Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Март 2016

Во завршна фаза е хортикултурното уредување на булеварот „Маршал Тито“

Булеварот „Маршал Тито“ на потегот од кружниот тек кај ЕВН до излезот на градот кон населеното место Куклиш доби нов лик. По реконструкцијата на средната лента и поставувањето на жардинериите, деновиве, во завршна фаза е хортикултурното уредување. Овој зафат го реализираа општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.

Архивата во Секторот за урбанизам и комунални работи денеска ќе работи до 24 часот

Како Општина која секогаш е во служба на своите граѓани, општина Струмица ги известува сите физички и правни лица дека денеска (31.03.2016г.) Архивата во Секторот за урбанизам и комунални работи на Општината ќе работи до 24 часот.
Работното време се продолжува за да им се излезе во пресрет на сите граѓани и правни лица кои планираат да го искористат последниот ден за поднесување барања за легализација на бесправно изградените објекти.
Физичките и правни лица кои што веќе имаат поднесено барање за легализација геодетските елаборати треба да се достават до 31 декември 2016 година.

Општина Струмица го уредува просторот кај Габровските водопади

Општина Струмица почна со реализација на проектот за уредување на туристичкиот локалитет Габровски водопади. Уредувањето чини околу два милиони денари, а целта е да се зголеми посетеноста на домашните и странските туристи и да се подобрат условите за развој на селскиот туризам.


Преку изложба на фотографии презентиран дел од културното наследство на Чешка во Струмица

„Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“ ова е насловот на изложбата на фотографии која што синоќа беше отворена во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Изложбата ја отвори амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија Мирослав Рамеш, а присуствуваа претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, негови членови и граѓани почитувачи на културното наследство.


Се уредува паркот во населеното место Костурино

Општина Струмица продолжува со уредувањето на парковите во населените места. По уредувањето на парковите површини во Свидовица и Просениково, започна уредувањето на паркот во населеното место Костурино. И овој парк ќе добие нова тревна површина, хортикултурно уредување, клупи, канделабри и канти за отпадоци. Уредувањето на паркот во Костурино е во рамките на проектот за уредување на парковите во пет населени места, а кој чини над три милиони денари обезбедени од буџетот на општина Струмица. По Костурино ќе се уредуваат парковите во Куклиш и Муртино. Проектот значи уште една потврда дека градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, продолжуваат со напорите за подобрување на животот на граѓаните во населените места и на целата територија на Општината.

Димитар Бајрактаров од СОУ „Јане Сандански“ го освои првото место на државниот натпревар по програмирање

Со освоени 414 поени ученикот Димитар Бајрактаров од средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица го освои првото место на државниот натпревар по програмирање од областа на информатиката. На натпреварот кој што викендот се одржа на ФИНКИ во Скопје учествуваа 110 ученици од целата држава. Со освојувањето на првата награда Бајрактаров ќе учествува на олимпијадата која што ќе се одржи за две недели.

Страница 1 од 8

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544