Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јуни 2016

Ограничени законските надлежности на општинската комунална инспекција во поглед на недоследностите во одгледувањето на домашни животни

По бројните реакции на социјалните мрежи и електронските медиуми кои се однесуваат на изолирани случаи на појава на домашни животни кои слободно се движат во урбаното градско јадро, Општина Струмица согласно своите заложби за транспарентно работење, има обврска да даде објаснување за таквата појава и за надлежностите што ги има комуналната инспекција.Според важечката законска регулатива и Одлуката за комунален ред, одгледувањето на домашни животни во градежниот опфат на градот Струмица е забрането, а во населените места тоа е дозволено на начин кој е пропишан со посебни законски прописи.

Одржана 41. Седница на Советот на општина Струмица

Само триесеттина минути траеше денешната 41. Седница на Советот на општина Струмица на која советниците одлучуваа по тринаесет точки од дневниот ред.Речиси без дискусии, предлог-одлуката за резервирање средства за експропријација во буџетот за 2016 година, предлог-одлуката за донесување Детален урбанистички план за дел од Блок 3-А, предлог-програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови, извештајот за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ за првиот квартал од 2016 година и сите други предлог-одлуки од областа на урбанизмот, добија зелено светло од страна на советниците.

Гасоводната мрежа во Струмица достигна должина од 25 километри

Вчера заврши испитувањето на новоизградената делница од гасоводната мрежа, во должина од 820 метри која ја опфаќа улицата Иљо Шопов и дел од улиците Коста Бозов и Јанко Цветинов.Според зборовите на директорот на „Струмица-гас“ ,Зоран Китанов, испитувањето било направено согласно европските регулативи, од страна на Центарот за истражување, развој и континуирано образование (ЦИРКО) при Машинскиот факултет од Скопје, заедно со претставници на Државниот инспекторат.

Утре, нова седница на Советот на општина Струмица

Тринаесет точки од предложениот дневен ред ќе бидат предмет на дискусија и одлучување на 41. седница на Советот на општина Струмица која е закажана за утре. Советниците ќе расправаат за Предлог-одлуката за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2016 година, за Предлог-одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел од блок 3-А (КП бр. 6524,6525,6526 и 6527), за планскиот период од 2014 до 2019 година, за Предлог Програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2016 година, како и за извештајот за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ за првиот квартал од 2016 година. Останатите осум точки од дневниот ред се однесуваат на потребите за донесување урбанистичко-планска документација.

Известување

Не е прв пат Општина Струмица да биде под инспекциски надзор од разни државни инспекциски служби. Тоа е дел од секојдневието во општина Струмица, па така е и овој пат. За потребите на денешната финансиска инспекција, од страна на општината и нејзините служби, обезбедени и предочени на увид се сите неопходни документи. Сите досегашни инспекциски контроли  во Општина Струмица во изминатите години го покажаа законското работење на општината и градоначалникот, со што беше потврден епитетот на најтранспарентна општина во Република Македонија.

„Струмица – Гас“ дел од Европската енергетска заедница

Од 22. до 25. јуни во главниот град на Чешка, во седиштето на RWE, се одржа редовната годишна Конференција на Европската енергетска заедница, на која учество зеде и директорот на „Струмица – Гас“, Зоран Китанов. Според зборовите на Китанов, на оваа конференција за прв пат, покрај Украина, учествувала и Македонија, претставувана од „Струмица – Гас“.

Страница 1 од 8

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544