Вести - Февруари 2016
Две успешно спроведени акции на ЈПКД „Комуналец“ PDF Печати


Вчера, дежурни екипи од Работната единица „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“, ја спроведоа најавената акција за собирање отпад од гранки и треви на територијата на градот. Според изјавата на раководителот на оваа работна единица – Бранко Ѓоргиев, акцијата била успешно спроведена, при што се подигнати 52 метри кубни отпад од 94 локации, а по 72 пријави од граѓани.

 
Одржан инфо ден за финансиска поддршка на НВО секторот во општина Струмица PDF Печати

 Денес во Домот на АРМ, Општина Струмица преку Одделението за локален економски развој, а со поддршка на Центарот на заедницата, го реализираше најавениот инфо ден за доделување финансиска поддршка за програми и проекти на здруженија и фондации, предвидена во Програмата и Буџетот за 2016 година.

 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ТРЕНЕРИ PDF Печати


ЈАВЕН ПОВИК

за дотација за тренери во спортските клубови

Со овој Јавен Повик за предвидува финансиска поддршка за 10 (десет) тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Струмица. Финансиската поддршка трае до крајот на тековната 2016-та година, односно 10 месеци.

 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПОРТ PDF Печати

ЈАВЕН ПОВИК

До спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица. Јавниот повик е во рамките на програмата за спорт (L0) за респределба на средства од Буџетот на Општина Струмица за 2016 година.

 
Oдбојкарките од ООУ „Видое Подгорец“ обезбедија пласман за државното првенство PDF Печати

Женската одбојкарска екипа на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ го освои првото место на регионалниот турнир во одбојка кој што се одржа во Штип. 

 
Општина Струмица во проект за зајакнување на мирот и безбедноста PDF Печати

Македонско женско лоби подржано од Амбасадата на Обединетото Кралство во Македонија спроведува проект „Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба” во кој учествува и општина Струмица.

 
Во понеделник ќе се одржи инфо ден за доделување финансиска поддршка на НВО секторот во општина Струмица PDF Печати

Општина Струмица ја започнува процедурата за распределба на финансиски средства по проекти и програми на здруженија на граѓани и фондации на територијата на општина Струмица за 2016 година. 

 
„Комуналец“ ги раззеленува јавните површини во градот PDF Печати

Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во континуитет ја потврдуваат својата грижа за јавните површини во градот. Деновиве, нов лик доби улицата „Браќа Миладинови“ кај пазарот „Чешел“, односно, делот пред градинката кој многу често беше узурпиран од уличните продавачи.

 
Се одржа обука за дефектолози и логопеди со финансиска поддршка на општина Струмица PDF Печати

 Во рамките на својата научно-стручна агенда и принципите за што поголема професионализација и стручност на дефектолозите и логопедите, како и стручните служби во инклузивната образовна средина, Сојузот на дефектолози на Република Македонија, повторно во Струмица - најинклузивната и најсензитивната општина во државата организираше бука на тема: „Пристапи и поддршка на децата со тешкотии во учењето предизвикани од дислексија, дисграфија и дискалкулија“. 

 
«ПочетокПред12345СледноКрај»

Страница 1 од 5