Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јуни 2015

Победа и пораз на одбојкарите на СОУ ,,Никола Карев‘‘

На светското одбојкарско првенство што се одржува во Белград (Србија), машката одбојкарска екипа на СОУ ,,Никола Карев‘‘ под менторство на наставниците Илија Јанков и Вера Божијанова Димитриевска, во првите две кола забележаа победа и пораз. Според информациите што од Белград ни ги испрати директорот на училиштето, Драган Јанков, младите одбојкари од СОУ ,,Никола Карев‘‘ извојувале победа над своите врсници од Австрија со 2:0 во сетови, а доживеале несреќен пораз од претставниците на Чешка од 1:2.

Градоначалникот Заев како голем поддржувач на спортот на турнир во мал фудбал во Муртино

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, синоќа, присуствуваше на турнирот во мал фудбал кој што се одржува во населеното место Муртино. Турнирот го организира фудбалскиот клуб „Владе“ од Банско, а под покровителство на општина Струмица.

Заврши второто пријавување за запишување во средните општинските училишта

Денеска заврши второто пријавување во јунскиот уписен рок за запишување на учениците во прва година во средните општински училишта. Во средното општинско училишта „Јане Сандански“ за гимназиско образование се пријавиле 15 ученици, а за економски техничар 2 ученика. Во СОУ „Димитар Влахов“ во сите струки и занимања се пријавиле вкупно 33 ученици, а во СОУ „Никола Карев“ во сите струки се пријавиле 60 ученици (непополнети се паралелките за рударски техничар, електромонтер и машинист).Резултатите од второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе бидат објавени утре.

Зелена граѓанска акција во Струмица со поддршка на општината

Во организација на еколошкото друштво „Планетум“, денеска се реализираше првата    од неколкуте планирани акции за озеленување и уредување на јавните површини во Струмица. Во садењето на цвеќињата под саат кулата на плоштадот „Гоце Делчев“ и спроти малиот парк учествуваа ученици од средното општинско училиште „Димитар Влахов“ и волонтери на Младинскиот совет кои делеа флаери преку кои го информираа локалното население како да ги негува јавните површини, но и каде да интервенира доколку забележи негативни појави на истите.

Ќе се поставуваат жардинерии на булеварот „Маршал Тито“

Булеварот „Маршал Тито“ ќе добие нов лик, на потегот од кружниот тек кај ЕВН до излезот од градот кон населеното место Куклиш. Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ги почна активностите за поставување на жардинерии, односно, денеска се подготвуваше теренот за поставување на рабниците.Целиот овој потег ќе добие и соодветно хортикултурно уредување.


Општина Струмица со поддршка на локалниот рурален развој преку LEADER мерката

На покана на Министерството за земјоделство и храна на Бугарија и бугарската Национална рурална мрежа, а во организација на Мрежата за рурален развој на Република Македонија, делегација од општина Струмица присуствуваше и активно учествуваше во работата на Меѓународната конференција за LEADER и CLLD (Рурален развој воден од заедницата), која се одржа во Пловдив, Република Бугарија.

Страница 1 од 9

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544