Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Март 2015

Вaњa Китaнoвa гo oсвoи првoтo местo на државниот натпревар вo читaње и рецитирaње нa англиски јазик

Вања Китанова ученичка во четврта година во средното општинско училиште „Јане Сандански“ го освои првото место на државниот натпревар во читање и рецитирање на англиски јазик кој што се одржа во просториите на универзитетот Американ колеџ во Скопје. Покрај Вања Китанова

Од почетокот на годината пожарникарите имале 151 интервенција

Територијалната професионална противпожарна единица минатата недела имала само четири интервенции и тоа две за гаснење на запален отпаден материјал и по една за гаснење запален оџак на индивидуална семејна куќа и црпење вода од поплавен простор.Од почетокот на годината, односно од први јануари до денес, оваа единица имала вкупно 151 интервенција.

Советот на општина Струмица ќе добие нова сала

Во просториите на домот на АРМ интензивно се работи на преадаптација и ентериерно уредување на сала на Советот на општина Струмица. Со овој зафат се опфатени 250 метри квадратни, а се реализира со грант од Фондацијата отворено општество Македонија и со средства од општинскиот буџет.Според Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица, во оваа сала, на седниците на Советот ќе можат да присуствуваат и заинтересирани граѓани.

Честитка од градоначалникот Заев до ансамблот на струмичкиот театар по повод меѓународниот ден на театарот

Почитувани членови на Струмичкиот театар,

Театарот е една од најстарите и највозвишените уметности што ги смислил креативниот човечки ум.  Денес божицата Талија има причина да биде среќна, весела и горда и заедно со сите театарџии од светот да го слави 27. Март – Меѓународниот ден на театарот. Во чест на овој ден, нека крцкаат ,,штиците што живот значат,, под нозете на актерите, нека биде на показ сценската игра пред љубителите на театарската уметност и нека се слави театарот како безвременско уметничко огледало на животот.

ООУ „Видое Подгорец“ го освои првото место на регионалниот турнир во кошарка

Општинското основно училиште „Видое Подгорец“ го освои првото место на регионалниот турнир во кошарка во машка конкуренција кој што се одржа во Свети Николе. На турнирот учествуваа победничките училишни екипи - претставници на зоните Струмица, Кочани, Куманово и Велес.

Решение за свикување дваесет и шестата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам


Страница 1 од 7

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544