Вести - Мај 2014
Во Струмица се одржа 24-та републичка детска средба „Цвеќе 2014“ PDF Печати

Цвеќето како тема денеска беше инспирација за околу 70 деца од повеќе градови во во Македонија кои во Струмица создаваа нови ликовни дела и аранжираа природно цвеќе во рамките на 24-та републичка детска средба „Цвеќе 2014“. Оваа манифестација се одржа под покровителство на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, а во организација на Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица. Во рамките на манифестацијата беше отворена и ликовна изложба насловена како „Цвеќе“.

 
Советот на општина Струмица ја одложи 15 седница PDF Печати

Членовите на Советот на општина Струмица ја одложија денешната петнаесетта седница. На седницата предложените педесет точки, беа заменети со нови четири и тоа: предлог - решение за констатирање престанок на мандат на член Советот на општина Струмица, предлог – решение за констатирање престанок на мандат на претседател на Советот, предлог – решение за верифицирање на мандат на член на Советот и предлог – решение за избор на претседател на Советот на општина Струмица. Откако дневниот ред беше прифатен од советниците, истите изгласаа одложување на седницата, бидејќи, според образложението на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, треба да се извршат претходни законски дејства согласно Изборниот законик, Законот за локална самоуправа и Статутот на општина Струмица, односно треба да се достави известување до општинската изборна комисија за прекин на мандатот на член на Советот и свикување на верификационата комисија.

 
Струмица по 24-ти пат домаќин на републичката детска средба „Цвеќе 2014“ PDF Печати

Во организација на Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“, в петок, (30.05.2014 година), во Струмица ќе се одржи 24-та републичка детска средба „Цвеќе 2014“. Децата од цела Македонија кои ќе учествуваат во оваа манифестација, ќе се натпреваруваат во аранжирање на природно цвеќе, цртање на асфалт или хамер хартија, а ќе биде отворена и ликовна изложба насловена како „Цвеќе“. Средбата која се одржува под покровителство на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, ќе започне во 10,30 часот во Домот на АРМ.

 
Насилното отстранување на заштитните столпчиња ќе биде најстрого казнето PDF Печати

Во последно време регистрирано е насилно отстранување на заштитните столпчиња на пешачките зони на повеќе локации во градот. За да се спречи ваквото однесување од Инспекторатот за инспекциски работи во урбанизмот, комуналните работи, заштита на животната средина, патниот сообраќај, локалните патишта и улици, апелираат до сопствениците на угостителските и трговските објекти, наместо да ги уништуваат заштитните столпчиња, да ги отклучуваат катанците од истите.

 
Продолжува акцијата за крпење на дупките во градот PDF Печати

И денеска продолжи општинската акција за крпење на дупките на улиците во градот. Нов бетонски слој е ставен на спојот меѓу улиците „Братство Единство“ и „Панче Пешев“ ( позади хотелот „Тивериопол“). Освен овој спој, денеска се крпат и дупките на улиците „Ристоман Попчевски“ и „11 септември“.

 
Преку проектот „Општина по мерка на граѓаните“ Струмица ги зајакнува капацитетите на администрацијата и Советот PDF Печати

Во рамките на воспоставената соработка помеѓу општина Струмица и фондацијата Отворено општество – Македонија на проектот „Општина по мерка на граѓаните“, денеска во хотелот „Глигоров“ почна обуката за подобро разбирање на ЕУ и пристап до европските фондови (ИПА и Програми на Унијата). Целта на тридневната обука е да се зајакнат капацитетите на општинската администрација и членовите на Советот за активно вклучување на граѓаните во подготовките и донесувањето на локалните политики.

 
Заев: Астерфест ја зацврсти позицијата на Струмица – културен центар на источна Македонија PDF Печати

Под мотото „Ново и старо“, вчеравечер, во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, стартуваше десетто издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Во своето обраќање градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, рече дека овој јубилеј е вреден за почит, затоа што фестивалот со интернационалниот белег уште повеќе ја зацврсти Струмица на позицијата – културен центар на источна Македонија.

 
Се крпат дупките на улиците во градот и населените места PDF Печати

Согласно програмата за патишта и улици на општина Струмица за 2014 година, во тек е крпењето на ударните дупки и ровови на улиците во градот. Денеска се работеше на улицата „Крушевска Република“ и според информациите од одделението за комунални работи при општина Струмица, акцијата ќе продолжи и во наредниот период кога со асфалт ќе се пополнат сите дупки во градот, но и во населените места.

 
Продолжува соработката меѓу учениците од основните училишта од Порој и Дабиле PDF Печати

Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ од населеното место Дабиле, општина Струмица, денеска беше домаќин на претставниците на општинското основно училиште „Скендер бег“ од селото Порој од општина Тетово, во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција.

 
«ПочетокПред1234СледноКрај»

Страница 1 од 4