Вести - Мај 2015
Општина Струмица организираше прием за гостите на „Астерфест“ PDF Печати

Денеска во салата на Советот на општина Струмица беше организиран прием за гостите на 11-то издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Меѓу нив беа и овогодинешните лауреати Боро Стјепановиќ и Киро Урдин.

 
„Комуналец“ го разубавува градот со сезонско цвеќе PDF Печати

Вработените во единицата „Зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почнаа со обновувањето на цветните површини во градот. На  одредени површини во големиот градски парк, околу палмите на булеварот „Маршал Тито“ и на булеварот „Ленинова“ засадено е ново сезонско цвеќе. Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“ во досегашното обновување засадени се шест илјади садници на тегетес и винка, а истото ќе продолжи и на останатите површини во градот.

 
Почна единаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ PDF Печати

Под мотото „Еден филм насекаде, сите на Астерфест“ синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ почна единаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Фестивалот за отворен го прогласи Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.По заслуга на Астерфест, нашиов град успеа да го добие заслуженото место на балканската, европската и светската филмска мапа, и да биде респектабилна дестинација за современите филмски автори од земјата и светот.

 
Одлука за распределба на финансиски средства од Програма G1 и V2 од Буџетот на Општина Струмица за 2015 PDF Печати

Врз основа на член 50 од „ Законот за локална самоуправа“ ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), член 39 од Статутот на општина Струмица – пречистен текст ( „Службен гласник на општина Струмица“  бр. 5/06)  и Записникот од Комисијата за спроведување на јавен повик  за проекти од областа на ЛЕР, Култура, Образование, Заштита и унапредување на животната средина, Млади и Младинските политики од Здруженија и Фондации од Општина Струмица бр. 23-72/10 од 20.04.2015 по објавен Јавен повик  бр. 23-72/1 од 01.04.2015, Градоначалникот донесе:

 
Започнува единаесеттото издание на ,,Астерфест,, PDF Печати

Вечерва во големата сала на Центарот за култура ,,Антон Панов,, свечено ќе биде отворен 11. Интернационален филмски фестивал ,,Астерфест,,  , кој  во последните пет денови од мај ќе се одржува  под мотото ,,Еден филм насекаде, сите на Астерфест,, . На свеченото отворање, ќе им бидат доделени наградите на овогодинешните лауреати Боро Стјепанвиќ и Киро Урдин, а во рамките на првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани и три ексклузивни кратки филма.

 
ООУ „Видео Подгорец“ се вклучи во програмата за инклузивно образование на ранливи групи ученици PDF Печати

Во рамките на програмата Инклузивно образование, која што се реализира со поддршка на УНИЦЕФ, во соработка со Бирото за развој на образованието и Македонскиот центар за граѓанско образование, се вклучи и општина Струмица преку општинското основно училиште „Видое Подгорец“. На обуката, која е составена од три модули за инклузивното образование, присуствуваа стручни соработници и наставници од училиштето, кои добија задача да извршат пренесување на новите знаења и искуства за инклузивното образование и реализација на оваа програма во нивната училишна средина.

 
ООУ „Маршал Тито“од Струмица го одбележа патрониот празник PDF Печати

Со музички и рецитаторски настапи на учениците, во општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица денеска беше одбележан патрониот празник. Манифестацијата беше збогатена со настап и на ученици и наставници од општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ од населеното место Дабиље, како дел од мултиетничката и интеркултурната соработка во претходниот период.

 
Почнаа јавните расправи по акциските планови за локалните стратегии на општина Струмица PDF Печати

Денеска и утре во домот на АРМ се одржуваат јавни расправи по четири Нацрт-акциски планови за локалните стратегии на општина Струмица, за развој на образованието, млади, соработка со граѓанскиот сектор и за социјална заштита. Целта на овие расправи е да се поттикне отворена дискусија и да се овозможи учество на граѓаните и сите заинтересирани страни да дадат свој придонес во процесот на креирање на акциските планови за локалните стратегии на општина Струмица.

 
Се одржа свечена академија во чест на сесловенските просветители Кирил и Методиј PDF Печати

Во чест на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ се одржа свечена академија. Беше изведена богата програма, а за животот и делата на светите браќа Кирил и Методиј зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф христов.

 
«ПочетокПред1234СледноКрај»

Страница 1 од 4