Вести - Април 2015
Честитка од градоначалникот Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на трудот PDF Печати

Почитувани сограѓани, почитувани работници 

Од мое лично име и од името на вработените во општинската администрација, Ви го честитам меѓународниот Ден на трудот 1. Мај со желба за успех во работата, достоинствен третман од општеството и заедницата кон вашиот вложен труд и соодветна валоризација на истиот.Вие сте најважната и нераскинливата алка во стопанските и општествените текови во општината и државата, и како такви ја заслужувате сета почит и внимание. Бидете горди на она што го работите, но секогаш бидете истрајни во борбата за задоволување на вашите работнички права.

Честит, плодотворен и вековит нека ви биде Денот на трудот.



 
Општина Струмица со ефективни мерки за родова рамноправност PDF Печати

Како резултат на надлежностите пропишани во Законот за еднакви можности на мажите и жените кои се однесуваат на Координаторот за еднакви можности на мажите и жените, Координаторот за еднакви можности во Општина Струмица го изготви извештајот согласно се она што беше реализирано на полето на родовата еднаквост во Општина Струмица за 2014 година.

 
Успешно реализирана манифестацијата „Здрава храна за детство без мана“ во училиштето во Просениково PDF Печати

Под мотото „Здрава храна за детство без мана“, денеска, во основното општинско училиште „Герас Цунев“ од Просениково се одржа отворен ден за родители. Оваа манифестација се одржува за прв пат и според најавите ќе продолжи да се одржува и наредните години во секој последен работен ден од месец април. Во спортската сала на училиштето беа презентирани повеќе видови на подготвени јадења,

 
Хуман и соодветен третман од стручни лица за бездомните кучиња PDF Печати

Општина Струмица ја почна постапката за јавна набавка за услуги со кои ќе се решава проблемот со бездомните кучиња. Услугите опфаќаат заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња кои се затекнале во движење или собирање во глутница на јавна површина во времетраење од една година.Услугите ќе се извршуваат согласно.

 
Од понеделник почнуваат уписите на ученици во прво одделение PDF Печати

Одделението за образование при општина Струмица, согласно Законот за основно образование и Законот за просветна инспекција, ги известува родителите дека во месец мај ќе се врши упис на ученици во прво одделение за учебната 2015/2016 година,

 
Мултиетничко одбележување на неделата на пешаците од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица PDF Печати

Во рамките на кампањата за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот, учениците од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица,  реализираа заедничка мултиетничка активност по улиците на општина Струмица.

 
Се одржа завршната работилница за проектот Пречистителна станица PDF Печати

Денес во хотелот „Сириус“ се одржа завршната работилница за проект „Подготовка на студии(ФС, ЕИА, ЦБА), проектна документација и тендерска документација за инвестициски проект за собирање и третман на отпадни води во Струмица (Пречистителна станица)” со референтен број EUROPEAID /133257/D/SER/MK, проект финансиран од Европската Унија,

 
Ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „11 Септември“ PDF Печати

Поради дефект на водоводната цевка ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „11 Септември“ на потегот од улицата „Елка Јанкова“ до улицата „Ристоман Попчевски“. Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека прекинот ќе трае од 9,30 до 12,00 часот.

 
Општина Струмица најдобра по добро владеење PDF Печати

Општина Струмица е на врвот на листата по добро владеење, транспарентност и отчетност. Ова го покажало последното истражување на Центарот за истражување и креирање политики. Од десетте најдобри општини, Струмица е на прво место,

 
«ПочетокПред1234567СледноКрај»

Страница 1 од 7