Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

×

Грешка

[sigplus] Critical error: Image gallery folder evropsko_prvenstvo is expected to be a path relative to the image base folder specified in the back-end.

Вести - Јуни 2014

Заврши акцијата „Чиста и уредна средина“ во Струмица

Акцијата за „Чиста и уредна средина“ што ја спроведе општина Струмица во соработка  со Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, општинскиот сервис „Систем 48“, Младинскиот совет и урбаните заедници, заврши успешно. Во трите реони на градот, беа подигнати околу 100  метри кубни разновиден отпад од јавните површини и домаќинствата.

Градоначалникот Заев: Завршивме проект што ги решава поплавите, а беше обврска на Владата

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев со своите соработници, денеска ја посети улицата „Бетовенова“ во Турското маало во Струмица, на која е поставен нов асфалтен слој на површина од 1.650 метри квадратни. Со асфалтирањето на оваа улица, практично, заврши и изградбата на Ободниот канал, проект кој го почна, а не го заврши Владата.

Претседателот на Советот Јосиф Христов им ги врачи наградите на најдобрите спортисти

Заврши Европскиот шампионат во спортска ориентација за млади  што овие денови се одржуваше во Струмица и на локалитетот „Суви лаки“ на планината Огражден. Селекцијата на Финска е најдобрата репрезентација учесник на ова европско натпреваруање. Второто место по бројот на освоени поени им припадна на Чешка, а како трета најдобра селекција е прогласена селекцијата на Швјацарија.

В недела завршува акцијата за „Чиста и уредна Струмица"

В недела, 29.06.2014 година, ќе се реализира завршниот  дел од акцијата „Чиста и уредна средина“ што ја спроведува општина Струмица, а во соработка со Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, општинскиот сервис „Систем 48“, Младинскиот совет и урбаните заедници.

Екипа од СОУ „Јане Сандански“ во посета на градот Грујец во Полска

Ученици и професори од средното општинско училиште „Јане Сандански“ престојува во работна посета на Грујец, Полска, град со кој општина Струмица има потпишано договор за соработка.

Нови тротоари на улицата „Димитар Цветинов“

Со нови тротоари и рабници се подновува улицата „Димитар Цветинов“ во Струмица. Изваден е стариот асфалтен слој и се поставуваат нови бекатон плочки од двете страни на улицата, од булеварот „Маршал Тито“ до  улицата „Вардарска“.

Страница 1 од 9

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544