Вести - Декември 2014
Новогодишно обраќање на градоначалникот Зоран Заев до граѓаните на општина Струмица PDF Печати


 
Градоначалникот Заев со новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства и децата со аутизам PDF Печати

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и годинава им подари новогодишни пакетчиња на децата од социјално загрозените семејства, потврдувајќи ја својата континуирана поддршка на децата од општина Струмица.

 
Учениците од основните училишта испратија порака за мирољубие PDF Печати

Во организација на Младинскиот совет на плоштадот „Гоце Делчев“ се одржа предновогодишна забава „Порака за мирољубие“ на која учествуваа околу 2.000 ученици од основните општински училишта.

 
Претставници од општина Струмица учествуваа на културен настан во Кукуш PDF Печати

Во рамките на спроведувањето на активностите од проектот „Наследство” финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007 – 2013, во општина Кукуш, Грција, се одржа културен настан на кој учествуваа претставници од општина Струмица, ансамблот „Тримери” и хорот на СОУ “Јане Сандански”.

 
Ристе Пандев избран за најдобар спортист во општина Струмица за 2014 година PDF Печати

Во салата на Советот на општина Струмица во домот на АРМ беа прогласени најдобрите спортисти, екипи и тренери во општина Струмица за 2014 година.За најдобар спортист беше прогласен најдобриот македонски атлетичар Ристе Пандев од атлетскиот клуб Струмица. Наградите на најдобрите им ги врачија градоначалникот Зоран Заев и претседателот на Советот на општината, Јосиф Христов.Спортот е значаен сегмент од нашето секојдневно живеење.

             

 
Донесен Буџетот на општина Струмица за 2015 година PDF Печати

Советот на општина Струмица на вчерашната 22 седница го донесе Буџетот на општината ,,тежок ‘‘ 1.081.322.000 денари, што е за 0,5% помал од оној за 2014 година. Од вкупните средства во Буџетот, 50% се сопствени изворни средства, 42% се блок дотации, 5% се средства од самофинансирачки

 
Манифестација - Спортист на годината 2014 PDF Печати

На 30.12.2014 година со почеток во 14 часот во салата на Советот (Дом на АРМ) ќе бидат прогласени најдобрите, спортисти, екипи и тренери во Општина Струмица во младинска и сениорска конкуренција.

 
Асфалтирана уште една улица во Вељуса PDF Печати

Во рамките на предвидените активности од Програмата за работа на Општина Струмица за 2014 година,  во саботата во селото Вељуса беше асфалтирана улица која се наоѓа на потегот од месноста ,,Зурапова чешма,, до куќата на Ванчо Витанов. Според информацијата од Одделението за комунални работи, станува збор за улица со површина од 540 метри квадратни која е асфалтирана со 7 сантиметри асфалт од типот BNHS – 16. Од истото одделение информираат дека во наредниот период ќе бидат асфалтирани улици и во населените места Добрејци, Дабиле, Муртино и Банско како и неколку улици во градот, кои исто така се дел од проектите на Општина Струмица од буџетската 2014 година.

 
Градоначалникот Заев на предновогодишна средба со претседателите на месните и урбаните заедници PDF Печати

Градоначалникот Зоран Заев во салата за седници на Советот на општина Струмица оствари предновогодишна средба со претседателите на месните и урбаните заедници. На  средбата се сумираше сработеното во оваа 2014 година и се одредуваа правците на работа во следната 2015 година.

 
«ПочетокПред1234567СледноКрај»

Страница 1 од 7