Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Април 2016

Честитка од градоначалникот Зоран Заев по повод празникот Велигден

Почитувани сограѓани, верни на Христа Во миговите на искушенија, предизвици, премрежја и заедничко доживување на  нашата „општествена Голгота“, време е да им се поклониме на нашите традиционални духовни вредности, кои се  највредното наследство добиено од нашите предци. Време е да ги разбудиме верата, надежта и љубовта и да ги отвориме  портите на нашите срца и души за богољубие и човекољубие. 

„Струмица гас“ ја прошири гасоводната мрежа за нови 500 метри

Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица гас“ во континуитет ја проширува гасоводната мрежа. Според директорот на претпријатието, Зоран Китанов, изградени се нови 500 метри и проширувањето на гасоводната мрежа се врши според планираната динамика за оваа година.

Почнаа активностите за создавање „Општина по мерка на детето“

Општина Струмица и Фондацијата Отворено општество – Македонија, во соработка со Центарот за човекови права и разрешување на конфликти, а во рамките на Концептот „Општина по мерка на граѓаните“, на денешната средба го потврдија почетокот на соработката за започнување на активности за создавање „Општина по мерка на детето“.

Во СОУ „Никола Карев“ се одбележа Денот на училиштето

Учениците и вработените во средното општинско училиште „Никола Карев“ денеска го одбележаа Денот на училиштето. Одбележувањето почна со свечена академија која што синоќа се одржа во домот на АРМ на која што беше изведен рецитал за животот и делото на патронот, настапија хорот и играорната група, а премиерно беше изведена драмската претстава

Од мај ќе почнат уписите во прво одделение во основните општински училишта

Одделението за образование при општина Струмица, согласно Законот за основно образование и Законот за просветна инспекција, ги известува  родителите дека во месец мај ќе се врши упис на ученици во прво одделение за учебната 2016/17 година, во сите општински основни училишта. 

Струмичките пожарникари даруваа крв

По повод велигденските и првомајските празници, денеска, Територијалната професионална противпожарна единица спроведе крводарителска акција во службата за трансфузиона медицина во Струмица. Пожарникарите докажаа дека освен во пожар и други елементарни непогоди и несреќи, можат да спасуваат човечки животи и со дарување на сопствената крв.

Страница 1 од 7

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544