето на образовниот процес.

 
ПРОГРАМА на Струмичкиот карневал од 27 февруари до 5 март 2014 година PDF Печати

четврток, 27.02. | 12:00 часот | Доделување награди од литературниот конкурс на тема „Карневал“ во ЛУБ „Благој Јанков Мучето.
четврток, 27.02. | 19:00 часот | Отворење на Изложба „Фотографии од Струмичкиот карневал 2013“ во НУЦК „Антон Панов“.
четврток, 27.02. | 20:00 часот | „Концерт под маски“ на Музичкото училиште „Боро Џони“ во НУЦК „Антон Панов“.
петок, 28.02. | 21:00 часот | Свечено отворање на Струмичкиот карневал со Маскенбал во Хотел „Сириус“ Струмица.
сабота, 01.03. | 15:00 часот | Карневалска „Олдтајмер“ парада низ булеварите во центарот на Струмица.
сабота, 01.03. | 17:00 часот | ГЛАВНА КАРНЕВАЛСКА ВЕЧЕР – Интернационална карневалска поворка.
сабота, 01.03. | 22:00 часот | Целовечерна карневалска забава „Гаража парти“ во подземната гаража под плоштадот.
недела, 02.03. | 11:00 часот | Традиционален Детски карневал по повод „Прочка“ на плоштадот „Гоце Делчев“.
понеделник, 03.03. | 13:00 часот | Традиционална програма по повод Чист понеделник, варење на бел грав на плоштадот.
понеделник, 03.03. | 19:30 часот | Отворање на Изложба на карикатури и доделување на наградите од Фестивалот на афоризми и карикатури на тема „Карневал“.
вторник, 04.03. | 19:30 часот | Доделување на наградите од Интернационалната Карневалска вечер | НУЦК „Антон Панов“.
среда, 05.03. | 13:00 часот | Одбележување на Тримерските обичаи.

 
Решение за свикување дванаесетата седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 
Општина Струмица ја одбележа десетгодишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски PDF Печати

Општина Струмица денеска ја одбележа десетгодишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Пред споменикот „Македонија“ подигнат во негова чест, свежо цвеќе положи градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој пред големиот број роднини, пријатели и почитувачи на Трајковски, зборуваше за животот и делото на трагично загинатиот претседател.

 
Преку јавно извлекување утврден е редоследот на учесниците во главната карневалска поворка PDF Печати

Синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ преку јавно извлекување беше утврден редоследот на учесниците во главната карневалска поворка. На извлекувањето присуствуваа членовите на организациониот одбор на карневалот и претставници на  карневалските групи. Вкупно 41 група ќе учествуваат во главното карневалско дефиле кое ќе се одржи на 01.03.2014 (сабота) со почеток во 17 часот.

 
Одбележан денот на училиштето и сто години од раѓањето на Герас Цунев PDF Печати

Со почит кон патронот на училиштето, народниот херој Герас Цунев,  денеска вработените, учениците и родителите од ООУ „Герас Цунев“ од селото Просениково, го прославија Денот на училиштето и стогодишнината од неговото раѓање.

 
Одлука за спроведување на стратегиска оцена PDF Печати

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија" бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 и 93/13), општина Струмица, на ден година, донесе

 
«ПочетокПред123СледноКрај»

Страница 1 од 3