Вести - Јули 2014
Успешно извршено прскање против комарци во Струмица PDF Печати

Во рамките на реализација на Програмата за работа на општина Струмица за 2014 година, утрово во периодот од 05,00 часот до 06,30 часот беше спроведено авионско третирање против комарци на територијата на Струмица.Според информациите од Одделението за заштита на животната средина при Општина Струмица, третирањето започна на северо – запад од гробиштата во правец на Софилар до селото Добрејци (индустриска зона – Север), продолжи во правец на бетонската база ,,Бетон‘‘до почетокот на индустриската зона во Дабиле, а од таму во правец на реката Тркања до раскрсницата на с.Куклиш, па се до Св.Петнаесет, Ловен Дом и градските гробишта.Од ова одделение истакнуваат дека третирањето против комарци е успешно извршено.


 
Санацијата на ударните дупки во градот продолжува во август PDF Печати

Предвидените активности од акцијата за ,,крпење‘‘на ударните дупки во градот за втората половина од јули се во целост реализирани. Согласно Програмата за патишта и улици за 2014 година на Општина Струмица, во изминативе денови завршена е санацијата на дупките на булеварот ,,Климент Охридски‘‘(спроти Здружението на возачи), на раскрсницата од улиците ,,Братство и Единство‘‘ и ,,Браќа Миладинови‘‘, булеварот ,,Ленинова‘‘ и улицата ,,Братство и Единство‘‘.

 
И С П Р А В К А на ОБЈАВА 01/2014(11.07.2014) PDF Печати

              ОПШТИНА СТРУМИЦА

                          И С П Р А В К А  на ОБЈАВА 01/2014(11.07.2014)

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

по пат на  електронско јавно наддавање во Општина Струмица


Во Објавата  бр. 01/2014  од 11.07.2014 година се вршаат следните исправки:

1.Во Предмет на електронско наддавање реден број 7 се брише и ГП 1.4 во Урбан блок 42 нема да биде предмет на јавно наддавање.

Согласно тоа и во табеларниот преглед 2 реден број 14 за ГП 1.4 се брише,како и во рокови за јавното наддавање за опшано за

15.08.2014 година за ГП 1.4 кое е предвидено да се одржи во 13,30 часот, се брише.

2.Во Табеларен преглед 2: Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта

 
Работни активности во СОУ ,,Никола Карев‘‘ PDF Печати

Во рамките на подготовките за новата учебна година, во основните и средните училишта во општина Струмица, во тек се активностите за подобрување на условите за одвивање на воспитно – образовниот процес и за задоволување на потребите на учениците и наставниците.

 
Ученици од основните и средните училишта од Струмица на Летен камп за промоција на детски права и интеркултурна комуникација PDF Печати

Во рамките на проектот „Промовирање на детски права и интеркултурна комуникација“, кој со поддршка на Детската Фондација Песталоци го спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА, во периодот од 23-26 јули во село Банско се одржа летен камп, на кој учествуваа и ученици од основните и средните училишта од општина Струмица.

 
,,Крпењето‘‘ на ударните дупки во Струмица продолжува PDF Печати

Општина Струмица продолжува со реализација на акцијата за ,,крпење‘‘ на ударните дупки во градот, согласно својата Програма за патишта и улици за 2014 година. Вакви градежни активности денес се одвиваат на Булеварот ,,Климент Охридски‘‘ (транзитниот пат), а за утре, одделението за комунални работи при Општина Струмица најавува ,,крпење‘‘ на дупки и на Булеварот ,,Ленинова‘‘ (пред зградата на Општинскиот суд). Според информациите од ова одделение, во наредните денови ќе се изврши асфалтирање на сите дупки по улиците во централното градско подрачје, за потоа акцијата да продолжи и во останатите делови на градот.

Од Општина Струмица апелираат до возачите на моторни возила, да имаат разбирање за градежните активности од оваа акција.

 
Градоначалникот на Општина Струмица упати честитка по повод Рамазан Бајрам PDF Печати

Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев до сите верници од исламска вероисповед упатува честитка по повод големиот празник Рамазан Бајрам, посакувајќи им во деновите кои се слават по светиот месец на постот мир, радост, среќа и добро здравје во секое семејство и секој дом.

- Нека овој празник биде наша заедничка водилка за подобро денес и за наша заедничка посветла иднина -.

 Честит Бајрам - Бајрам Мубарек

 
Јавните површини не се за оставање градежен шут PDF Печати

Поради интензивирање на градежните активности на граѓаните, секоја година, во периодот од март до ноември, зачестува појавата на оставање градежен шут и градежни материјали на јавни површини. Не помала е појавата и на оставање на гранки, растенија и цврст отпад од домаќинствата на јавни површини или нивно фрлање во контејнерите кои се исклучиво наменети за комунален отпад.

 
ТППЕ – Струмица подготвена за евентуални и други видови пожари PDF Печати

Високите летни температури и некои од активностите на граѓаните кои го одбележуваат овој период од годината, претставуваат потенцијална опасност за појава на шумски и други видови пожари.

Според командирот на ТППЕ-Струмица Мијалче Крстев, струмичките пожарникари досега имале помал број интервенции во споредба со минатите години, но единицата е подготвена успешно да се справи со нови евентуални пожари.

 
«ПочетокПред12345СледноКрај»

Страница 1 од 5