Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Септември 2014

Ќе стартува зонското паркирање во Струмица

Општина Струмица ги заврши сите подготовки и од втората половина на октомври ќе стартува зонското паркирање. Директорот на Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“, Верица Узунова, денеска одржа прес конференција на која информираше за начинот на кој ќе функционира овој современ начин на паркирање, чија цел е средување на сообраќајниот хаос во централното градско подрачје и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.


             Интегрален текст од прес конференцијата

Струмица ќе се вклучи во глобалната штафетна трка за мир

Глобалната штафетна трка за мир и годинава пристигна во Македонија, а според утврдената рута, низ Струмица ќе помине в среда ( 01.10.2014 година).Учесниците на трката, во Струмица ќе влезат од кај Валандово и ќе се движат по делницата од улицата „Маршал Тито“ (клучка Куклиш), булевар „Балканска“, булевар „Маршал Тито“ и во 12 часот ќе пристигнат на плоштадот „Гоце Делчев“.

Невремето во Габрово предизвика штета од над 9 милиони денари

Невремето проследено со пороен дожд кое што на први август годинава, го зафати подрачјето на населеното место Габрово предизвика вкупна штета од 9.257.321,00 денари, утврди комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Струмица. До комисијата беа поднесени 44 барања за процена на штети за 12 куќи со дворови и придружни објекти и за процена на 148 парцели засадени со најразлични земјоделски култури.

Трката за мир ќе помине низ општина Струмица

На 01.10.2014 година (среда) во 12 часот Трката за мир ќе помине низ општина Струмица. Учесниците во трката ќе се движат по следната релација: пристап од Р1401 Струмица – Валандово делница од улицата „Маршал Тито“ (клучка Куклиш), булевар „Балканска“, булевар „Маршал Тито“ и времено стационирање на плоштадот „Гоце Делчев“ и повторно продолжување по булеварот „Ленинова“ кон А4 Струмица – Радовиш. За време на трката оваа релација ќе биде затворена за сообраќај.

Советот на општината ја одржа осумнаесеттата седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа осумнаесеттата седница на која беа усвоени повеќе предлог – одлуки, извештаи и програми. Советниците дадоа зелено светло на кварталниот извештај за извршување на буџетот на општината за вториот квартал од 2014 година и предлог – одлуката за измена на распоредот на средствата во буџетот за оваа година.

Градоначалникот Заев се вклучи во акцијата за повеќе зеленило на јавните површини

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, освен што ја поддржува, денеска и директно се вклучи во акцијата за повеќе зеленило на јавните површини. Заедно со членовите на еколошкото друштво „Планетум“, учениците од средното општинско училиште „Димитар Влахов“ и вработените во ЈПКД „Комуналец“ и одделението за заштита на животната средина при општина Струмица ја озеленуваа јавната површина пред градинката „Детска радост“. Оттаму, тој упати порака за помасовно вклучување во вакви акции и поголема заштита во средината во која живееме.

Страница 1 од 11

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544