Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Мај 2016

Реакција на Општина Струмица на прес конференцијата на пратеникот Васил Пишев

Стана повеќе од јасно дека Васил Пишев не го познава Законот за јавни набавки и фактичката состојба со чесното работење на Зоран Заев, па е приморан, одработувајќи за својата партија ВМРО - ДПМНЕ, секојдневно да ја лаже македонската јавност. Само како илустрација за лагите на Пишев нека послужат неговите обвинувања дека за релацијата Радовиш - Калуѓерица - Струмица, општината плаќала 230,оо денари по ученик.Документите кои се во прилог, велат дека единечната цена во двата правци изнесува 71,оо денар до Радовиш и 57,оо денари до Калуѓерица. Која е математиката на Пишев, само тој си знае.Колку Пишев да не ја познава оваа проблематика, недозволиво е еден пратеник во највисокиот законодавен дом во државата да се служи со невистини.

 За јавно изнесени лаги Пишев мора да одговара пред надлежните институции.

Доделени наградите на „АСТЕРФЕСТ“

Синоќа на големата сцена на НУЦК „Антон Панов“ беа обелоденети имињата на наградените филмови и автори на 12. Интернационален филмски фестивал „Астерфест“.Наградата „Златна потковица“ ја освои филмот „Соседот од горниот кат“ на Поја Бадкобех (Иран), „Сребрена потковица“ доби филмот „Осветлена темнина“ на Арсим Фазлија (Македонија), филмот „Пелтек“ на Бенџамин Клири (Ирска) беше награден со „Бронзена потковица“.

ИЗВРШЕН ПРИЕМ ЗА ФИЛМСКИТЕ ГОСТИ НА „АСТЕРФЕСТ“

Денес во салата за седници на Советот на општина Струмица, во домот на АРМ, беше одржан прием за филмските гости на „Астерфест“, на кој свое поздравно обраќање имаше претседателот на Советот – Јосиф Христов. Поздравувајќи ги присутните, првиот струмички советник ја истакна богатата културна понуда на Струмица во која централно место имаат традиционалните меѓународни културни манифестации, меѓу кои е и „Астерфест“.

Градоначалникот Заев го отвори 12-то издание на „Астерфест“

Под мотото „Мали приказни - голем ум“, синоќа,  во центарот за култура „Антон Панов“ почна дванаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој рече дека, продукциската филмска разноликост по форма и жанровска содржина, го прави овој фестивал респектабилна филмска манифестација, не само во Македонија, туку и во регионот, па дури и пошироко во Европа.

Советот го усвои извештајот за извршување на буџетот за првиот квартал од 2016 година

На денешната 40 – седница на Советот на општина Струмица беше усвоен извештајот за извршување на буџетот на Општината за првиот квартал од 2016 година. Задоволство од 18 процентната реализација, а потенцирајќи дека во тој период поради распишување на избори имаше одложување на планирани активности, изрази и градоначалникот Зоран Заев кој рече дека до крајот на годината очекува реализацијата да се одвива според планираната динамика.

Од вечерва Струмица е во знакот на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

Вечерва во 19 часот во центарот за култура „Антон Панов“ свечено ќе биде отворено дванаесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. На фестивалот кој годинава се одржува под мотото „Мали приказни – голем ум“ и ќе трае до 31 мај ќе бидат прикажани 21 кратки играни, документарни и анимирани филмови во главната компетиција, 12 во ревијалната програма, како и 4 долгометражни филмови.

Страница 1 од 7

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544