Вести - Септември 2015
Градоначалникот Заев и општина Струмица се генерален покровител на меѓународното рели со теренски возила и автомобили PDF Печати

Струмица ќе биде домаќин на 36-то меѓународно рели и рели крос со теренски возила и автомобили, кое што ќе се одржи на 03.10.2015 (сабота) со почеток во 13 часот. На денешната прес конференција која што се одржа во хотелот „Тивериопол“, претседателот на организациониот одбор Димитрије Пеливанов и советникот за спорт во општина Струмица, Ристо Секулов, информираа дека се е подготвено за старт на релито кое што ќе се одржи на патеката во реката Тркања на влезот во Струмица од кај Валандово.

 
„Паркиралишта Струмица“ почна со обележување на хоризонталната сигнализација во градот PDF Печати

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, доцна синоќа започна со обележувањето на хоризонталата сигнализација во градот. Обележувањето го врши за прв пат, откако оваа надлежност му беше доделена со одлука донесена од Советот на општина Струмица. Од „Паркиралишта Струмица“ информираа дека првиот ден поминал во согласност со предвидените проекции, а бележењето ќе се врши секоја вечер доколку тоа го дозволуваат временските услови.

 
Се поставува втор слој асфалт на улицата „Братство Единство“ PDF Печати

По сите завршени подготвителни работи, денеска, почна поставувањето на втор слој асфалт на улицата „Братство Единство“ во Струмица. Со асфалт АБ 11 ќе бидат покриени вкупно 2.957 метри квадратни. На оваа улица заврши и изградбата на новиот тротоар од левата страна кон транзитниот пат,


 
„ПОРАКА“ ја оддржа втората работилница „Заедно креираме“ со поддршка на општина Струмица PDF Печати

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица ја одржа втората работилница „Заедно креираме!“ во рамките на проектот „Заедно да ја пренесеме пораката на лицата со интелектуална попреченост“ која ја спроведува со републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од


 
Основното училиште од Дабиле донираше помош во Црвениот крст PDF Печати

Во основното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ од селото Дабиле, покрај образовно – воспитниот процес големо внимание се посветува и на хуманитарните акции. Според директорот Зоран Христовски, секоја година во училиштето се спроведува хуманитарна акција за собирање на облека и предмети во која учествуваат вработените и учениците и ги донираат на оние на кои им се најпотребни. Оваа година собраната помош беше донирана во општинската организација на Црвениот крст во Струмица.

 
Ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „11 Октомври“ PDF Печати

Поради дефект на водоводна цевка од 9,30 до 13 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „11 Октомври“ и тоа на потегот од улицата „Моша Пијаде“ до улицата „Сава Ковачевиќ“. Екипи на Јавното претпријатие за комунални ејности „Комуналец“ работат на отстранување на дефектот.

 
Показен час од физичко и здравствено воспитување во СОУ „Никола Карев“ за децата од градинката PDF Печати

Во спортската сала на средното општинско училиште „Никола Карев“ денеска се одржа показен час од физичко и здравствено воспитување за децата од градинката „Детска радост“. Дечињата со големо задоволство учествуваа во сите спортски активности организирани од наставниците и уживаа во користењето на спортските реквизити во салата. Според директорот на училиштето Драган Јанков, со овој час практично и започна соработката со сите воспитно - образовни институции од општината и пошироко.

 
Се уредува дворот во општинското средно училиште „Никола Карев“ PDF Печати

Во општинското средно училиште „Никола Карев“ почна уредувањето на дворот. Денеска се сечеа дрвјата пред училишната зграда кои предизвикуваа проблеми во зимскиот период, а освен тоа ќе се извршат и други активности кои ќе ја разубават оваа површина. Освен во дворот пред училишната зграда планирано е и комплетно уредување на дворната површина позади зградата.Средното општинско училиште „Никола Карев“ во континуитет работи на подобрување на условите во и околу училишната зграда, а со цел да го направи попријатен престојот за учениците и вработените.

 
Општина Струмица се вклучи во одбележувањето на Денот на Локалната акциона група „Беласица Огражден“ PDF Печати

Денеска во Мокрино се одржа културно традиционален настан Ден на ЛАГ-от „Беласица Огражден“. Ова е еден од приоритетните проекти кои ќе се реализираат во рамките на Локалната акциона група и заедничка соработка помеѓу општините од струмичкиот микро регион Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

 
«ПочетокПред123456789СледноКрај»

Страница 1 од 9