Вести - Октомври 2014
На 19-та седница на Советот донесени повеќе одлуки и програми PDF Печати

Советот на општина Струмица денеска ја одржа деветнаесеттата седница на која членовите расправаа по 23 точки на дневниот ред, а едногласно донесоа повеќе одлуки и програми.Поголем број беа од областа на урбанизмот, а советниците посебно се задржаа на предлог – одлуката за определување локација за поставување на спомен обележје – скулптура на дрво од рециклиран железен материјал.

 
„Паркиралишта Струмица“ со продолжено работно време заради регулирање на паркирањето PDF Печати

Со цел регулирање на статусот на паркирањето на граѓаните на општина Струмица, од Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ информираат дека денеска 31.10.2014 година, службите на претпријатието ќе работат со продолжено работно време до 20:00 часот, а утре сабота 01.11.2014 година од 8:30 до 16:00 часот. Поднесувањето на документи и информации околу зонското паркирање може да се добијат во канцелариите на ЈП  „Паркиралишта Струмица“ кое што се наоѓа на булеварот „Маршал Тито“, над Комерцијална Банка.

Зонското паркирање започнува со наплата од понеделник 03.11.2014 година.

 
Стартува проектот „Општина по мерка на граѓаните“ PDF Печати

На 4 и 5 ноември 2014 (вторник и среда) во Домот на АРМ, Струмица, со почеток во 10 часот ќе се одржат јавни расправи по Нацрт-локални стратегии за соработка со граѓанските организации, млади, образование и социјална заштита во општина Струмица. Овие расправи се дел од проектот „Општина по мерка на граѓаните“, имплементиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија и општина Струмица.

Јавните расправи ќе се одржат по следниов распоред:

 
Награди за претставата „Умри машки“ на СОУ „Димитар Влахов“ PDF Печати

На меѓународниот фестивал на детски и младински претстави кој што се одржа во Јагодина, Србија, средното општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица доби две награди за претставата „Умри машки“  во изведба на Млад градски театар драмско атеље при ова училиште. Наградата за најдобра режија ја доби  Кире Ѓорѓиев, режисер на претставата  и наградата за најдобра костимографија заврши кај Олга Хаџиева, професор во СОУ „Димитар Влахов“.

 
Уште една златна плакета за Ивана Мазнејкова PDF Печати

Општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица и оваа учебна година се закити со златна плакета. Осумгодишната Ивана Мазнејкова ученичка во трето одделение,  освои прва награда и златна плакета на меѓународниот натпревар по пијано кој што се одржа во Велење, Словенија.

 
Есенско чистење во населеното место Дабиле PDF Печати

Во рамките на есенската акција за чистење на градот и населените места што ја спроведува Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ е опфатено и селото Дабиле. Таму екипи на „Комуналец“ ја косеа тревата и го собраа отпадот од  паркот и игралиштето, по што и двете локации добија нов лик. Истовремено од „Комуналец“ апелираат до граѓаните на општина Струмица да го фрлаат отпадот на места определени за тоа, со што ќе го дадат својот придонес за чиста и здрава животна средина.

 
Се одржа работилница за јазикот во говорот на советниците и општинската администрација PDF Печати

Во рамките на проектот „Ние сме идни лидери/ки и двигателки на промените во нашите заедници“, а согласно акцискиот план за октомври 2014 година, денеска, во домот на АРМ, се одржа работилница на која учествуваа претставници на администрацијата, советници и претставници на граѓанскиот сектор од општина Струмица. „Родово сензибилен јазик во говорот на советниците и општинската администрација“ беше темата на работилницата, а на која предавач беше Тања Томиќ.

 
Презентација на традиционална храна и стари предмети во училиштето во Сачево PDF Печати

Како спој на наставни, воннаставни активности и соработка со родителите, во подрачното основно училиште во селото Сачево, кое работи во состав на општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Муртино, денеска се одржа  презентација на традиционална храна и стари предмети од дедовци и прадедовци.

 
Работилница за процесот на следење и оценка на активностите во делот на интегрираното образование PDF Печати

Општина Струмица и општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица се избрани меѓу 12 пилот општини и училишта  во Република Македонија, во кои ќе се следи и оценува процесот на интегрираното образование.На работилницата која се одржа во организација на МОН и поддршка од УСАИД и ОБСЕ учествуваа претставници од училиштето и општина Струмица.

 
«ПочетокПред1234567СледноКрај»

Страница 1 од 7