Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Август 2015

Првиот училишен час за првачињата ќе започне утре во девет часот

Одделението за образование при општина Струмица ги известува родителите чии деца се запишани во прво одделение дека првиот училишен час ќе  почне утре (01.09.2015г.) со почеток во 9 часот во сите општински основни училишта.Исто така, од одделението ги покануваат учениците и родителите  да присуствуваат на свечената програма која со почеток во 10 часот ќе се одржи пред Домот на АРМ.

Се одржа презентација за заштита на птиците грабливки со поддршка од општина Струмица

Вчера попладне на плоштадот „Гоце Делчев“ се одржа презентација за заштита на птиците грабливки во организација на здружението „Балд Еагле – Халиаеетус Леуцоцепхалус“. Оваа презентација е една од проектните активности на здружението   финансиски поддржана од општина Струмица преку Програмата G1 за поддршка на локалниот економски развој.

„Комуналец“ гради еко остров на спојот на улицата „Моша Пијаде“ со „11 Октомври“

Согласно програмата за зголемување на јавната чистота во градот, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ гради еко остров кај детското игралиште на спојот на улицата „Моша Пијаде“ со „11 Октомври“. Бетонскиот фундамент е веќе поставен и се градат ѕидовите, а ќе има и покрив.


Градоначалникот Заев присуствуваше на одбележувањето на`"Успение на Пресвета Богородица"

По повод денешниот христијански празник ,,Успение на Пресвета Богородица,, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев денес го посети истоимениот црковен храм во изградба, во кој се одржа пригодна црковна свеченост во чест на празникот.

Градоначалникот Заев:Струмица е единствена општина во Република Македонија со нула обврски за кредити

Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2015 година има реализација од 42 проценти. Кварталниот извештај беше усвоен на денешната 30-та седница на Советот на општина Струмица. Овој процент на реализација беше поздравен од советниците на СДСМ, но и од координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Пакетов.Градоначалникот Зоран Заев покрај задоволството од реализацијата на буџетот, со советниците го сподели и задоволството од плаќањето на последната рата од обврските по МЕАП програмата, со што Струмица е единствената општина во Република Македонија со нула обврски за кредити.

Основното училиште „Видое Подгорец“ е подготвено за новата учебна година

Како и во минатите години, така и оваа за време на летниот распуст реализирани се повеќе зафати во општинското основно училиште „Видое Подгорец“ во Струмица. Според Леонид Танчев директор на училиштето, заменети се плафоните во тоалетите, извршено е бојадисување на училиштето и спортската сала и комплетна дезинфекција. Исто така, во завршна фаза е хортикултурното уредување во училишниот двор, а според планот ќе се изврши вградување на грејни тела за затоплување на спортската сала.Сите овие зафати овозможуваат подобрување на условите за изведување на воспитно – образовниот процес и за учениците и за вработените во училиштето.

Страница 1 од 12

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544