Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Декември 2015

Новогодишно обраќање на градоначалникот Зоран Заев до граѓаните на општина Струмица

Почитувани сограѓани

 Во моментите кога ги одбројуваме последните часови од годината со која наскоро ќе се збогуваме, мора да знаеме дека секој крај  е само најава за нов почеток, а секој  нов почеток е нова животна шанса, нов предизвик, нова можност  која треба да се  искористи.

Во бројчаникот на нашите животи додаваме уште една бројка плус, свесни дека она што поминува никогаш повеќе нема да се врати. Репризите се возможни само на телевизија, а во нашиот животен серијал ние сме дел од нови и нови епизоди.  Какви ќе бидат  тие, зависи од нас и од нашата умешност да ги совладуваме бариерите на времето во кое  живееме. Мора да знаеме дека животот е краток и не смееме да го потрошиме бадијала, ниту пак треба да дозволиме некој друг да го троши во наше име. Животот е само наш и само еден.  Но, во исто време, имаме нешто што е заедничко.  Заедничка ни е општината  во која живееме, заедничка ни е Струмица, заедничка ни е Република Македонија.  А тоа што е заедничко, треба заеднички и да го чуваме, негуваме и надградуваме, за утре-задутре да им го оставиме во наследство на нашите поколенија.

Градоначалникот Заев им подари новогодишни пакетчиња на децата од социјално загрозени семејства

Традиционално и оваа како и минатите години, градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица им подарија новогодишни пакетчиња на децата од социјално загрозените семејства. Новогодишното дружење се одржа во домот на АРМ, каде што дечињата во присуство на нивните родители се радуваа и фотографираа со Градоначалникот и Дедо Мраз. Градоначалникот Зaев им посака многу здравје, среќа и успех во Новата 2016 година.


Полесен пристап до информации за дијабетичарите од Струмица – проект поддржан од општина Струмица

Здружението Сино Срце ДМ од Струмица ја пушти во употреба својата веб страница која има за цел да овозможи полесен пристап до информации за лицата со дијабетес мелитус како и нивните згрижувачи, која преставува активност од проектот на здружението кој финансиски е поддржан од општина Струмица преку V2 Програмата за социјална заштита за 2015 година.„Во изминатиот период се работеше на идејата како да се креира полесен пристап до информации за Дијабетесот, успешни стории за лица со дијабетес, начини на исхрана и здрав живот и најважното за лицата со дијабетес, контролата на гликемиите.

Здружението за заштита на птиците грабливки го завршува проектот поддржан од општина Струмица

Здружението за заштита на птиците грабливки и природни реткости „Балд Еагле – Халиаеетус Леуцоцепхалус“ од Струмица ја реализира последната проектна активност за 2015 година финансиски поддржана од општина Струмица преку Програмата G1 за поддршка на локалниот економски развој.-Во рамките на оваа проектна активност вршевме едукација на децата во основните училишта за заштитата на птиците грабливки со цел спречување на предрасудите уште од мали нозе. Децата имаа можност да видат сокол во живо. За овој добиен грант изразуваме благодарност до општина Струмица, одделението за локален економски развој и градоначалникот Зоран Заев, рече Доне Тодоров претседател на Собранието на здружението „Балд Еагле – Халиаеетус Леуцоцепхалус“.


Здружението „НОВУС“ одржа завршна конференција за проектот поддржан од општина Струмица

Здружението „НОВУС“ организираше завршна конференција на која се даде отчет пред јавноста за сработеното во рамките на проектот „Запознај ја европската унија – делувај европски“, а воедно се презентираа и наодите од истражувањето. Проектот е поддржан и финансиран од општина Струмица и имаше за цел да го подигне нивото на информираност на граѓаните, со посебен акцент на младата популација, за вредностите и политиките на Европската унија.Во рамките на целиот проектен циклус ние организиравме работилница за запознавање со Европската унија и институциите на ЕУ, работилница за запознавање со Еразмус+ програмата и јавна дебата на тема „ЕУ е дел од решението, но и од проблемот во Македонија“.

На 34-та седница на Советот беа усвоени повеќе програми, одлуки и решенија во интерес на граѓаните

Советот на општина Струмица ја одржа 34-та и последна седница во оваа 2015 година. Покрај усвојувањето на буџетот за 2016 година, советниците ги усвоија и предлог програмите за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струмица за 2016 година, за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици, за одржување на јавното осветлување, за изработка на урбанистички планови, за одржување на јавната чистота во 2016 година, за одржување на јавно зеленило, за активностите на општина Струмица од областа на културата, спорт и млади, за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот, за областа на социјалната и детската заштита, за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности, за работа со облиците на месна самоуправа, за активностите на општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи и предлог-програмата на општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2016 година.

Страница 1 од 12

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544