Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јули 2015

Извршено миење на булеварот ,,Маршал Тито,,

Рано утрово, во периодот од 04.00 до 06.00 часот, ЈПКД ,,Комуналец,, во соработка со Територијалната противпожарна  единица од Струмица, изврши миење и дезинфекција на булеварот ,,Маршал Тито,, на потегот од раскрсницата кај ТЦ ,,Глобал,, до кружниот тек кај Поштата.  За утре наутро во истиот временски период е закажано миење и на булеварот ,,Ленинова,, , на потегот од хотелот ,,Централ,, до раскрсницата со улицата ,,24. Октомври,, . Според најавата од директорот на  ,,Комуналец,,  Зоран Горгиев, за следните петок и сабота  планирано е миење на уште два булевара во градот.

Прскањето против комарци успешно реализирано

Од вчера, доцна во ноќта (23.00 часот) до денес рано наутро (04.30 часот) во Струмица успешно беше извршено предвиденото теристичко (од земја) аеросолно прскање против комарци. Третирањето е реализирано на целата површината на Струмица во однапред предвидените граници, при  што беа опфатени сите улици во градот. Оваа реализирана активност е дел од програмата за работа на Општина Струмица за тековната 2015 година.

Ќе се врши миење на булеварите ,,Маршал Тито,, и ,,Ленинова,,

На 31. јули (петок) во периодот од 04.00 до 06.00 часот наутро,  ќе се изврши детално миење на двете страни од булеварот ,,Маршал Тито,, ,на потегот од семафорите кај ,,Глобал,, до кружниот тек кај поштата.Иста таква активност ќе биде спроведена и на 1. август (сабота) од 04.00 до 06.00 наутро и на булеварот ,,Ленинова,, , на потегот од хотелот ,,Централ,, до раскрсницата со улицата ,,24. Октомври,, (во близина на ,,Комуналец,,).ЈПКД ,,Комуналец,, ги замолува граѓаните кои живеат на овие два булевара, како и останатите граѓани, навреме да ги препаркираат своите автомобили од споменатите сообраќајници, за успешно да бидат спроведени планираните активности.

Поставени нови заштитни капаци на канделабрите во градскиот парк

Вандалското кршење на канделабрите  не е единствената загрижувачка појава во големиот градски парк во Струмица. Често пати мета на несовесни граѓани се и заштитните капаци на канделабрите, кои намерно се отстрануваат за да бидат исклучени автоматските осигурувачи, со што се предизвикува прекин во осветлувањето.

Ученици од Струмица и Муртино, дел од интеркултурна комуникација и соработка

Со нови знаења и искуства, деновиве од Троген – Швајцарија се вратија учениците и наставниците од Општинските основни училишта ,,Маршал Тито,, од Струмица и ,,Маршал Тито,, од Муртино, кои претстојуваа во Детското село ,,Песталоци,, , во рамките на проектот ,,Јакнење на мултиетничката соработка во општините,, .

Подготовки во СОУ ,,Никола Карев,, за новата учебна година

Покрај активностите поврзани со уписите на ученици, во Средното општинско училиште ,,Никола Карев,, во полн ек се неопходните подготовки за подобрување на условите за настава за  новата учебна 2015 / 16 година. Според зборовите на директорот на училиштето Драган Јанков, веќе е завршено обелувањето на ѕидни површини од вкупно 5000 метри квадратни. За таа намена, од сопствени средства се потрошени 208.942 денари.

Страница 1 од 10

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544