Вести - Август 2014
Советот на општина Струмица ја одржа седумнаесеттата седница PDF Печати

На денешната седумнаесетта седница на Советот на општина Струмица  беше усвоена информацијата за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на територијата на општина Струмица за периодот од први јануари до триесетти јуни оваа година.

 
Основните и средните училишта во општина Струмица подготвени за новата учебна година PDF Печати

Основните и средните училишта во општина Струмица се комплетно подготвени за почетокот на новата 2014/2015  година, ова денеска го потврди претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, на прес конференцијата што се одржа во општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во населеното место Дабиле.

Интегрален текст од прес конференцијата:

 
Градоначалникот Заев го Чествуваше ,,УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА,, PDF Печати

Со служење празничен водосвет од страна на претстаници на МПЦ ОА, кршење славски колач и примопредавање на кумството, денес во Божјиот храм во изградба ,,Успение на Пресвета Богородица,, беше одбележан денешниот патрон празник на црквата.

 
Промовирана физибилити студијата за панорамски трамвајска линија „Цареви Кули“ PDF Печати

Денеска во просториите на домот на АРМ во Струмица беше промовирана физибилити студијата за изградба на панорамска трамвајска линија „Цареви Кули“, а во рамките на проектот „Грантова шема за поддршка на Југоисточниот плански регион“ финансиски поддржан од програмата за регионален економски развој на ГИЗ -РЕД. На промоцијата присуствуваа претставници на бизнис заедницата, здруженијата на граѓани, членови на Советот, општинската администрација и на Југоисточниот плански регион.

 
Се крпат ударните дупки во населените места PDF Печати

По завршувањето на акцијата за санирање на ударните дупки по улиците во градот, истата продолжи и во населените места. На две места веќе се закрпени дупките и тоа на главната улица од влезот до центарот на населеното место Добрејци  и на патот Струмица – Просениково од крстосницата кај кванташки пазар до патот за населеното место Сарај. Денеска се вршат подготовки, а утре со асфалт ќе бидат пополнети дупките во центарот и околните улици на населеното место Банско. Акцијата ќе продолжи и во другите населени места каде има потреба од интервенција на улиците.

 
Решение за свикување седумнаесетта седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 
Ќе се промовира физибилити студијата за панорамска трамвајска линија „Цареви Кули“ PDF Печати

Презентацијата ќе се одржи на 27.08.2014 година (среда) со почеток во 11:00 часот во малата сала на Домот на АРМ во Струмица.Физибилити студијата е подготвена од проектантски тим од Градежен Факултет при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј‘‘ во Скопје.Општина Струмица ве поканува на Промоција на Физибилити студијата за изградба на Панорамската трамвајска линија ,,Цареви Кули‘‘, како дел од Проектот ,,Грантова шема за поддршка на Југоисточен плански регион‘‘ финансиски поддржан од Програмата за регионален економски развој на ГИЗ-РЕД, а во имплементација на Центарот за развој на Југоисточен плански регион и Општина Струмица која е партнер во реализација на проектот.


 
Проектните тимови на Струмица и Кукуш интензивно го реализираат заедничкиот проект „Наследство“ PDF Печати

Инаку, најзначајните проектни активности се втора фаза на реконструкција, реставрација и конзервација на тврдината „Цареви Кули“ во Струмица, а од грчка страна, главната активност е конзервација, реставрација и реконструкција на делови од црквата „Свети Ѓорѓи“ во Кукуш. Преку овие активности проектните партнери ќе се обидат да направат една историска реконструкција на културното наследство од прекуграничниот регион под слоганот „Од Струмица до Кукуш на патот на нашите предци“.

 
Градоначалникот Заев: Со новиот лик локалитетот „Цареви кули“ поблиску до граѓаните и туристите PDF Печати

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска одржа прес конференција на локалитетот „Цареви Кули“, на која информираше за досегашните, тековните и идните активности на овој локалитет, а чија цел е максимално искористување на туристичките потенцијали на општината и нивно приближување до граѓаните и туристите.Интегрален текст од прес конференцијата на градоначалникот Зоран Заев.Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓаниЛокалитетот „Цареви Кули“, симболот на Струмица, добива нов лик.

 
«ПочетокПред123456СледноКрај»

Страница 1 од 6