Вести - Октомври 2015
Струмица стана член на меѓународната Асоцијација на градовите – носители на порака на мирот PDF Печати

Од денеска општина Струмица е член на меѓународната Асоцијација на градовите – носители на порака на мирот. Повелбата за полноправно членство му беше врачена на претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов на собранието кое што се одржува во Куманово, а на кое учествуваат претставници од повеќе светски градови. Во Асоцијацијата членуваат градови кои биле препознати по својот придонес за зачувување на мирот, соживотот, почитување на човековите права, слободата и демократијата. Пред потпишувањето на Повелбата, присутните на Собранието ја запознаа општина Струмица преку видео презентацијата која што ја подготви тим од Секторот за локален економски развој.

 
Струмица го доби првото „Италијанско ќоше“ го отворија амбасадорот Белели и градоначалникот Заев PDF Печати

Од синоќа во просториите на домот на АРМ, Струмица го има првото „Италијанско ќоше“ во Република Македонија. Во рамките на одбележувањето на „Неделата на италијанскиот јазик“, ова културно – забавно катче го отворија амбасадорот на Република Италија во Македонија, Ернесто Масимино Белели и градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Тие потпишаа и Меморандум за соработка за реализација на овој проект, а со цел продлабочување на соработката на полето на културата, туризмот и економијата помеѓу амбасадата на Италија и општина Струмица.

 
Заврши дератизацијата против глодачи PDF Печати

Општина Струмица ја заврши дератизацијата против глодачи. Со оваа постапка беа опфатени сите шахти на канализационата мрежа, а ја спроведе фирмата „Лиса Ком МС“ од Кавадарци која беше избрана за најповолен понудувач на распишаниот јавен повик за дезинсекција и дератизација на територијата на општина Струмица.

 
Продолжува реализацијата на програмата за инклузивно образование на ранливи групи ученици во ООУ „Видое Подгорец“ PDF Печати

Под мотото „Работење заедно за создавање инклузивни училишта“, а во рамките на програмата Инклузивно образование, во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица се реализираше дисеминација (ширење на знаењата)  на модулот 2.Дисеминацијата ја спроведоа стручните соработници и наставници од училиштето, кои претходно ја следеа обуката во која беа опфатени повеќе области и активности, како што се, комуникација за градење врски, разбирање на ограничувањата на учеството, градење тимови и коалиции за инклузија.

 
Запoчнаа Отворените забавни фудбалски школи во Струмица PDF Печати

Денеска по 16-ти пат започнаа Отворените забавни фудбалски школи во кои учествуваат над 200 деца од основните училишта „Сандо Масев“, „Видое Подгорец“, „Маршал Тито“ и „Никола Вапцаров“ од Струмица. Целта е децата да се дружат меѓусебе играјќи разни игри поврзани со фудбалот, без разлика на полот, возраста и фудбалското знаење. Овие школи девет години по ред се финансирани од буџетот на општина Струмица, а за отворени, денеска, ги прогласи претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

 
Се асфалтираат ударните дупки во Добрејци PDF Печати

Општина Струмица продолжува со реализацијата на програмата за улици и патишта за 2015 година. Денеска се санираа дупките на улиците во населеното место Добрејци, а согласно програмата, санирањето ќе продолжи и во наредниот период.


 
Ученици од СОУ „Никола Карев“ ќе учествуваат на натпревар по дизајн во Бугарија PDF Печати

На покана на факултетот за уметност и дизајн „Неофит Рилски“ од Благоевград, Република Бугарија, денеска, ученици од средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица ќе учествуваат на традиционалниот национален натпревар по дизајн на дипломци и постдипломци од цела Република Бугарија. На натпреварот ќе учествуваат четири ученици со девет модели, а моделите ќе бидат презентирани од осум ученици од училиштето. Учениците ги придружуваат наставниците Македонка Јанкулова и Зоран Петков. Учеството на овој голем натпревар е можност за презентирање на стекнатото знаење и за размена на искуства.


 
Граѓанскиот форум – практична настава за учениците од СОУ „Никола Карев“ PDF Печати

На првата сесија од граѓанскиот форум која што се одржа синоќа во големата сала на домот на АРМ присуствуваа и ученици од три класа од средното општинско училиште „Никола Карев“. Сесијата за нив, како идни граѓани кои што ќе имаат право да донесуваат одлуки,

 
Граѓаните ги предложија приоритетните проекти на првата сесија од граѓанскиот форум PDF Печати

Во организација на Центарот на заедницата, а во соработка со општина Струмица, синоќа во големата сала на домот на АРМ се одржа првата сесија на граѓанскиот форум. Големиот одзив на граѓаните ја потврди нивната доверба во повеќегодишната практика на Општината за партиципативно учество на граѓаните во креирањето на локалните политики.

 
«ПочетокПред12345678СледноКрај»

Страница 1 од 8